БИХ: Погребани 19 жртви од поплавите и свлечиштата во Јабланица


 Во Јабланица денеска се одржа колективен погреб на 19 жртви од овој мал град во северна Херцеговина, кој најмногу настрада во поплавите и свлечиштата, а молитвата ја предводеше поглаварот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, реисот Хусеин Кавазовиќ. Најголем број луѓе загинаа во селото Доња Јабланица кога врз него падна огромно количество камења од […]

Шпанската полиција заплени 13 тони хемикалии наменети за Русија


 Шпанската полиција заплени 13 тони забранети хемикалии, меѓу кои и можен материјал за производство на хемиско оружје. Хемикалиите биле наменети за Русија и покрај санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Приведени се и четири членови на криминален синџир, кој илегално ја снабдувал Русија со хемиски производи преку лажна компанија управувана од „граѓани со […]

Четири општини најавија поддршка од сите аспекти за Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност


Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ денеска во Тетово одржаа нова средба со професори од Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност со цел, како што велат, да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир. По средбата, од Коалицијата „Вреди“ […]

(Фоторепортажа) Едната цевка од топловодот под мостот „Беласица“ речиси готова


Денеска почна грејната сезона за корисниците на централното парно во Скопје, а веќе две недели се работи на поставување на топловодот под мостот „Беласица“, кој изгоре пред година и половина. АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина го почнаа монтирањето на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“ на 30 септември годинава. Поставувањето на топловодот […]

Распродадена „Кармина Бурана“ од Карл Орф за отварање на новата сезона на НОБ


Со изведба на моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф утревечер Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона. Билетите се веќе распродадени. На прес-конференцијата по повод отворањето на новата сезона за богатата програма што ќе следува на репертоарот на Операта и Балетот зборуваа Оливер Арсовски, в.д. директор на […]

Албанските преговори „натоварени“ со грчки услови


Пред втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија во вторник во Луксембург, од официјална Атина порачаа дека будно ќе го следат исполнувањето на критериумите од страна на Тирана и дека дел од нив се – признавање на правата на грчкото малцинство, вклучувањето на нивниот јазик во администрацијата, заштита на сопственоста и обезбедување дека и […]

Иранските авиокомпании ги укинуваат летовите до ЕУ


 Иранските авиокомпании ги прекинуваат врските со дестинации во Европската унија како одговор на новите санкции против земјата, соопшти денеска Иранската новинска агенција за труд (ИЛНА). – Ниту еден ирански авион повеќе нема да лета за Европа, по казнените мерки, изјави генералниот секретар на здружението на иранските авиокомпании, Максуд Асади Самани. ЕУ вчера воведе санкции против […]

Јакимовски: Во февруари за сите десет училишта од МОН се добиени два милиони денари, а само за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска повторно го повика Министерството за образование и наука да ја исполни законската обврска и целосно да ги исплати трошоците за греење на десетте училишта во Општината.  Според Јакимовски, МОН не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, за што, вели одговорност е на министерката за […]

Сијарто е против укинувањето на ветото во ЕУ


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, е против укинувањето на ветото, т.е. едногласноста во одлучувањето во ЕУ, иако тоа е шансата во која се „крсти“ актуелната влада, чиј најблизок сојузник е Будимпешта. Запрашан за тоа на денешната прес конференција во Луксембург, кога се отвораа преговорите со Албанија, Дијарто одговори: „Едноставно кажано, […]

Во Битола и кравите се „градски“, често пасат на Градското шеталиште


  БИТОЛА – Во Битола и кравите се „градски“ велат битолчани, оти  често можат да се видат како пасат на Градското шеталиште, додека овципасат во елитната населба Златен рид. Деновиве крави пасеа и во паркот на Офицерски дом во Битола, кој изминатиот период се пошумуваше со мали дрвца и се раззелени со трева. Двајца сточари […]

Ахмети и честиташе на Албанија, ја нарече „очај“ состојбата со Македонија


Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот на Албанија, Еди Рама, и на целиот тим што неуморно работи на отворање на првото преговарачко поглавје. Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, коментирајќи го денешното отворање на првиот кластер на меѓувладина конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, […]

Уапсени четворица за пукањето во Чаир – двајца излезени од затвор на работа


СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од […]

Рама: Погледнете кој е денес најпопуларен политичар во Македонија?


  Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само ѝ се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.   […]

Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија


Украина има апсолутно право да гаѓа цели во Русија од каде што беше нападната, врз основа на меѓународното право кое го гарантира правото на самоодбрана, изјави денеска шефот на делегацијата на НАТО во Киев, Патрик Тарнер, наведувајќи дека Киев веќе го користи тоа право. Тарнер во интервју за Укринформ рече дека раководството на НАТО го […]

Горан Јандреоски нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ


Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, сменети се членови на Надзорниот одбор. Како акционерско друштво поседувано од државата, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ, ја информира инвеститорската јавност преку Берзата дека, со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание […]

Шокантни информации за смртта на фотографот Пол Лоу: Неговиот син Емир е осомничен за убиство


Британскиот фотограф Пол Лоу беше пронајден мртов пред неколку дена, а според новите информации осомничен е неговиот 19-годишен син дека го избодел до смрт. Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес беа испратени во областа околу планината Балди Роуд  во близина на водопадите на кањонот Стодард, каде што откриле маж кој почнал од повреди на […]

Мицкоски остана со празни раце во Берлин, сите бараат „храбар чекор“


  Додека премиерот Христијан Мицкоски праќа фотографии и твитови од престојот во најважната земја членка на Европската унија, вклучувајќи и од средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, од Берлин стигна не една, туку две пораки дека неговиот план да издејствува отстапки за уставните измени не поминува и дека, исто како и неколку недели претходно во […]

Попис на населението во Црна Гора: Сѐ повеќе Срби, сѐ помалку Црногорци


Во Црна Гора живеат 41 отсто Црногорци и речиси 33 отсто Срби, но повеќе жители зборуваат српски отколку црногорски, покажуваат резултатите од пописот во 2023 година, што денеска ги објави Државната управа за статистика. Во споредба со пописот од 2011 година, бројот на Црногорците е намален за три отсто, додека бројот на Србите исто така е […]

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење


Струмица со денови нема чиста вода за пиење, а градоначалникот очекува проблемот да се надмине до петок. Јас сум оптимист дека после две или три последователни анализи на питката вода конечно ќе добиеме решение и од инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со кој имаме добра соработка како институција, и во петок веќе […]

Пушачите чувствуваат поголема физичка болка од непушачите


Сегашните и поранешните пушачи живеат со поголема физичка болка од оние кои никогаш не пушеле, покажува голема научна студија. Научниците од Универзитетот во Лондон спровеле истражување на повеќе од 220.000 луѓе и откриле дека оние кои пушат цигари имаат поголеми физички проблеми. Испитаниците беа класифицирани во три категории: оние кои никогаш не пушеле цигари, оние […]