Во Мексико убиен уште еден новинар


– Во Мексико е убиен новинарот Виктор Кулебро Моралес (39), кој беше главен уредник на порталот за вести Realidades со повеќе од 20.000 претплатници на Фејсбук. Телото на Моралес е пронајдено на пат меѓу градовите Ариага и Хикипилас, на југот на земјата, соопшти Обвинителството. Покрената е истрага за убиство. На телото на новинарот имало траги […]

Вучевиќ: Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација


Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави денеска дека за Србите на Косово секој ден е „терор“ и дека премиерот на Косово, Албин Курти, би сакал Србија да направи „погрешен чекор“ за да дојде до ескалација, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на Радио-телевизија на Србија (РТС) рече дека „Курти продолжува со својата политика“, дека […]

„Друштво Преспа” од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи


 Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и “Бугарите“ и ги смета […]

Министерство за одбрана на Украина: Уништен руски центар за вселенски надзор на Крим


Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија. Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите. „Покрај тоа, […]

Неколкумина повредени во три одделни сообраќајки


Во последното деноноќие се случиле неколку сообраќајни незгоди, во кои учествувал мотор, при што повеќемина се здобиле со повреди. Кај Крани пак, прегазена е малолетничка. Во петокот, во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од […]

Во СДСМ утре 23 илјади членови ќе гласаат за нов лидер


Утре околу 23 илјади членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател на СДСМ. Пред 3 години, кога за претседател на партијата беше избран Зоран Заев, на непосредното гласање од членството се пријавија 68.999 членови. По предлогот на Славјанка Петровска да се одложат изборите во СДСМ, Централната изборна комисија одговори дека ќе ја продолжи постапката […]

Метеж на „Богородица“ – Сообраќајот непречено по претежно суви коловози


 Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ, иако на “Богородица“, забележани се колони од возила. Се препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Алкараз: Дојдов да го освојам Вимблдон


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со најголеми амбиции го пречекува Вимблдон. Алкараз минатата сезона ја освои титулата во Лондон, а истата цел ја има и годинава. „Тука сум да го добијам истиот резултат како минатата година“, рече Алкараз, додавајќи: „Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам […]

Италија и Гугл на суд?


Италија бара од Гугл да плати милијарда евра неплатени даноци и казни, седум години откако американската компанија го реши големиот даночен спор со римските власти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на три извори со директно знаење за ова прашање. Изворите велат дека италијанската агенција за приходи започнала процес со Гугл кој би можел да заврши или […]

Галант: Израел не сака војна со Хезболах, но израелската армија е подготвена за таков конфликт


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека неговата земја не сака војна со либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, додавајќи дека израелската армија е подготвена за можен таков конфликт, јави ДПА. „Работиме на политичко решение. Тоа е секогаш подобрата варијанта“, рече министерот за време на посетата на израелските воени единици во близина на […]

Украинците го погодија моќниот руски систем „прометеј“?


Украинските сили можеби го погодиле најновиот руски систем за воздушна одбрана С-500 користејќи ракети АТАКМС испорачани од САД, објави украински новинар. „Известено е дека најновиот руски систем за противвоздушна одбрана С-500 бил уништен со ракети АТАКМС“, објави украинскиот новинар Андриј Цаплиенко на својот канал Телеграм, без да прецизира кога и каде е уништен системот. Генерал-полковник […]

Димитриевски: Политичката сцена повеќе не е обоена во две бои, ЗНАМ е гарантот дека ќе се работи во интерес на македонските национални и државни интереси


Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Топ тема„ на Телма телевизија, рече дека политичката сцена во Македонија повеќе не е обоена во две бои. Промените се случуваат и никогаш повеќе нема да биде исто. Запрашан зошто се вклучиле во владата и што е […]

Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен


Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен, каде што се одржува дводневниот конгрес на екстремно десничарската германска партија „Алтернатива за Германија“, јави ДПА. Поголема група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон во просторот на салата каде што ќе се одржи партискиот настан. есен, германија, протести (ЕПА) Полицијата употреби палки и бибер […]

Изложување на дела од уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“


Во Слоештица денеска од 18 до 21 часот, ќе бидат изложени делата создадени за време на годинешната уметничка работилница „Арт поинт – Гумно“. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата која беше инспирација за уметниците кои гостуваа на колонијата. Од 15 до 30 јуни, десет уметници од земјава, Грција, Чешка и Србија создаваат […]

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности


  Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. „На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има […]

Концерт на хрватската танцова група „Пријатели на Израел“ на „Скопско лето“


Танцовата група „Пријатели на Израел“ (“HAVERIM SHELL ISRAEL”)  од Хрватска, вечер со почеток во 20:30 часот ќе одржи концерт на Платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на 45. изданиде на „Скопско лето“. Танцовата група „Haverim Shell Israel“ е основана во 1998 година и оттогаш континуирано работи во рамките на […]

ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина и за финансирање палестински терористи


 Советот на ЕУ донесе одлука да воведе санкции кон две физички и четири правни лица поради поддршка на руската агресија на Украина, како и кон шестмина поединци и три компании одговорни за финансирање на палестински терористички групи.  Согласно првата одлука, на листата на санкционирани за „активности со кои се поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет […]

Фон дер Лајен на Инвестициска конференција во Египет


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе престојува во посета на Египет, каде ќе учествува на Инвестициската конференција ЕУ-Египет, што денеска и утре се одржува во Каиро.  Предвидено е Конференцијата да започне со воведни обраќања на Фон дер Лајен и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси.   На Конференцијата се очекуваат околу 1.000 учесници, […]

Сончево и потопло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност […]

Конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД го укина преседанот „Шеврон“, важен за федералните агенции


Со гласови на конзервативното мнозинство, Врховниот суд на САД денеска донесе далекусежна одлука за укинување на 40 години стар преседан познат како „Шеврон“, што веројатно ќе ја отежне работата на федералните агенции во регулирање на области како што се заштитата на животната средина, јавната здравствена заштита и безбедноста на работа. Шест конзервативни судии ја поддржаа, […]