Починал кумановец откако паднал во близина на стадионот ФК Башкими


Во четвртокот, во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово. Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК Башкими на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата […]

КХВ потврди дека преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка е неуспешно


Преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје е неуспешно. Комисијата за хартии од вредност денска донесе решение со кое утврдува дека понудата на Комерцијална банка се преземање на акции од Стопанска банка е неуспешна.  – Ова решение КХВ го донесе откако согласно член 47 став 3 од Законот за […]

Почина легендарната професорка од „Хари Потер“ беше почестенa за својата работа од самата кралица


Лејди Меги Смит, позната на помладите генерации по улогата на професорката Мекгонагал, почина на 89-годишна возраст. Британската актерка Меги Смит почина утрово на 89-годишна возраст во болницата во Челзи и Вестминстер, потврдија нејзините синови Крис Ларкин и Тоби Стивенс. „Со голема тага ве известуваме за смртта на Дам Меги Симпсон. Таа утрово почина мирно во […]

Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника


Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски. Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека […]

Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазија


  Да беше во кожата на Украина, Будимпешта немаше да се бори со Русите, изјави главниот помошник на премиерот Виктор Орбан. Балаш Орбан, политичкиот директор на неговиот истоименик (но без роднинска врска со него), беше гостин во подкаст во средата каде што зборуваше за самоодбраната на Украина од руската агресија. „Секоја земја има право да […]

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, ќе поевтинат ли 2.500 производи


Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што […]

Поради бурата Хелена прогласена вонредна состојба во шест американски сојузни држави


Шест американски сојузни држави прогласија вонредна состојба откако тропската бура Хелена го погоди југоисточниот дел на САД. Вонредна состојба е прогласена во 61 од 67 окрузи на Флорида и во 159 окрузи во Џорџија. Вонредна состојба е прогласена и во Алабама. Предупредување е издадено за 60 милиони луѓе во 12 сојузни држави. Невремето пристигна до […]

Како пропадна „југословенскиот Лас Вегас“?


На западниот брег на хрватскиот јадрански остров Крк, некогаш имало мало рибарско село, каде што туризмот почнал да се развива во последните десетлетија на 19 век. Околу 100 години подоцна, на почетокот на 1970-тите, во екот на туристичкиот бум во поранешна Југославија, изграден е хотелско-рекреативниот комплекс „Халудово“. Централниот дел на проектот и амбициозната визија на […]

Јапонија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан и подготвува авиони за евакуација


Јапонија ги повикува своите граѓани да го напуштат Либан и одлучи да подготви воени авиони за нивна евентуална евакуација. – Во моментов ја проверуваме безбедноста на јапонските граѓани кои живеат во Либан, а исто така ги повикуваме да ја напуштат земјата додека редовните комерцијални летови се во функција, изјави портпаролот на јапонската Влада. Неколку часа […]

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна


На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи. Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање.  Директорот на училиштето Александар […]

Место зграда, ќе се гради катна гаража до пазарчето во Ѓорче Петров


Со мнозинство гласови советот на Општина Ѓорче Петров изгласа отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за Градска четврт СЗ 15, Блок СЗ 15.03, за обезбедување локација за нова катна гаража! „По години на недостаток на паркинг простор во Реонскиот центар, конечно се преземаат конкретни чекори за решавање на овој проблем кој го […]

Општина Аеродром: Правно лице казнето со 10 илјади евра за палење отпад


Општина Аеродром изрече парична казна во висина од 10 илјади евра на правно лице за палење отпад на отворен јавен простор. Имено, при вонреден инспекциски надзор извршен на 24 септември на бул. „Видое Смилевски-Бато“ бр. 13, е затекнат отпад од остатоци од градежни материјали што бил спален од страна на фирма подизведувач во градежни активности. […]

Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес-конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски негираше дека заемот што и го даде на Македонија има кинеско потекло, и место тоа тврдеше дека може да ни дава пари дојдени – само од Европа.  „Кинески заем, конески пари не можеме да даваме бидејќи имаме договор со Кина и тие одат […]

Белград доби нова автобуска станица, првите поаѓања в недела


Во Белград денеска беше отвoрена нова меѓуградска автобуска станица, во блок 42 на Нов Белград, каде што порано беше „Бувјакот“, а првите тргнувања ќе бидат в недела на 29 септември, јави дописникот на МИА од Белград. Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ на отворањето на автобуската станица (БАС) рече дека оваа инвестиција е вредна 17 милиони […]

Се унапредува гимназиското образование


Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди. Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна […]

Раст на извозот на храна од ЕУ во првата половина од 2024 за 116,4 милијарди евра


Во првите шест месеци од оваа година вкупниот извоз на прехранбени производи во ЕУ достигна 116,4 милијарди евра, што претставува зголемување за 1,1 милијарди евра или еден отсто во однос на истиот период лани, покажува Извештајот на Европската комисија за извозот во земјоделско-прехранбениот сектор на Унијата објавен денеска.  Според Извештајот, во посочениот период ЕУ остварила […]

ФФМ за една недела суспендира и трет стадион – овојпат во Куманово


По терените во Кавадарци и Неготино сега е суспендиран и стадионот на Башкими во Куманово. „ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“


Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“. Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски. -Драго ми е што младата […]

Град Скопје: Приватните превозници барале поскапување на услугите, Славевски не го ставил на разгледување


,,Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред […]

Дачиќ: Оружјето во гаража во Нов Белград е на криминална група од странство


 Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ зборувајќи за арсеналот на оружје пронајден вчера во гаража во Нов Белград, изјави дека тоа е „очигледно“ подготвувано за извршување на тешки кривични дела и дека е осомничена криминална група која тоа логистички го подготвувала и која дејствува и во странство, јави дописникот на МИА […]