Девизните резерви на крајот на мај 4,29 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 4.293,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,7%) и монетарното злато (11,2%).

ЕК: Црна Гора направи важен чекор кон ЕУ


Во својата оценка, Европската комисија наведе дека, генерално, Црна Гора ги исполни привремените стандарди, постигна добар резултат на ниво на усогласеност и бележи напредок во примената на правото на Европската унија и европските стандарди во поглавја 23 и 24. Toа се наведува во документот што го изготви Советот на ЕУ по состанокот на дипломатите од […]

Гир очекува новиот парламент да работи на членството на земјава во ЕУ


Собранискиот спикер Африм Гаши денеска ја оствари првата средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници на Делегацијата на ЕУ по преземањето на функцијата.Од средбата на евроамбасадорот Дејвид Гир и собранискиот спикер Африм Гаши На средбата, како што пренесува собраниската прес-служба, Гир изразил очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено во остварување на стратегиската […]

Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар


Утрово, во 2.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале […]

Три американски компании заедно вредат повеќе од кинеската берза


Мајкрософт, Нвидиа и Епл во моментов, заедно вредат повеќе од кинеската берза. Со вкупна пазарна капитализација од околу 9,2 билиони долари, трите највредни технолошки компании ги престигнаа сите акции вредни околу 9 билиони долари со кои активно се тргува на кинескиот пазар, без Хонг Конг, пренесува Блумберг Адриа. Побарувачката на инвеститорите за вештачка интелигенција (ВИ) доведе […]

Нови 38 случаи на голема кашлица, шестмина хоспитализирани


Од 31 мај до 6 јуни, во државата се регистрирани 38 нови случаи на пертусис, познат како голема кашлица. Шестмина од новозаболените се хоспитализирани. Најголем дел од случаите, 26, се од Скопје, додека во Битола се пријавени четири, во Тетово три, а по еден случај во Пробиштип, Прилеп, Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Ова го соопшти […]

ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили


Одделот за епидемиологија на заразни болести при ЈЗУ Институт за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска од 26 април до 4 јуни. Сите три случаи биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат денеска од ИЈЗ. Воедно, периодов регистриран е и првиот случај на […]

Лани во земјава се родиле 14 бебиња од мајки помали од 15 години


Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени. Бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година. Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки […]

Предноста на Трамп пред Бајден се намали по пресудата


  Откако поротата на Менхетен го прогласи Доналд Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за кривични дела минатата недела, републиканците се групираа околу поранешниот претседател, инсистирајќи дека пресудата само ќе ѝ наштети на позицијата на Џо Бајден на претседателските избори. Но, некои нови податоци од анкетите фрлаат сомнеж врз тој аргумент, бидејќи мал, […]

Во првите четири месеци извозот со пад од 5,3 проценти, увозот зголемен за 3,8


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април годинава изнесува 2 639.1 милиони евра и бележи пад од 5,3  проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 754.9 милиони евра, што е за 3,8 проценти повеќе во споредба со  првите […]

Повик за обука за спасители на вода во Струга


 Општинската организација на Црвен крст во Струга денеска објави повик за пријавување кандидати за обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе се реализира од 20 до 30 овој месец, според повикот, содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност […]

Што ќе остане од Министерството за економија откако ќе ги загуби главните сектори


  Му земаат четири сектори, а му додаваат три – вака накусо ќе изгледа трансформацијата на Министерствотo за економија, едно од најзначајните во досегашната поставка на органите на управата, во кое беа сконцентрирани исклучително значајни надлежности – почнувајќи од оние во енергетиката, туризмот, надворешната трговија, минералните суровини… Наместо нив, според Предлог законот за изменување и […]

По информациите за птичји грип во Мексико, земјава го подигна нивото на внимателност


По добиените информации од Светската здравствена организација (WOAH) со кои е потврдена првата смрт на човек заразен со поттипот на птичји грип H5N2 во Мексико, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе продолжи на дневна основа да ја следи состојбата и доколку се процени дека има потреба, ќе преземе соодветни мерки. Како што изјави за […]

За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95


Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува  80 денари за литар,   додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму […]

Руска судијка падна низ прозорец


Пензионираната московска судијка Наталија Ларина (50)падна од прозорецот на нејзиниот стан.  Непосредно пред нејзината смрт, таа наводно пријавила во полиција дека измамници ја убедиле дека нејзината банкарска сметка е под закана од луѓе кои сакале да и испратат средства за помош на вооружените сили на Украина. Таа ја префрлила својата готовина (20.000 долари) на друга […]

Во „Свети Наум Охридски” се оперираат само итни пациенти од цела држава – Клинички да проработи!


Раководителот на Одделот за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, денеска во изјава за медиуми рече дека работат со полн капацитет, во услови на проблем со хируршките сали на Клинички. -Во принцип секогаш работиме со полн капацитет. Сега во последниот период со актуелната состојба, стопроцентно нашиот ангажман е околу […]

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години


Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал. Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри […]

Деспотовски ги повика на јавна дебата кандидатите за лидер на СДСМ


Јован Деспотовски, како кандидат за нов лидер на СДСМ, ги повика конкурентите на јавна дебата бидејќи според него тоа им го должат на членовите. „Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на јавни дебати.Тоа им го должиме и на членовите, но и на сите граѓани, кон кои и денес и во […]

7 јуни во историјата – Холивуд беше шокиран, умре Џин Харлоу


  На 7 јуни 1937 година, Холивуд беше шокиран кога дозна за ненадејната и трагична смрт на актерката Џин Харлоу, која на 26-годишна возраст подлегнува на труење со уремик (сега попознато како акутна бубрежна инсуфициенција). Родена како Харлин Карпентер во Канзас Сити, Мисури, таа се пресели со нејзината мајка во Лос Анџелес како дете откако […]

Општина Центар: Времени активности на ЕВН во Паркот франкофонија


Општина Центар известува дека ЕВН Македонија АД започна со активности на терен во дел на Паркот франкофонија за да обезбеди времен пристап за изградба нови електроенергетски објекти, односно нов 110 кВ вод во Општина Центар, што е од витално значење за квалитетно напојување и инфраструктурен развој на општината и Град Скопје. Планираните активности со поставување […]