Костимот од новата колекција Victoria Beckham x Mango е голем хит, а ни кралицата Летиција не можеше да одолее


Кралицата Летиција е позната по тоа што често се појавува во јавноста во шик костими, а исклучок не беше и нејзината посета на отворањето на изложбата „Фелипе VI: Деценија од историјата на шпанската круна“ во Мадрид. Имено, шпанската кралица се одлучи за елегантен крем костим од новата колекција Victoria Beckham x Mango, а изгледот дополнително […]

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата. Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз […]

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата


 Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација. МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни. -Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за […]

Десетици илјади Израелци протестираа барајќи избори и враќање на заложниците


Teл Авив – Десетици илјади Израелци учествуваа синоќа на протестите против Владата, барајќи нови избори и враќање на заложниците во Појасот Газа. Протестите се одржуваат со месеци, а се насочени против владата и поради начинот на кој ја води војната против Хамас, која започна на 7 октомври, кога палестинските екстремисти на чело со Хамас го […]

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ


Венко Филипче својата кампања за претседател на СДСМ на внатрепартиските избори во партијата вчера ја продолжи од Битола од каде зборуваше за клучните нови тела кои ги предлага во програмата. Тој особено се задржа на Комисијата за етика и одговорност за која посочи дека е од витално значење за градење на култура на интегритет и […]

Малите партии и нивната улога во Европскиот парламент


Брисел – Пропорционалниот изборен модел за Евроизборите во Германија без цензус за учество во распределбата на 96-те мандати, овозможува места во Европскиот парламент да обезбедат и повеќе помали германски партии, кои немаат свои пратеници во Федералниот или покраинските парламенти во земјата.  Така на последните Евроизбори осум германски партии кои освоија меѓу 0,6 и 2,7 отсто […]

ЦУК: Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни


Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 12 пожари на отворено, од кои четири се уште се активни. Активни се пожарите во Општина Градско, меѓу селата Виничани и Свеќани, каде гори нискостеблеста шума и сува трева, во село Цер, Општина Кичево, каде гори нискостеблеста […]

„Фајненшл Тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра


Белград – „Фајненшл тајмс“ објави проценки дека Србија индиректно, преку други земји, извезла муниција во Украина во вредност од 800 милиони евра од почетокот на руската инвазија на Киев, јави дописникот на МИА од Белград. Проценките споделени со „Фајненшл тајмс“, за кои пишува британскиот весник во написот под наслов „Србија гледа низ прсти тоа што […]

Мицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада


 Република Северна Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател […]

Ќе се проширува патот Понов мост-Богданци, од утре времен сообраќаен режим


АМСМ информира дека од утре на регионалниот пат Р1109 ќе биде поставен времен режим на сообраќај поради реконструкција со проширување. Ќе се проширува делницата Понов мост – влез во Богданци. 

Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје


Приватните превозници од понеделник нема да возат. Трите фирми се договориле да нема протести и да не го блокираат Скопје. Во понеделник ќе возат од 5 до 10 часот наутро, а потоа ќе се вратат назад во гаражите. Ова за Сител го кажа возач кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека причина за ваквата […]

Охридски бисери за кралот Чарлс и кралицата Камила


По повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество Кралот Чарлс Трети со амбасадорката од Македонија во Велика Британија, нејзината екселенција Катерина Ставреска, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, амбасадорката ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од […]

Дел од летовите на аеродромот во Манчестер откажани или одложени поради прекин струја


Манчестер – Голем број летови од аеродромот во британскиот град Манчестер се откажани или одложени откако прекин во напојувањето со електричната енергија во тоа подрачје предизвика големи нарушувања, изјави портпаролот на аеродромот. За прекинот прв јави „Скај њуз“, кој соопшти дека има прекин со напојувањето со струја на аеродромот и во голем број други згради. „Напојувањето […]

Најдоцна до полноќ треба да биде избрана новата Влада


Во Собранието на Северна Македонија денеска (23 јуни) во 11 часот е закажано продолжението на седницата за избор на новата влада што ја предложи мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Седницата треба да заврши најдоцна до полноќ што значи дека од утре (24 јуни) новиот премиер и министрите треба да започнат со работа. Дебата […]

Утрово најсвежо во Лазарополе


Утрово е најсвежо во Лазарополе, 14 степени, а најтопло, 25 степени, е во Демир Капија. До 08:30 часот се измерени и 16 степени во Берово, 17 во Маврови Анови и Попова Шапка, 18 во Крива Паланка, 19 во Охрид, Претор и Крушево, 20 во Битола и Тетово, 21 во Прилеп и Струмица, 22 во Скопје-Петровец, […]

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути


На граничните премини  „Богородица“ и „Табановце“ е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.  АМСМ […]

На свој концерт не можеш да бидеш странец: Влатко Стефановски во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј


Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, кој годинава слави 50 години на сцена, на 6-ти јули ќе одржи голем концерт во Ниш, јави дописникот на МИА од Белград. Стефановски во градот на Нишава ќе настапи заедно со своето трио составено од Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукиќ (бас), а концертот ќе се одржи во дворот на Универзитетот […]

Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот


Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи деновиве во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на мрежни […]

Над 100 милиони Американци се предупредени за невидени жештини


Вашингтон – Повеќе од 100 милиони Американци, вклучувајќи ги густо населените области на источниот брег, од Њујорк до Вашингтон, викендов се предупредени за невидени жештини. Вонредна состојба е прогласена во престолнината Вашингтон, каде живата на термометарот вчера попладне достигна до 38 степени Целзиусови, прва таква забележана температура од 2012 година. Во меѓувреме, нов систем на […]

Парада на гордоста во Скопје, ЛГБТ заедницата ги повтори барањата за еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување


Под мотото „Спектакуларно непослушни!“ синоќа во Скопје се одржа 5. Парада на гордоста. Учесниците најпрво се собраа во паркот „Жена-борец“, а потоа, по поздравните говори, го почнаа протестниот марш низ градските улици кој  заврши на стадионот на АРМ во Градскиот парк.  И овојпат беше испратена пораката дека протестот е всушност барање, до институциите – да […]