Главчев: Нема за што да се преговара со Македонија!


Бугарија нема повторно да преговара за условите од договорот со Република Северна Македонија, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев. „Нема за што да се преговара. Имаме позиција на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас би рекол дека нема од наша страна желба за преговори, нема за […]

Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци


Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци. Како што појасни Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа, се работи за елементарна непогода од градобијни зрна, што направиле штети врз земјоделските култури од осумдесетина проценти во два наврата на кавадаречка територија.  – Општина Кавадарци објави јавен […]

Кардиохирург откри на кого му препорачува земање аспирин


Аспиринот е популарен лек меѓу луѓето од сите возрасти, но еден кардиохирург вели дека не треба сите да го земаат. Д-р Џереми Лондон на TikTok го сподели своето стручно мислење за тоа кој треба и кој не треба да зема дневна доза аспирин. Лекот долго време се препишува како профилактичка мерка против срцеви заболувања бидејќи […]

Марго Роби e новото лице на „Шанел 5“


Од уникатен цветен букет до препознатливото шише, CHANEL Nº5 е икона сама по себе. Но, моќниот наратив на мирисот за женственост и сензуалност е исто толку иконски – постојано и повторно замислен од неговите неповторливи амбасадори. Последната што ја доби оваа чест е австралиската актерка и продуцентка, номинирана за Оскар, Марго Роби. Амбасадор на брендот […]

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември


Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ,  по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде […]

Јаневска очекува гласање на законите за образование во ноември


Петте закони што се во работна верзија: за основното, за средното, за средно-стручното образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации се очекуваат на гласање пред пратениците да се најдат во ноември, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше во Прилеп на доделувањето на сертификати за комплетирање […]

Кинезите нема повеќе да се пензионираат на 55 односно 60 години


Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години. Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место. Оваа одлука ќе се применува од јануари […]

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективна, едно задржано


Директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана во изјава за МИА вели дека 10 лица побарале лекарска помош и сите имале лесни симптоми, освен едно лице кое е задржано на лекување, но е во добра здравствена состојба. Останатите по укажаната медицинска помош се вратени во Академијата. Информацијата ја потврдија и од Министерството за одбрана […]

Вучевиќ: Владата е подготвена да поднесе закон до Собранието за враќање на задолжителниот воен рок


Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до Собранието на усвојување. – Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог […]

Кочоска лично учествувала во акцијата во Струмица иако не е надлежна


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, преку пост на својот Фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање  финансискиот криминал  и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.Притоа таа соопштува дека  лично учествувала во претресите во Струмица, […]

Харис го зголеми водството во најновата анкета на Ројтерс


  Потпретседателката на САД, Камала Харис, ја зголеми предноста пред поранешниот претседател Доналд Трамп по претседателската дебата во вторникот во новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Анкетата, која се спроведе од 10 до 12 септември, покажа дека Харис има 5 поени повеќе од Трамп, при што Харис има поддршка од 47 проценти, а Трамп со 42 проценти. […]

Ни Мицкоски не знае како да ги намали функционерските плати


  Запрашан дали ќе се намалуваат платите на функционерите, премиерот Христијан Мицкоски во подкастот „Претрес“ рече дека ќе се намалел коефициентот со што платите немало повеќе да растат. „Ќе го намалиме коефициентот, платите не можеме да ги намалиме. Ќе го намалиме коефициентот со што ќе се замрзнат платите, нема да се покачуваат. За во иднина […]

Владата ќе дискутира за загаденоста на воздухот во Скопје


Владата на една од наредните седници ќе дискутира за решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје, најави министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој вели дека овој проблем не е вчерашен. Според Перински  токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста […]

„Јазик за двајца“: Концертна промоција на нова поетска книга од Пијан Славеј


Концертна промоција на новата поетска книга од Пијан Славеј, „Јазик за двајца“, ќе се случи утре (сабота) од 20 часот во Цреша бар во Скопје. На концертната промоција ќе свират „Пијан славеј“. „Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат […]

Комерцијална банка нема да коментира поединечни изјави на акционери на Стопанска банка Битола, дури и да се тие квалификувани акционери


Во согласност со законските прописи, Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола, во која се содржани сите важни елементи како што се понудената цена од 3.200 денари по акција, прагот на успешност од 67% плус една акција од вкупно издадените акции и рокот за изјаснување на акционерите заклучно со 22.09.2024 година. […]

Арсовска веројатно нема да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински вели парите се за инфраструктурни проекти


Дури 330 проекти од 72  општини се стигнати до надлежните министерства до вчера, со кои се аплицира за 250 милиони евра пари кои Владата ги обезбеди преку Унгарија и ги намени за подобрување на условите за живеење. – Нема да остане локална самоуправа која не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на […]

Русија протера шест британски дипломати, ги обвини за шпионажа и саботажа


  Руската безбедносна служба ФСБ во петокот соопшти дека им ја укинала акредитацијата на шестмина британски дипломати во Москва, чии активности, според нив, покажале знаци на шпионажа и саботажа. Британската амбасада во Москва не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. ФСБ, наследник на советската КГБ, рече дека има документи кои покажуваат дека одделот […]

Законот за унгарскиот заем помина на Комисијата за финансирање и буџет


Законот за унгарскиот заем утринава помина на Комисијата за финансирање и буџет. Претседателот на собранието Африм Гаши вчера ја закажа седницата на Kомисијата  откако претседателката на собраниската комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска одби да го направи тоа.Пратениците на СДСМ не присуствуваат на седницата, а вчера најавија дека ќе блокираат. Тие бараа законот да […]

Атина, Букурешт и Софија ќе бараат компензација од ЕУ за скапата струја во регионот


Романија најави дека заедно со Бугарија и Грција ќе побараат од Советот на ЕУ исплата на компензација поради „многу повисоките цени“ на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.  Според романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја, цените на струјата во регионот веќе неколку месеци се значително […]

Трик за перење алишта: Ставете влажно марамче во машината и ќе бидете воодушевени од резултатот


  Овој трик ќе ви се допадне уште првиот пат кога ќе го пробате. Просечен човек поминува околу четири часа неделно перејќи алишта, а иако модерните машини за перење најголемиот дел од „работата“ ја извршуваат сами, резултатот од перењето може значително да се подобри со еден едноставен трик. Овој метод е особено корисен за сопствениците […]