Лагард: На еврозоната не и се заканува рецесија, состојбата со инфлацијата се развива во добра насока


На еврозоната не и се заканува рецесија, а состојбата со инфлацијата се развива во добра насока, изјави денеска претседателката на Европската банка (ЕЦБ) Кристин Лагард на прес-конференција по одлуката за намалување на референтната каматна стапка од 25 базични поени на 3,25 отсто. Една земја-членка на еврозоната, поточно Германија, се соочува со тешки околности, но тоа […]

На 78 години почина легендарниот композитор Љупчо Константинов, автор на „Еј ти, младо момче“


На 78 години почина легендарниот македонски композитор Љупчо Константинов, потврди семејството.  Константинов, кој дипломирал на Музичката академија во Белград, е автор на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, […]

Балканските земји економски се оддалечуваат се повеќе од ЕУ


Балканскиот експерт Душан Рељиќ рече дека не верува оти во догледна иднина ќе има проширување на Европската унија кон земјите од Западен Балкан и оти причина за тоа не се должи само на недоволните реформски процеси, туку  на проширување на социо-економски јаз меѓу тие земји и ЕУ, при што ниту Унијата нема искрена желба да […]

Јакимовски и се извини на Јаневска што ја нарече „северџанка“


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош. -Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се […]

За Град Скопје одбивањето на нивните проекти е „политички прогон“


Град Скопје реагираше на одлуката на Владата да не му бидат доделени сретства од унгарскиот кредит, иако аплицираше со 20 проекти, межу кои иеден витално значаен за граѓаните – автобускиот превоз.  „ Одлуката на Владата  да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на владата […]

Бизарно: Најсовремената противпожарна станица во Германија изгоре до темел


Најсовремена противпожарна станица во западна Германија, која беше завршена минатата година и чинеше десетици милиони евра, изгоре до темел бидејќи не беше опремена со противпожарен аларм. Ниту една година не помина откако германскиот град Статалендорф се пофали со новата зграда на противпожарната станица кога службите за итни случаи беа повикани на голем пожар. Пожарот избувнал […]

Бизнис без граници побараа членките на Македонско-бугарската стопанска комора


Бизнис без граници побараа членките на Македонско-бугарската стопанска комора на своето редовно годишно Собрание одржано во Скопје. -Постои голем интерес кај компаниите од двете земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедат нашите држави има простор за […]

Пензиите во март линеарно ќе се зголемат за 2.500 денари, а во септември догодина ќе има и усогласување од 4 отсто


Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со пензијата за септември, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување согласно методологијата за  усогласување. Линеарното зголемување на пензиите во септември 2024 во вкупен износ било 862 милиони денари (скоро 14 милиони […]

Европа е во сѐ поголема криза со водата


Водните ресурси на континентот се под сериозен притисок и не е постигнат значителен напредок од 2009 година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), цитиран од меѓународната организација за животна средина ВВФ. Авторите на студијата нагласуваат дека во Европа: помалку од 40% од површинските води, како што се реките и езерата, […]

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од почетокот на 2021 година. Каматната стапка по која банките позајмуваат пари од ЕЦБ – исто така беше намалена за 0,25 процентни поени на 3,4 отсто. По долг период […]

Атина беше парализирана, тројна закана од бомби


Работата на метрото во Атина накратко беше нарушена, а зградата на Апелациониот суд е евакуирана, поради тројна закана за бомба која утрово беше испратена до властите. Во 7:20 часот по локално време полицијата примила електронска пошта напишана на англиски јазик, во која се тврди дека биле поставени експлозивни направи на клиниката за трауматологија КАТ, во […]

Општина Дебар доби 700.000 евра за реконструкција на три улици и изградба на водовод во Могорче


Од проектот „100 милиони евра за општините“ општина Дебар доби поддршка од 700 илјади евра за реализација на проекти од инфраструктурата, информираше  градоначалникот Хекуран Дука. – Поднесовме четири пријави на повикот за доделување средства преку Министерството за локална самоуправа, а се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура во градот односно целосна реконструкција на три локални […]

Зеленски предупреди на севернокорејски војници и притиска за покана за НАТО


Русија се подготвува да испрати 10.000 севернокорејски војници да се борат во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитирајќи разузнавачки извори. Тешките руски загуби и противењето на јавноста за повеќе регрутирање значи дека Москва мора да користи други војници, рече Зеленски денеска во Брисел. Влегувањето на севернокорејските војници во војната е „навистина итно“, рече Зеленски, […]

Полицијата откри злосторничко здружување за трговија со дрога и проституција


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 […]

Не им e страв само од ракот на дојка, туку од системот


За термин за ехо и за мамографија жените во Северна Македонија, и оние кои се заболени од рак на дојка и за редовен преглед чекаат повеќе од еден месец. Борејќи се да преживеат во систем во кој јавното здравство е речиси урнисано, пациентките се пред избор – да плаќаат приватно или да бараат чаре во […]

Работилница со Улрих Зајдл на „Киненова“: Јас не ја отсликувам стварноста, туку црпам од неа


  Во Кинотеката на Македонија денеска, во рамките на програмата на МФФ Киненова, се одржа работилница со истакнатиот австриски режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл, годинашен лауреат на Фестивалот. -Мојот интерес беше насочен кон визуелната уметноста. Особено ме интересираа фотографијата и сликарството. Сакав на визуелен начин да ја пренесам мојата порака. Ме интересираше визуелното, а […]

Град на Европската Унија лоциран во Африка: Многумина сакаат да влезат овде, но не можат


Дали сте слушнале за Мелиља? Станува збор за шпанска енклава која зафаќа околу 12 квадратни километри долж брегот на Средоземното Море, а е целосно опкружена со Мароко. Иако се наоѓа на африканскиот континент, тој е дел од Европската унија. Понатаму, заедно со Сеута, тие се единствените две територии на Европската унија во Африка. Денес, Мелиља […]

Премиерот го брани именувањето на поранешниот шеф на партијата во Скопје за директор на АНБ


  Нема никаква политизација во Агенцијата за национална безбедност, а на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото во случајот со безбедносниот сертификат. Таа грешка била исправена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот тврдеше дека кога се трансформирала Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенција за национална безбедност (АНБ) и кога се […]

Мицкоски пак се фали со инвестиции на СДСМ – ја најави „Брејнчајлд“ која веќе работи во Битола


  Премиерот Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на […]

Македонија годинава со раст на БДП од само 1,8 отсто, најнизок во регионот, прогнозира Светска банка


  Македонија годинава ќе забележи раст на домашниот бруто-производ од само 1,8 отсто, убедливо најнизок во споредсба со земјите од регионот, покажува најновиот полугодишен извештај на Светска банка за Западен Балкан. За споредба, според извештајот, Албанија годинава ќе има раст на БДП од 3,3 отсто, Босна и Херцеговина од 2,8 отсто, Косово од 3,8 отсто, […]