Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија (видео)


Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта. Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави […]

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години


Од 2028 година, шведските деца ќе започнуваат училиште на шестгодишна возраст, една година порано од сегашниот модел, во рамките на реформите на образовниот систем што означува транзиција од учењето базирано на игра. Владата ги објави плановите да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како förskoleklass со дополнителна година во grundskola (основно училиште). […]

Без струја делови од Гази Баба и Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Финска, поточно подулиците со бр. 15 и бр. 20 во нас. Инџиково. (Општината Гази […]

Неколку земјотреси регистрирани во текот на ноќта во Грција


Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во близина на островот Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Нема извештаи за материјална штета или жртви. ЕМСЦ наведува дека првиот земјотрес со јачина од 2,8 степени се случил во 4 часот и 45 минути по локално време. По […]

Извештај: Американскиот здравствен систем е последен споредено со држави со сличен профил


Американскиот здравствен систем се најде на последно место во меѓународна споредба на 10 земји со сличен профил, според нов извештај на Фондот на Комонвелт. Иако Американците плаќаат речиси двојно повеќе од другите земји, системот лошо се покажа во однос на здравствената еднаквост, пристапот до здравствена грижа и резултатите. „Јас секојдневно го гледам товарот врз луѓето […]

Менувањето концепти во образованието осакатува цели генерации


  Учениците од прво и четврто одделение од 2021 година почнаа да учат по новата Концепција за основно образование, која беше усвоена во март истата година, по повеќе месеци дебати и реакции. Во меѓувреме, концепцијата ги опфати сите ученици до шесто одделение, а само три години подоцна, без евалуација на постигнатите резултати се најавува нова […]

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со македонска кинопремиера во „Синеплекс“


По фестивалската турнеја на „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Гоце Цветановски, доаѓа во Скопје. Македонската кинопремиера ќе се одржи на 19 септември, во 19, 30 часот, од кога ќе се најде на репертоарот на „Синеплекс“.  Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски,  во јули, влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 септември 2024 година, 263-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 103 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 36 минута. Денов трае 12 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее […]

СОКОМ ќе ја додели наградата „Георги Божиков“ за 2023-та


На Пијано триото во состав Татјана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано, во Филхармонијата вечер ќе  му биде доделена наградата „Георги Божиков“ за 2023 година, во рамки на 47. „Денови на македонска музика“.  Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ  ја доделува традиционално оваа награда на музички уметници и […]

Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија


Македонската филхармонија вечер од  20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47. „Денови на македонската музика“. Оркестарот ќе го води диригентот од Швајцарија – Томас Херцог. На програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар“ од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)“ од Дамјан Темков, а […]

Еднодецениско заокружување на видеоуметноста на Тања Балаќ


Проекција на 10 видео-уметнички дела на македонската уметница Тања  Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе биде одржана вечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 […]

Врачени годишните награди на ДПМ (фото)


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), вечерва, пред  мал број писатели, поети и медиуми, беа врачени традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година, за критика и есеј, поезија, проза и литература за деца и млади. Беа врачени наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за […]

Започнува реконструкцијата на салата „Расадник“


На последната владина седница, се усвои информацијата за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е реконструкцијата на култната спортска сала ,,Расадник”!   Култната сала ,,Расадник” конечно ќе се реконструира и повторно ќе биде дом на Вардар, објави градоначалникот […]

Алијансата на Села му „честита“ на Таравари за балансерот


  „Честито Таравари! Балансерот е укинат, нема повеќе вработувања за Албанците“. Со овие зборови крилото на Зијадин ссСела на Алијансата за Албанците ја прокоментира денешната одлука на Уставниот суд за замрзнување на балансерот. „По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација на државата. […]

„Ауди“ ја затвора фабриката во Брисел


Германскиот производител на луксузни автомобили Ауди ја објави продажбата на својата фабрика во Брисел и бара потенцијални инвеститори, изјави шефот на производство Герд Вокер. Во почетокот на јули, Volkswagen Group, чадор-компанија на Audi, навести дека може да ја затвори фабриката на Audi во Брисел поради големиот пад на побарувачката за луксузни електрични автомобили. Volkswagen додаде […]

„Вреди“ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот


  Коалицијата „Вреди“ вечерва објави реакција на одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и замрзнување на балансерот. Оттаму исто така информираа дека работат на нов закон за решавање на ова прашање.  „’Вреди’ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на […]

Воки-токи на Хезболах експлодираа низ цел Либан, 14 загинати


  Новата серија извонредни експлозии насочени кон Хезболах – овој пат кон воки-токи – уби најмалку 14 и рани повеќе од 450 во градовите ширум Либан, додека меѓународните набљудувачи предупредија дека истовремената детонација на илјадници комуникациски уреди со експлозив може да претставува воено злосторство. Целните детонации на воки-токи се случија еден ден откако повеќе од […]

Гаснење пожар на електричен камион – невозможна мисија? (видео)


Пожарникарите од Калифорнија мораа да истурат 190.000 литри вода на запалената батерија на електричниот камион  Tesla Semi за да го изгаснат пожарот. Камионот се запалил откако излетал од патот и удрил во дрво, соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот (NTSB). Покрај огромното количество вода, пожарникарите истуриле и течност од хеликоптер, т.н. „забавувач на […]

Си-Ен-Ен: Израел ги известил САД пред вчерашната операција во Либан, но без детали за тоа што е планирано


Израелските власти ги известиле САД дека ќе извршат операција во Либан во вторник, но не дале никакви детали за тоа што планираат, според три извори запознаени со ова прашање, јави Си-Ен-Ен. Изворите биле запознаени и со телефонскиот разговор меѓу американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот израелски колега Јоав Галант што се одржал вчера […]