Ѓурчинова, Здравески, Бабамова, Поповска и Јурчева – петте финалисти за наградата „Драги“


Пет преведувачи со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици влегоа во последниот круг на селекцијата за наградата за најдобар превод „Драги“. Како што одлучи жири комисијата во состав на д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски, петте финалисти се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на […]

„Сокол“ најмногу демне над учениците во Скопје


И покрај програмската определба на Владата за државно обезбедување на училиштата наместо тоа да биде во рацете на приватни агенции, почетокот на новата учебна година откри дека заложбата останува само идеја на хартија. Медиумите сѐ погласно бараат одговор на прашањето дали и зошто Владата се откажа од оваа замисла, а порталот „Пари“ ги анализира јавните набавки за […]

Ѕидовите на Музејот на современа уметност ќе ги исцртуваат Дан и Лиа Пержовски


  Музејот на современа уметност ќе се нареди покрај другите светски уметнички институции каде свој белег ќе остават познатите романски уметници Дан и Лиа Пержовски. Тие веќе ги исцртуваат ѕидовите на МСУ и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Уметничкиот […]

Како виното, чајот и бобинките можат да ви помогнат да го намалите ризикот од деменција


Една нова студија открива дека јадењето шест дополнителни порции храна богата со флавоноиди дневно може да го намали ризикот од деменција за 28 проценти, особено кај оние со висок крвен притисок, депресија и висок генетски ризик. Најголемо намалување на ризикот е забележано кај луѓето кои консумирале најмалку две од следниве на ден: пет шолји чај, […]

Пет апарати за домаќинство кои не треба да се приклучуваат во продолжен кабел! Тие можат да предизвикаат пожар


Без разлика колку штекери има вашиот дом, понекогаш се чини дека нема доволно и дека секогаш ни недостига дополнителен, токму кога ни е најпотребен. Тогаш пристигнуваат продолжните кабли за прва помош. Овие корисни адаптери може да се видат речиси во секоја куќа и се совршени, на пример, за полнење телефон или за светилка што сте […]

Македонскиот шахист на ШК Алкалоид, Тони Лазов, олимписки вицешампион


Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта. Лазов, кој го почна турнирот со рејтинг 2360, освои 7,5 поени од осум партии и со рејтинг-перформанс 2763 заврши втор на втората табла, зад олимпискиот првак, велемајсторот Таи Даи Ван […]

Проверете кои се најуспешните компании во Македонија според „Бизнис лидер“


Проектот „Бизнис Лидер“ го комплетираше рангирањето на најуспешни македонски компании во првите 10 категории од вкупно 22 категории од повеќе индустриски сектори. Најдобро рангираните компании во овие категории ќе бидат наградени врз основа на нивните резултати во 2023 година според објективните рангирања на Бизнис Мрежа за вкупниот приход, профит и број на вработени. Во категоријата […]

Македонската филхармонија в четврток ќе гостува во Дубровник


Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на Кнежев двор. Солистка на концертот ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и […]

Фрлена експлозивна направа врз студенти пред ректоратот во Нови Сад: Има повредени


Рано утрово пред зградата на Ректорот во Нови Сад се случи инцидент во кој беа нападнати студенти од неформалната група СТАВ. При нападот се повредени двајца студенти Нападот го извршиле лица кои наводно се задолжени за обезбедувањето на Ректоратот. Утрото околу 5 часот и 30 минути, врз студентите била фрлена експлозивна направа, чија експлозија одекнала […]

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 22 до 29 степени


Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица. Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, […]

Почнува судењето за фемицидот што ја потресе Италија: Студентка беше брутално убиена од нејзиното поранешно момче


Во понеделник во Венеција почнува судењето на Филипо Турета (22) за убиството на неговата поранешна девојка со десетици убоди: случај што ја потресе Италија, земја која се уште е во голема мера под знакот на патријархатот, пишува агенцијата Франс прес. Грозоморното убиство на Џулија Чекетин (22), студентка по биомедицински инженеринг на Универзитетот во Падова, во […]

Душко Чифлиганец на EqualXChange конференцијата: „Мое златно правило е секогаш да се опкружувам со попаметни луѓе од мене“


По повод меѓународниот ден на еднакви плати, на 20 септември во организација на Алијансата за родова еднаквост, се одржа третата годишна конференција на тема “EqualXChange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys”. На конференцијата гостуваа интересни гости од различни области кои преку панел дискусии, студии на случај и keynote говори, ги претставија нивните инспиративни животни и кариерни приказни […]

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред


Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]

Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на […]

Барселона без голманот Тер Штеген околу осум месеци


Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген тешко се повреди на вчерашниот натпревар со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига. Според „RAC1“, на Германецот му била дијагностицирана пукната тетива на пателата на десното колено. Забележано е дека периодот на закрепнување на голманот ќе биде околу осум месеци.  Барселона се уште не ја коментира природата […]

Како Франција ја престигна Русија во извозот на оружје


Додека со години се зборува за се полошата позиција на Европската унија во светот кога станува збор за технолошките прашања и се претставува како континент кој го губи приматот во однос на САД и Кина, една вест укажува дека ова не е случај во сите области. Минатогодишната статистика за извоз на оружје, која ја следи […]

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште. – Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и […]

Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети


Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми. Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција. Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога полицијата добила дојава дека непознат маж влегол во продавница во областа Обухив и почнал да пука. Напаѓачот ги ранил продавачот и […]

Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка. – Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме […]

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје


Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени синоќа во воздушните напади на руските сили врз Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров. Федоров на Телеграм објави дека се повредени седум жени, пет мажи и едно 15-годишно момче, пренесува агенцијата Укринформ. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, според првичните информации од теренот, […]