Руски напади во западните региони на Украина


 Руските сили синоќа извршиле голем напад врз Украина, главно во западните региони, со дронови камикази и ракети, а по нападот избувна пожар во индустриски објект во регионот Киев, пренесуваат украинските медиуми. Руските сили лансираа вкупно 53 нападни дронови Шахед-131/136, од кои 48 беа соборени, соопшти на Телеграм командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на […]

Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност


Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА. Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело […]

Почнува 58. МТФ „Војдан Чернодрински“


 Со претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов, вечер во Прилеп, во Домот на културата „Марко Цепенков“, ќе биде отворен 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот ќе се одржува до 14 јуни под мотото „Промени се, промени […]

Макрон: Франција на Украина ќе ѝ испрати борбени авиони „Мираж“


Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека неговата земја ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони „Мираж“, а француската армија ќе ги обучува украинските пилоти. Макрон повтори дека на Украина треба да ѝ се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките […]

Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба


Четири руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе пристигнат во Хавана следната недела, соопштија кубанските власти. Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите ќе бидат во Хавана од 12 до 17 јуни, истакнувајќи дека ниту еден од нив нема да носи нуклеарно оружје и уверувајќи дека нивното присуство „не претставува закана […]

„Летај галебе“ – Младите за маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола


Со концерт на Камерниот оркестар од Битола и 11 млади интерпретатоти, вечер почнува со реализација проектот „Летај галебе“ – посветен на творештвото на маестро Кире Костов.  Според организаторите, настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, […]

Почнува 14. Филозофски филмски фестивал


Со проекција на шпанскиот филм „Затвори ги очите“ на режисерот Виктор Ерисе, вечер во 21 часот во Летното кино во Кинотеката ќе почне 14. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) кој ќе трае до 13 јуни, во организација на Филозофското друштво на Македонија и во соработка со Филозофскиот факултет на УКИМ.  Филмот е меѓу петте долгометражни во […]

На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата


Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и […]

Изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на уметникот Албан Муја во МСУ


 Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ од Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Албан Муја (1980, Република Косово) создава видео инсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествена, политичка и […]

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Карпош и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Александар Урдаревски“, околу ресторан „Бон Бон“ во Општина Бутел. Во периодот од 12:00 до 14:00 […]

Младинска конференција на тема „Образование и млади“


Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.  -Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти […]

Промоција на прирачник за читачки навики „Лектирата не е бауч“


На ФОН Универзитетот денеска ќе се одржи промоција на прирачникот „Лектирата не е бауч“ од доц. д-р Габриела Неделкоска, проф. д-р Љубица Кардалеска-Радојкова и проф. д-р Татјана Срцева-Павловска. Овој прирачник, соопштуваат авторите, е базиран на искуствени практики и е резултат на длабинска анализа и истражување на читачките навики кај младите. Прирачникот содржи серија на предлог-активности […]

За викендот сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 […]

Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. […]

Партијата на Орбан со најголеми трошоци за онлајн рекламирање за Евроизборите


 Партиите ги зголемија своите трошоци за онлајн рекламирање во трката за гласови за изборите за членови на Европскиот парламент што се одржуваат неделава, при што лидер во оваа пропаганда е партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која потроши најмногу средства за изборна кампања на платформите на „Гугл“, на „Фејсбук“, „Инстаграм“, како и нејзината мрежа […]

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија


Коалицијата на Зелената левица (ГЛ) и Лабуристичката партија (ПВДА) освои најголем број гласови и осум од 31-то холандско место во Европскиот парламент на вчерашните Европски избори во Холандија, покажуваат резултатите од излезната анкета на агенцијата ИПСОС спроведени за потребата на холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според излезната […]

Германија и Франција се борат олигарсите на Путин да не останат без БМВ и „мерцедеси“


БРИСЕЛ – Руските олигарси се радуваат: Сè уште нема да мораат да се збогуваат со нивните фенси БМВ или „мерцедеси“. Германија се спротивставува на напорите на Европската унија да ја затвори дупката што им овозможува на висококвалитетните стоки, вклучително и луксузните автомобили, да стигнат до Русија преку Белорусија, изјавија четворица дипломати на ЕУ за ПОЛИТИКО.Тројца […]

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ги поделиле местата и за третиот ешалон


Мандатарот Хистијан Мицкоски и лидерите на коалицијата Вреди вечерва ја финализират владата. Изет Меџити  за ТВ 24 потврди дека вечерва се очекува да си подадат рака. – При крај се преговорите и коалицијата Вреди и со ВМРО ќе се затворат преговорите за формирање на влада. Принципите на новата влада се утврдени, програмите се хармонизирани и […]

Гир вели дека владата треба да го реши прашањето со уставните промени


Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма. „Не мислам дека ситуацијата се има драстично променето од пред изборите до после нив“, рече Гир.  Додаде дека по скоро двегодишни преговори со Бугарија се постигнал договор со кој се одблокирал евроинтегративниот […]

Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет


Врховниот судија Исамедин Лимани и судијата од Апелациониот суд Битола, Александар Камбовски, се нови членови на Судскиот совет по денешното гласање за избор на двајца членови на Советот од редот на судиите. Резултатите од денешното гласање на судиите од Врховниот суд и од оние од апелационото подрачје Битола на прес-конференција ги објави претседателот на Комисијата […]