Кај Тркање загина пешак, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


AMСМ известува за прекин на сообраќај: Од 8 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на с.Тркање, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува по експресниот пат.  Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање. Од СВР […]

Нацевска: Рамката на раководење и транспарентноста клучни за одржување на кредибилитетот на централните банки


Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на регионалната конференција на високо ниво на којашто зедоа учество извршни и неизвршни членови на органите на раководење на централните банки на Југоисточна Европа. На конференцијата се зборуваше за клучните предизвици во раководењето, управувањето со ризиците и транспарентноста на централните банки, во денешното окружување подложно на брзи промени. […]

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет


Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведено ремек-делото од Џузепе Верди, операта „Набуко“. Како што информираат од Национална опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф […]

МОН доделува стипендии за постдипломски и докторски студии – може и со 180 ЕКТС


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи […]

Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад […]

Вечерва почнува 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 45. издание.    Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филмот „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА […]

Два биса за Стефан Миленковиќ со „Профундис“: Скопје уживаше во безвременска концертна магија


Скопје, синоќа, во големата преполна сала на Филхармонија, ја имаше честа да го види, да го слушне и да ужива во виртуозното музицирање преполно со емоции на српскиот виолинист од светски ранг, Стефан Миленковиќ, во вториот дел од тешката програма ( П. И. Чајковски, Н. Паганини, К. Сен-Санс, Ж. Масне, А. Бацини и П. Сарасате) […]

Речиси 75 милиони евра конфискувани на раководството на Јувентус


Судот во Торино одлучи да одземе речиси 75 милиони евра од сопственикот на Јувентус, Џон Елкан. Станува збор за финансиски средства, движен и недвижен имот. Братот на Елкан, Лапо, неговата сестра Гинерва и претседателот на клубот Џанлука Фереро исто така се под истрага за „даночна измама“ и „измама на штета на државата“. Семејството Елкан, наводно, […]

Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја


Обилни дождови синоќа ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе. Денеска беше издадено предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е […]

Претставничкиот дом на САД одобри нацрт-закон за заштита на претседателските кандидати


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера едногласно одобри нацрт-закон за зајакнување на заштитата на претседателските кандидати што ја врши тајната служба. Текстот е усвоен по два обиди за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Текстот на предлогот е испратен на разгледување во Сенатот и ја повикува тајната служба да дава иста заштита за обезбедување […]

Се слави Мала Богородица – во Скопје донесена иконата „Троеручица“ од манастирот Хиландар


Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии. Во предвечерието на великиот празник, синоќа во Скопје беше донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. По свечениот пречек на иконата пред храмот „Рождество на […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде […]

Во нападот на магацинот во Твер Русија загуби муниција за два месеци војна


  Како резултат на нападот на украинските вооружени сили на воен склад во областа Твер, Русија загуби двомесечна набавка на муниција, изјави шефот на разузнавачкиот центар на естонските одбранбени сили, полковник Антс Кивиселг. Според него, во градот Торопетс биле уништени околу 750 илјади муниции со вкупна тежина од 30 илјади тони. Во просек, Русија троши […]

Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов рекорд


 Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле. Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за околу 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година. Една третина од тие бегалци дошле […]

Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд


 Половичен успех забележаа македонските селекции на 45 шаховска Олимпијада која до недела се одржува во Будимпешта. Македонската машка селекција загуби со 1.5 – 2.5 од Шведска, додека дамите извојуваа максимална победа од 4-0 во дуелот со Нов Зеланд. Шведска ја обезбеди победата над македонските шахисти на третата и четвртата табла на кои Емил Ристески и […]

Десетина куќи поплавени поради интензивен дожд во тетовска Мала Речица


 Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица. Поплавите се на неколкуте места каде постојано се јавуваат проблеми при поинтензивен дожд како на булеварот „Благоја Тоска“ спроти касарната и во Мала Речица. -До 20 часот […]

Израел уби воен лидер на Хезболах кого САД го бараат 40 години


  Израел изврши воздушен напад во јужните предградија на Бејрут во петокот, во кој загинаа најмалку 12 лица, а беа ранети 66, во, како што рече, целното убиство на висок лидер на Хезболах. Израелската војска соопшти дека во нападот бил убиен Ибрахим Акил, личност од највисокиот воен совет на групата, кого САД го бараат поради […]

Во три американски држави започна предвременото гласање за претседателските избори


Во Минесота, Јужна Дакота и Вирџинија денеска започна предвременото гласање за претседателските избори во САД, со што започна шестнеделниот процес кој ќе заврши на 5 ноември. До средината на октомври ќе гласаат уште десет сојузни држави. „Кога би можел да мавтам со магично стапче во моментов, би сакал две работи, од сега до 5-ти ноември […]

Софија Лорен, филмскиот мит, слави 90 години


Италијанската ѕвезда Софија Лорен, кино икона со два Оскари во Холивуд, го прославува својот 90-ти роденден во петок во Рим, само неколку дена пред француската актерка Брижит Бардо. Двете диви помогнаа да се дефинира филмот во 20 век, станувајќи меѓународни културни икони и почитувани од милиони ширум светот. „Софија Лорен, митот е стар 90 години“, […]

Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА


Раководството на УЕФА, предводено од првиот човек Александар Чеферин, генералниот секретар Теодор Теодоридис и директорот за национални асоцијации Зоран Лаковиќ одржаа состанок во францускиот град Кан со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска. […]