Јоаким Лев нема да биде селектор на Србија: Познатиот стручњак ги демантираше гласините


Иако во претходниот период во српските медиуми се појавија информации дека славниот Јоаким Лев би можел да го преземе кормилото на српската фудбалска репрезентација, која се најде во центарот на вниманието по елиминацијата веќе во групната фаза на ЕУРО, веста не е точна и поранешниот селектор на Германија нема да го наследи Пикси на клупата […]

Кои земји имаат највисок данок на добивка (инфографика)


По азиската финансиска криза во 1999 година, владините претставници од 20-те најголеми светски економии одлучија да се состанат неформално за да ја координираат трговската политика. Така започна Г20. Заедно, блокот сочинува повеќе од 85% од светската економија и е заслужен за обединета политичка акција како одговор на светските настани. Сепак, и покрај оваа заедничка припадност, […]

Ждрепка за Вимблдон: Дуел Ѓоковиќ – Алкараз е можен само во финалето


Денеска е одржана ждрепката за тенискиот Грен Слем Вимблдон, а дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз би можел да се случи дури во финалето. Србинот за прв ривал од носителите би требало да го има Томас Ечевери од Аргентина, а во осминафиналетоби го чекај Холгер Руне. Во евентуалното 1/4 финале би се сретнал со […]

Туск: Полска ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон


Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој започнува на 9 јули, Туск во Варшава ќе разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Морам да одредам заедно со министерот за одбрана […]

14-годишно момче почина откако врз него падна бојлер додека се туширал


Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер додека се туширал . Неофицијално се работи за 14 годишно момче. “Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата […]

Членови на планинарскиот клуб „Осогово“ од Кочани искачија три врва над 4.000 метри на Алпите


Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 […]

Со брошура ќе се алармираат жените за ендометриозата


Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката. Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника […]

Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните. Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски […]

Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи


Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи.  Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен […]

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч


аратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска. Во финалето во категоријата над 84 килограми тој се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место […]

ЕВРО2024: Грузијците наградени со 10.7 милиони долари од поранешниот премиер Иванишвили


Тбилиси – Основачот на грузиската владејачка партија, милијардерот и поранешен премиер Бидзина Иванишвили, најави дека ќе донира 10,7 милиони долари за националниот фудбалски тим како награда за победата над Португалија и пласманот во осминафиналето на ЕВРО2024. Во соопштението за печатот, неговата грузиска партија соопшти дека Иванишвили му честитал на националниот тим и ветил пари од […]

Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП


Народната банка денеска излезе со најнови податоци за нето надворешниот долг. Според овие податоци, заклучно со 31 март нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра или 29,9 проценти од проектираниот БДП. – Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 проценти. Од аспект […]

Стручна обука за младите од Западен Балкан за вработување во автомобилската индустрија


Во земјите од Западен Балкан постои висока невработеност меѓу младите, а истовремено има значителен недостиг од механичари и возачи на камиони. Со цел да помогне околу решавањето на овој проблем, Шведска преку Сида, заедно со Хелветас и Групацијата Волво, ќе соработуваат во стручната обука што се темели на потребите на автомобилската индустрија. Силен акцент ќе […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа, а зголемена на годишно ниво


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 5,49 проценти и на месечна основа е намалена за 0,02 процентни поени, а на годишно ниво бележи раст од 0,40 процентни поени. Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 1,86 проценти и бележи месечно и годишно зголемување од 0,04 и 0,64 процентни поени. Кај новоодобрените кредити, […]

Вашингтон ќе му испрати на Израел бомби тешки над 200 килограми


Американските и израелските власти соопштија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе пушти пратка со бомби тешка повеќе од 200 килограми, кои требаше да бидат дел од пратката за Израел, која беше суспендирана минатиот месец. Според американски и израелски официјален претставник, САД се подготвуваат да ги испорачаат бомбите, истакнувајќи дека администрацијата на Бајден разгледува […]

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година


 Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители.  Исто така произлегува дека во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за […]

Приведена Бугарка која во Чаир користела фалсификувана лична карта


Во четвртокот, во 13.05 часот, на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода З.А.И.(52) од Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ. Таа во банка во Скопје […]

МојДДВ продолжува со примена, сумата за поврат останува иста


Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител. „Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните (2.100 денари, заб.). Ќе се […]

Грчко МНР: Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на иредентизам


Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна […]

Кафе-лимонада, освежување какво што до сега не сте пробале


Неочекуваната комбинација на еспресо и лимон ни носи летен пијалок кој буди и дава енергија. Киселоста на лимонадата добро се комбинира со богатиот вкус на кафето, создавајќи уникатен, освежителен пијалок. Кафе-лимонадата се прави многу лесно, само треба да го изладите еспресото откако ќе го сварите. Ако сакате освежителни пијалоци, можеби ќе сакате да направите и […]