Венко Филипче ќе остави членовите сами да ги бираат локалните лидери на СДСМ


  БИТОЛА – Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остави општинските организации сами да си изберат локален партиски лидер. Ваквиот потег на Филипче е оценет како позитивен и демократски од страна на повеќето сопартијци во Битола. Пред Нова година ќе треба да се гласа за нови раководства на локалните партиски организации на СДСМ, вклучително и […]

Водовод и ново текстилно училиште ќе гради Тетово со 3,8 милиони евра што ѝ ги додели Владата


Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами одржа прес-конференција на која информираше за кои проекти ќе се користат средствата кои Владата во висина од 500 милиони евра ги позајми од Унгарија и ги дели на локалните самоуправи. Касами рече дека согласно индикаторот глава на жител на Општина Тетово и се предвидени 3,8 милиони евра. -Истите се […]

Таткото на Вања во погрешна група на Вибер пратил порака: „Кажи колку пари треба“, па ја избришал


Застрашувачки и неверојатни детали се изнесуваат при сведочењата на денешното судење по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Така, обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев им кажал на полицајците дека работеле по насоките на Љупчо Палевски, дека „тоа било одлука на Палчо“ откако тие го прашале што знае за […]

Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува економскиот раст во второто полугодие од годинава да биде над три отсто. Тој, коментирајќи ги прогнозите на Светска банка дека Македонија годинава ќе има раст од само 1,8 отсто, најнизок меѓу земјите од Западен Балкан, рече дека во втоарата половина од говината очекува забрзување на стопанската динамика што ќе се рефлектира […]

Се враќа во игра ветерниот парк „Вирови“, германска инвестиција вредна над 400 милиони евра


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја врати во игра подзаборавената германска инвестиција во областа на енергетиката која што беше актуелна во 2021 година – изградбата на голем ветерен парк „Вирови“, вреден речиси половина милијарда евра. Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто, најави […]

Лидија Георгиева ја виде Слаѓана Милошевиќ во црн латекс: Во Белград добивме многу комплименти


Македонската дизајнерка Лидија Георгиева беше единствен претставник од Македонија на модната ревија, замислена како омаж на поп-иконата Слаѓана Милошевиќ (1955-2024), пред бројните модни и музички обожаватели на 54. Модна недела во Белград, во Хангар. Настанот го отвори директорот на оваа модна манифестација Ненад Радујевиќ, кој му посака добредојде на „фантастичното патување кое трае 47 години, […]

Струмичани „изгласаа“ што сакаат да се гради во општината


Струмица безбеден град, нова населба во Турско маало трета фаза и реконструкција на Домот на култура во населеното место Банско, се трите приоритетни проектни иницијативи кои добија најмногу бодови од учесниците на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во просториите на Младинскиот центар. Од вкупно […]

Европските пари пропаднаа, Општина Битола сама ги гради велопатеките


  БИТОЛА – Општина Битола од сопствениот буџет ќе ги гради велосипедските патеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ откако паради политички надмудрувања пропадна можноста тие да се изградат со средства од европски прекуграничен проект.  Пропаднаа 400 илјади евра пари што Европската делегација ги даваше за ваквата инфраструктура во должина од над 5 километри. Битолчани […]

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски


За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада. -Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога […]

Христовски пред да стане директор и го честитал „последниот роденден на АНБ“


СДСБ бара од владата да ја повлече одлуката за именување на Бојан Христовски за прв човек на АНБ бидејќи очигледно станува збор за партиски функционер и следбеник на идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите.Во член 10 […]

Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба


Денеска се постави камен-темелник на новото ООУ „Крсте Мисирков“ во населено место Ченто, Општина Гази Баба. Проектот е во вредност од 169.992.752 денари, а опфаќа 30 кабинети со вкупен капацитет за настава во две смени за 713 ученици.   „Со изградбата на новото училиште обезбедуваме поквалитетни услови за образование и воспитание на учениците, но и […]

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување е 25-ти октомври. – Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет, велат од УЈП. Како што денеска соопштија од УЈП, до моментов поднесени се […]

Ракометниот клуб „Алкалоид“ утре ги започнува настапите во Европскиот куп


Ракометниот клуб „Алкалоид“ утре ги започнува своите настапи во Европскиот куп, а противник е литванската екипа „Клаипеда Драгунас“.  На денешната прес-конференција, тренерот Кире Лазаров изјави дека станува збор за противник кој можеби е неатрактивен но е доста опасен. -Се работи за незгодна школа и оваа година земаа и шпански тренер, пополека но сигурно се гледа […]

Ако живеете во Центар, може да учествувате во креирањето на општинскиот буџет


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и […]

Либералните градови во САД вежбаат одбрана од можен „државен удар“ од Трамп


Високите демократи во американските градови се подготвуваат да ги бранат своите заедници во случај на враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, откако поранешниот претседател ја повтори заканата дека ќе ги искористи претседателските овластувања – за да ја преземе контролата врз големите урбани центри. Трамп предложи распоредување на војска во големите градови главно управувани од […]

Време е за џез – Настапот на Сесил Меклорин Салвант ја освои публиката


  Овогодинешниот 43 по ред Скопски џез фестивал уште на почетокот постави високи стандарди – со настапот на Сесил Меклорин Салвант, една од најдобрите џез вокалистки на денешницата, која ја освои публиката со своите гласовни можности и со интерпретацијата на оригинални џез композиции или преработки. Меклорин Салвант покажа дека гласот е всушност најдобриот инструмент – […]

Последен натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Надал


Ријад– Во сабота од 18 часот последен пат ќе гледаме натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Одиграа 60 официјални натпревари, Новак води со 31-29, а сега ќе се сретнат на егзибициски дуел во Ријад, во меч за третото место, откако и двајцата загубија во полуфиналето. Ѓоковиќ одигра драматичен меч со Синер, но четврти пат […]

Таткото на Вања го посочил возилото на Панче како сомнително


Во кривичниот суд продолжува судскиот процес за убиството на Вања и Панче. Сведочи началникот на СВР Скопје кој пред судот кажа дека таткото на Вања, обвинетиот Александар им донел снимка од камера на која им го предочил возилото на Панче без објаснување зошто се сомнева во поврзаност со неговата исчезната ќерка. Полицијата утврдила дека тоа […]

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство


Според неколку студии, голем процент од менаџерите сметаат дека комуникациските вештини на штотуку дипломираните инженери многу често се слаби. При тоа, кога на регрутирањето ќе влезат две лица со слични квалификации, но различни комуникациски вештини и вештини за самопрезентација, јазот може да предизвика значителна нееднаквост. Оној со подобри вештини за комуникација и самопрезентација обично ја […]

Комеморација за Михаил Ренџов в понеделник во НУБ


НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, информираат дека на 21 октомври во 12 часот ќе се оддржи комеморација за писателот-великан Михаил Ренџов (1936-2024) во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. „Се проштеваме од еден од нашите великани, […]