Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало


 Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечер за време на затворањето на фестивалот. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата […]

Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија


 Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 […]

Книжевна вечер за издаваштвото во Франција по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје


Во Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент, во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, а како дел од програмата на 12. издание на Фестивалот „Про-за Балкан“. Тема на средбата е издаваштвото во […]

„Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ


 Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на графики и слики од уметниците Петра Јовановска и Вит Павлик од Чешка, насловена „Во разговор“. -Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без […]

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“


Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, во рамки на проектот „Вработена Ромка=Независна Ромка“. Проектот е финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna till Kvinna, чија главна цел е долгорочно зголемување на учеството на Ромките на пазарот на труд, преку унапредување […]

Концерт на пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар во Скопје


Во Пијано центарот во Скопје вечер концерт ќе одржи дуото Јасмина Трајческа од Северна Македонија и Ловорка Немеш Дулар од Словенија, соопштија од Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ. Концертот е во рамки на втората сезона на 47. „Денови на македонска музика“, кој со есенското издание ја продолжува концертната традиција. -На концертот ќе бидат […]

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница


Собранието денеска ќе одржи продолжение на 14. седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за […]

Три лица загинаа во пожарите во Португалија


Најмалку три лица загинаа во неколку пожари во Португалија, јави ДПА. Повредени се вкупно 17 лица. Една од жртвите е пожарникар кој починал од срцев удар додека бил на работа. Пронајдени се и телата на уште две жртви. Едниот бил шумски работник кој горел, а другиот починал од срцев удар додека се обидувал да го […]

Лекари без граници ја прекинаа работата во Русија


 Хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières) со седиште во Швајцарија соопшти дека е принудена да ја прекине работата во Русија. – Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија, изјави шефот на руската програма на Лекари без граници. Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август соопшти […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во […]

Орбан до крајот на месецов доаѓа во посета на Македонија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември. Запрашан за коментар на наводите […]

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „секогаш го осудувал политичкото насилство“ еден ден по вториот наводен обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. – Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство и секогаш ќе го осудувам, рече Бајден. Трамп по вчерашниот инцидент, за кој постои сомнеж дека бил уште еден обид за атентат […]

Дел од општина Центар утре без вода


 Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците  „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смилевски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број […]

Атина повеќе не издава дозволи за издавање станови на ден


Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во центарот на Атина ќе остане во сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на ваквите летни места. Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија


 Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри источно од Брашов и се случил на длабочина од 137 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. ј

САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими


САД денеска наметнаа санкции против конзорциумот Intellexa, сложена меѓународна мрежа на децентрализирани компании кои развиваат комплетна палета на инвазивни шпионски програми и продолжуваат да ги продаваат овие производи на автократски режими и злоупотребувачи на човекови права низ целиот свет. -Соединетите Американски Држави нема да толерираат злоупотреба на технологии кои ја поткопуваат националната безбедност на Американците […]

Кој плаќа за облеката на светските лидери и нивните сопруги?


Сер Кир Стармер и неговата сопруга Лејди Викторија прифатија донации на облека за да можат „да изгледаат најдобро“ за да ја претставуваат Обединетото Кралство, изјави Дејвид Лами. Запрашан за донациите, министерот за надворешни работи предложи другите земји да имаат дарежливи буџети финансирани од даночните обврзници за облека на лидерите. Тоа се случи по извештаите дека […]

Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60 отсто


ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг, а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија. Taa посочи дека СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објаснил забелешките за Законот […]

Дачиќ: Социјалистите нема да поддржат преместување на гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето


Белград -Социјалистичката партија на Србија (СПС) сигурно нема да го поддржат иселувањето на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето, изјави лидерот на СПС Ивица Дачиќ за Данас, реагирајќи на изјавата на Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, дека изместувањето на Јосип Броз од Музејот на Југославија е крајно важно за српскиот народ, како и отстранување […]

УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. […]