Поскапуваат горивата


Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, 83 […]

(Во живо) Потпорниот ѕид кај Клинички може да се поправа цело лето


Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), се одржа координативен состанок за  опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје. Како што информираат од ЦУК, на состанокот беа претставници на Град Скопје и на Општина Центар, но не дошле претставници од Министерството за здравство. Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да […]

Високите температури причина за зголемен број на колапси – пијте течности и не излегувајте во најжешкото


Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на копласи на јавни места независноста од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност… Се препорачува излегување надвор од домот […]

ЕУ ги продолжи санкциите воведени поради руската анексија на Крим за уште една година


Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година.  Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи […]

Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок […]

Реал Мадрид му забрани на Мбапе да игра на Олимписките игри


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим на Игрите во Париз бидејќи Реал Мадрид не дозволува.   Мбапе во март порача дека сака да игра на Олимписките игри во Париз, но бидејќи олимпискиот фудбалски турнир не е во календарот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи. […]

Лето со „Три“: Попусти, промоции и фестивалски денови


ТРИ ги повикува сите читатели ова лето да патуваат во новитетите – светските бестселери како што се новата романса на Али Хејзелвуд, авторката на „Љубовна хипотеза“ и „Љубовни неврони“, новите психолошки трилери на Ју Несбе и Стив Кавана и, секако, нови наслови од областа на психологијата и личниот развој. Ни ги најавуваат „Осум правила на […]

Драмата во Лос Анџелес продолжува: Пожарот се шири (фото/видео)


Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе. Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП. Засега нема извештаи за жртви. Шефот на противпожарната служба на округот […]

Над 16.000 месари-жртвувачи повредени на првиот ден на Курбан Бајрам во Турција


Најмалку 16.000 месари-аматери се повредени на првиот ден на Курбан Бајрам во Турција, при обичајот со колење животни за празникот, според министерот за здравство, Фахретин Коча. Состојбата е таква бидејќи месото го подготвуваат луѓе кои не се професионалци во тоа. „На првиот ден од Бајрам, околу 16.000 луѓе побараа помош во здравствените домови ширум земјата […]

Струмичанец со тројца малолетници нападнале сопруг и сопруга во нивниот дом


 Полицијата го сомничи Е.М. (37) од Струмица дека синоќа заедно со тројца малолетници физичи го нападнале Е.И. (23) и неговата сопруга во нивниот дом во Струмица. При нападот со остар предмет му нанел повреда на младиот струмичанец. Како што соопштија денеска од СВР Струмица, напаѓачот бил лишен од слобода и бил задржан во полициската станица […]

Директорка од Битола понижувала, психички и физички малтретирала вработени, утврди Трудовата инспекција


Директорка на државна институција од Битола, под капата на МОН, понижувала, вознемирувала и ментално малтретирала вработени на работно место, а една од вработените и физички ја нападнала, утврдила Трудовата инспекција од Битола и целиот предмет, заради тежината на обвинувањата кои влегуваат во доменот на кривично дело, го предала до Основното јавно обвинителство во Битола да […]

Косовскиот министер за заедници изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на ЗСО


Косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО). Рашиќ посочи дека ЗСО треба да потсети дека меѓународните договори имаат поголема сила од локалните закони и дека обврските мора да се почитуваат, објавија денска косовски медиуми. Тој додаде дека […]

Делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија


Во Антверпен  на 17-тото издание на конгресот на Јурочемберс од 12-14 јуни, беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот Сашо Дукоски, Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK. Конгресот на Јурочемберс 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен, и Владимир Длоухи, претседател на […]

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда, на 19 јуни во Скопје


Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје кое е под мотото „Најдоброто од Франција“, имаат чест да ве известат и да ве поканат на интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели денес и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Средбата ќе се одржи во среда, 19 јуни 2024, во 19 часот, во […]

Швајцарски музеј отстрани ремек дела на Моне, Ван Гог и Гоген, поради сомнеж дека биле украдени од нацистите


Уметничките дела кои се под истрага вклучуваат слики од Клод Моне, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, јавува Би-Би-Си. Долго време има сомнежи за потеклото на парчето во колекцијата на Емил Бурле, именувана по трговецот со оружје кој своето богатство го заработил за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи им оружје на нацистите. […]

Пет години од смртта на Кирил Ценевски


Денес, на 17 јуни, навршуваат точно пет години од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија. Неговиот првенец и  дебитантски игран филм ЦРНО СЕМЕ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм („Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот […]

Воената влада на Израел се распушти: Почна хаосот (Видео)


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година. Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху доцна синоќа му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас […]

САД се 15 години зад Кина во нуклеарната енергија


САД заостануваат 15 години зад Кина во развојот на високотехнолошка нуклеарна енергија бидејќи технолошкиот пристап поддржан од државата и големото финансирање му даваат предност на Пекинг, се вели во извештајот објавен денеска. -Кина има 27 нуклеарни реактори во изградба со просечно време на изградба од околу седум години, многу побрзо од другите земји, според студијата […]

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност


Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност, како важен предуслов за раст на економијата, порача гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на 11. Регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Како што посочи, кризите […]

Европските берзи пораснаа на почетокот на неделата


На европските берзи утринава пораснаа цените на акциите, што најмногу се должи на корекцијата по минатонеделниот остар пад. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од два отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 8.165 поени, додека франкфуртски DAX порасна […]