Измените на Законот за домување не го поминаа комисискиот филтер – нема ограничување на кириите


Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на денешната седница не ги усвоија Предлог дополнувањата на Законот за домување во прво читање, предложени од пратениците на политичката партија Левица. Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ во образложението истакна дека оваа законско решение го поднесуваат од две причини – првата е […]

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС


  Казахстан сè уште не планира да се приклучи на БРИКС, иако претседателот на земјата Касим-Жомарт Токаев доби такви предлози, изјави за медиумот „Тенгри њуз“ советникот на шефот на државата и секретар за печат, Берик Уали. „Во моментов и, најверојатно, во догледна иднина, Казахстан ќе се воздржи од поднесување апликација до БРИКС, вклучително и земање […]

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“


На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. За него синоќа беше организиран специјален пречек со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“. На собирот присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот на „Макпетрол“, Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот […]

Израелска ракета уби градоначалник и петмина други во Либан


  Во израелски воздушен напад во средата врз општинската зграда во Набатие, главен град во јужен Либан, кој служи како главен град на провинцијата, загина градоначалникот Ахмед Кахил и уште најмалку петмина, соопштија два безбедносни извори. Нападот дојде и покрај загриженоста на САД за зголемување на бројот на загинати и стравувањата од сеопфатна војна во […]

И ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа буџетите за албанска академија


Премиерот Христијан Мицкоски најави денес дека и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините нема да гласаат за буџети со кои ќе се финансира работењето на т.н. албанска академија на науките.  -Како што се информирав од медиумите, тоа е здружение на граѓани. Мојот став е јасен – во Македонија постои една Академија на науките и уметностите. Не […]

Националната ИКТ стратегија треба да го прекине талкањето на граѓаните од шалтер до шалтер, но кога?


Сите документи да бидат достапни на граѓаните дигитално, да не мора да се такла од институција до институција, да не се обезбедува документ од Катастар со неколкупати одење до Град Скопје па во Катастар и слично, треба да се овозможи со Националната ИКТ стратегија, која денеска почнаа да ја изработуваат надлежните. До декември, министерот за […]

Вечерва на РУТА во Драмски кабарето Концерт за лажици и гитара од Хрватска


Вечерва на фестивалот РУТА настапуваат гостите од Хрватска. Актерите  Никола Недиќ и Марио Јовев со кабарето – „Концерт за лажици и гитара“ работено под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички настапуваат веќе 9 години. Имаат над 100 изведби во Хрватска, а поради универзалноста на темите обработени во кабарето настапуваат во целиот регион на задоволство […]

Мицкоски има дилема дали воопшто да пишува писмо до ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски има лична дилема дали воопшто треба да го пишува писмото што веќе неколку недели го најавува на повеќе адреси поврзани со Европската унија. Како што соопшти денес на прес-конференција, по сите разговори и средби во Берлин и по фактот дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на 24 октомври доаѓа […]

„Машка солза“: Александар Поповски се здружи со Кирил Џајковски за нова претстава во Белград


На 12 октомври во Белград на големата сцена Љуба Тадиќ при ЈДП (Југословенско драмско позориште) премиерно се изведе претставата „Машка солза“ во режија на Александар Поповски, со музика на Кирил Џајковски. Се работи за текст заснован на 4 едночинки и еден расказ од Антон Павлович Чехов во која главните улоги ги толкуваат Воин Четковиќ, Сања […]

Дрога и ножеви најдени кај млади луѓе низ целата земја


Полицискиот билтен изобилува со вести за најдена дрога и ножеви кај млади луѓе низ целата република. Во вотрникот, во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со […]

Илон Маск донираше 75 милиони долари за Трамп во последните три месеци


  Илон Маск донираше околу 75 милиони долари во последните три месеци на неговата група за поддрѓка на Доналд Трамп, што покажува дека милијардерот стана клучен за напорите на републиканскиот кандидат да победи на претседателските избори во САД. Поднесоците поднесени од „Америка Пак“ (Комитет за политичка акција) во вторникот до Федералната изборна комисија покажаа дека […]

Во Хрватска лани родени 32.170 деца, најмалку од 1991 година


Во Хрватска минатата година се родени најмалку деца од 1991 година, а животниот век е за три години пократок од просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) за природното движење на населението во 2023 година. Според овие податоци, минатата година во Хрватска се родени 32.170 деца. Хрватска во последните три […]

„Викторијас сикрет“ ги собра најславните манекенки на ревија во Њујорк (фото)


Њујорк– По пауза од шест години, заради низа контраверзи, најскапата модна ревија на светот, онаа на брендот за долна облека „Викторијас сикрет“, се врати во полн сјај, со најславните манекенки на светот и поп-ѕвезди како Шер. Тоа беше празник и за очи и за уши, и за споредби некогаш и сега.    Настапија вкупно 50 […]

СДСМ нема да гласа за буџетите во општините што ќе финансираат албанска академија


„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите […]

(Во живо) Мицкоски и Андоновски ќе ја претстават Националната ИКТ стратегија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе остварат состанок на кој ќе се означи почетокот на изработка на Национална стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој во државата – Националната ИКТ стратегија.  

Глобалниот пазар на паметни телефони порасна за 5 отсто, Самсунг и натаму е лидер


Каналис објави прелиминарен извештај за глобалниот пазар на паметни телефони во третиот квартал од 2024 година и покажува дека испораките растеле последователно и на годишна основа. Според аналитичарите, тековниот циклус на замена беше главниот двигател од јули до септември, а конкуренцијата стана посилна од кога било. Samsung остана на врвот, но едвај се задржа на […]

Вистини и заблуди: Не комбинирајте ги овие намирници


Живееме во дигитално доба каде што е лесно да се најдат информации кои укажуваат дека одредени комбинации на храна може да предизвикаат голем број опасни состојби, како што се дијабетес или артритис. Има многу информации за храната и често не оставаат збунети. Некои се засноваат на верувања, а други имаат научна основа. Вистини и заблуди […]

Кејт Мос прв пат со ангелски крилја на ревијата на Викторијас Сикрет во Њујорк


  Њујорк– Кејт Мос официјално ги заработи своите крилја. За прв пат досега, манекенската легенда и модна икона дебитираше на модната писта на Викторија Сикрет. Неколку моменти откако нејзината 22-годишна ќерка Лила Мос излезе на пистата за синоќешното шоу на најскапата ревија во Њујорк, Мос се појави на сцената. Облечена во проѕирен црн чипкан фустан […]

Македонски државјанин предводел терористичка група во Австрија, регрутирал и нови членови


Во австрискиот град Сент Полтен, е разбиена група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин. Како што јавуваат австриските медиуми, македонскиот државјанин издржува петгодишна затворска казна, а им бил познат и на властите по неговите активности и поддршката за Исламската држава преку графити што ги цртал близу главната […]

Од денеска до сабота – Пиволенд по тринаесети пат во Скопје


Од 16 до 19 октомври во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи тринаесетото издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, Пиволенд. Фестивалот кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси како и повеќе од […]