Русија доби балистички ракети од Иран


Русија сега доби пратки со балистички ракети од Иран и „најверојатно ќе ги користи во рок од неколку недели во Украина против Украинците“, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.Државниот секретар рече дека Вашингтон го предупредил Техеран и јавно и приватно дека обезбедувањето балистички ракети „ќе претставува драматична ескалација“. „Овој развој и растечката соработка меѓу […]

Овој апарат во домаќинството е еден од најголемите енергетски вампири


Ваквите уреди трошат енергија постојано, дури и кога не работат, поради што се нарекуваат енергетски вампири. Додека цените на енергијата интензивно се зголемуваат, многумина бараат начини да потрошат барем малку помалку, но често од незнаење трошиме повеќе отколку што треба и ги зголемуваме сметките за струја само поради невнимание; главно со уреди што ги држиме […]

Унгарија се закани дека ќе ги натовари во автобуси бегалците и ќе ги прати во Брисел


Белгија го критикува унгарскиот план да ги превезе барателите на азил со автобуси до Брисел. Предлогот е „провокација што е во спротивност со европските обврски“, рече министерот за надворешни работи Хаџа Лахбиб. Соопштението беше објавено од Будимпешта пред неколку недели, но вниманието на министерот го привлече дури во понеделникот.  „Миграциската политика е заеднички предизвик со […]

За Камала Харис дебатата со Трамп е со голем ризик, но и со голема награда


  За потпретседателката Камала Харис, вечерашната дебата против Доналд Трамп е момент со висок ризик и висока награда што ќе тестира дали нејзиното повторно претставување пред гласачите може да ја однесе во Белата куќа. Зошто е важно: повеќето гласачи веќе знаат што чувствуваат за Трамп, но помалку знаат што чувствуваат за Харис. На Харис ѝ […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче


ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветствуваат еден со друг. Ова на денешната прес-конференција го […]

Кејт Мидлтон со нежен изглед, бохо фустан и минимална шминка се врати во јавноста


Кејт Мидлтон изгледаше едноставно и безгрижно додека го објави завршувањето на нејзините третмани со хемотерапија. Принцезата од Велс (42) избра бохо бел фустан  дизајниран од Вероника Берд – еден од омилените брендови на принцезата од Велс – во видео објавено во понеделникот, 9 септември. Фустанот лебдеше зад Кејт во текот на 3 минутното видео додека […]

Се гради турбо, во јули биле издадени 374 одобренија за градење, нови 808 станови


Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33,6  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика. Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57,  Полошкиот, 55, …. Според издадените одобренија за […]

Дрон повторно го наруши воздушниот сообраќај на аеродромот во Стокхолм


Стокхолм– Авиосообраќајот на меѓународниот аеродром во шведскиот главен град Стокхолм, синоќа, втора вечер по ред, беше нарушен поради присуство на беспилотно летало над пистата, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на шведската цивилна авијација. Инцидентот бил пријавен во Контролата на летање синоќа во 20 часот по Гринич и тој предизвикал доцнење на некои летови од и […]

Секој деветти смртен случај кај новороденчиња во Македонија е поврзан со загадениот воздух, вели УНИЦЕФ


Во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија објави нов документ за политики во кој истакнува дека во 2021 година над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето. Во Северна Македонија, смртните случаи на новороденчиња поврзани со загадениот […]

SpaceX ја лансираше историската мисија Polaris Dawn, претходница на првата приватна вселенска прошетка


SpaceX денеска ја лансираше ракетата Falcon 9 од Флорида, која ја носеше капсулата Dragon во вселената, а тоа е мисијата Polaris Dawn. Ова е прва од трите планирани мисии изнајмени од милијардерот и основач на Shift4, Џаред Исакман уште во 2022 година, со цел вселенски прошетки во рамките на програмата Поларис. Повеќедневното патување нема дестинација […]

Левица: Иако законски укинати, партиските економски директори со „договори на дело“ владеат со клиниките


  Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование, тврди Левица. „Пример е Алајдин Мемеди (братучед на формално назначениот нов медицински директор, […]

Македонија прв пат дел од Топ Модел Европа- еве кога е кастингот во Скопје


Македонската дизајнерка и стилистка Душица Шалева , која живее и твори во Париз, го носи на Балканот најголемиот европски манекенски натпревар. Првиот кастинг ќе биде во Скопје, а потоа во Белград, Загреб и Софија. Топ Модел Европа е еден од најголемите и најпрестижни меѓународни натпревари за модели во Европа, а од оваа година Македонија првпат […]

СДСМ тврди дека има масовна партизација на сметка на граѓаните во МВР


  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, обвини денес на прес-конференција дека власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции. „И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари. Само за овие 23 […]

Почина поранешниот партнер на африканската олимпијка кој ја поли со бензин и ја запали


Поранешниот партнер на олимписката атлетичарка од Уганда, Ребека Чептегеи (33), кој беше обвинет дека ја уби поливајќи ја со бензин и ја запалил, почина во болница од изгореници здобиени за време на нападот, објави кенискиот весник „Стар“. Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол во имотот на Ребека Чептегеи во Ендебес, Кенија […]

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг


 Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не ја обжали одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако агенцијата пресуди дека Италијанецот Јаник Синер не направил ништо за намерно да се допингува, пренесе „Кориере дела Сера“. ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен […]

Ќе се реобјави постапката за набавка на домашна пченица преку Агенцијата за стоковни резерви


Ќе се реобјави постапката за набавка на пченица преку Агенцијата за стоковни резерви и тоа на количини исклучиво од домашно производство, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Според Трипуновски, постапката за набавка била прекината зашто претходниот менаџерски тим на Агенцијата повторно ги имал ставено критериумите да не биде заштитено домашното производство.  […]

„Фајнанс тинк“ останува на проекциите за раст на БДП од 2,7 отсто годинава


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think), го објави најновиот Макроекономски монитор во кој дава пресек на најважните економски индикатори во изминатиот период. Од направените анализи институтот ги задржа претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7% и за раст на цените од 3,8%. Како што посочуваат од „Фајнанс тинк“ […]

Новиот бугарски амбасадор ги предаде акредитивите на Сиљановска


  Во комплицираните времиња на македонско-бугарските односи, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков. Според соопштението од кабинето на шефот на државата, Сиљановска на церемонијата рекла дека односите меѓу двете држави не се на посакуваното ниво и не се соодветни за држави кои се непосредни соседи и […]

Горивата поевтинуваат од половина до два денара


Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ. Според одлуката следи поевтинување на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и ќе се продава по цена од 74 денари за литар. Поголемо поевтинување има кај 98 ката […]

Училиштето во село Бањица ќе биде готово во најскоро време, вели министерката Јаневска


Изградбата на новото модуларно училиште во село Бањица ќе почне веднаш штом ќе биде потпишан договорот со изведувачот што ќе биде избран на повикот од кој веќе се разгледуваат понудите, а се очекува да биде готово најдоцна за два месеца, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Во училиштето „Дитурија“ во село […]