(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода


Северните и централните делови на Италија денеска ги зафати невреме, во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, а врнежите се очекува да траат уште неколку дена. Обилни дождови и силни ветрови се забележани во провинцијата Венето каде што торнадо ечеше низ градот Ровиго, кршејќи гранки од дрвја и соборувајќи ги уличните светилки. 🇮🇹:#Tornado […]

Почнува судењето за убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз во 2021 година


Три години по убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз кој беше застрелан пред неговиот дом и една година откако беа уапсени две лица, денеска во мешовитиот поротен суд во Атина започнува судскиот процес, јави дописничката на МИА од Атина. На крајот на април минатата година, грчката полиција уапси две лица, двајца браќа, кои сега се […]

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата


Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но сметаат дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар кандидат кога станува збор за зачувување на демократијата. Анкетата на Ројтерс/Ипсос покажа дека двата клучни проблема за гласачите во САД се […]

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско, четири пожари на отворено


Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово. ЦУК соопшти дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо […]

Британската полиција уапси четири лица поради упад на имотот на премиерот


Британската полиција соопшти дека вчера уапсила четири лица кои влегле во имотот на премиерот Риши Сунак на северот на Англија, инцидентот што се случи за време на изборната кампања за парламентарните избори закажани за 4 јули. „Во текот на денот уапсивме четири лица кои влегле на имотот на премиерот во неговата изборна единица (Северен Јоркшир)“, […]

ХРТ: Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Се е подготвено


Шеснаесет години по укинувањето, Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Воениот воен рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана вели дека се е подготвено за воведување воен рок, а политичката процедура се уште се чека, јави ХРТ. Деталите се уште […]

Премиерот Мицкоски ги засука ракавите


Премиерот Христијан Мицкоски ги засукал добро ракавите и орен е за работа со својот тим да го спасува болниот на Балканот, кој како што лично дијагностицирал, е на смртна постела и само што не умрел. Верувам дека тој како и сите пред него, верува во тоа што го ветува и го приложува како програма за […]

Русија и Украина разменија по 90 затвореници


Руските власти соопштија дека со посредство на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размениле 90 украински воени заробеници за 90 руски војници заробени во Украина. „На крајот на преговарачкиот процес, 90 руски војници кои беа во животна опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев“, објави Министерството за одбрана на […]

Американските претседателски дебати низ годините: гафови, хаос, скандали


Од катастрофалниот гаф на Џералд Форд до духовитата забелешка на Роналд Реган за неговата возраст и Џо Бајден кој побара од Доналд Трамп „да замолчи“, дебатите за претседател на САД беа смешни, злобни и сe друго. Еве некои од најнезаборавните моменти од повеќе од 60 години модерни американски дебати. – Кенеди-Никсон, 26 септември 1960 година […]

Ален Берсе нов генерален секретар на Советот на Европа, прв Швајцарец на таа позиција


Поранешниот швајцарски претседател Ален Берсе е избран за генерален секретар на Советот на Европа со мандат од пет години, за време на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Во вториот круг од изборите Берсе доби 114 гласа, додека останатите кандидати – поранешниот министер за култура на Естонија Индрек Саар и поранешниот министер […]

Без вода дел од населба Ченто


Поради поради уличен дефект, без вода од 08:00 часот ќе останата корисниците на дел од улиците „Среќко Пужалка“  и „Товарник“ во населба Ченто, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Без вода амбулантата на МВР, полициската станица Пролет и неколку улици


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 08:00 часот, без вода ќе бидат корисниците спроти Олимпискиот базен во Центар, од 09:00 часот водоснабдувањето ќе биде прекинато кај салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, а од 15:30 неколку улици во Чаир. Од јавното претпријатие информираат дека денеска, поради уличен дефект ф500 мм на булеварот […]

Во Русија започнува судски процес за шпионажа против Еван Гершкович


 Во Русија денеска почнува процесот против американскиот новинар Еван Гершкович, кој пред повеќе од една година беше уапсен под обвинение за шпионажа, јави ДПА. Судскиот процес против дописникот на Волстрит џурнал ќе се води во Екатеринбург, 32-годишниот новинар ги негираше обвинувањата. Портпаролот на Генералното обвинителство на Руската Федерација изјави дека, според истрагата, Гершкович собирал доверливи […]

Француската одбранбена индустрија на мета на околу 50 директни странски напади до 2023 година


Француските одбранбени компании биле цел на околу 50 директни напади во 2023 година, од провални кражби до саботажи организирани од странство, соопшти синоќа француската влада. Вкупно 80 отсто од тие напади биле насочени кон подизведувачи на големи групи за национална одбрана, предупреди францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну за време на обраќањето во Сенатот. […]

Американскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американски суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во спогодба со американскиот правосуден систем со која заврши долгата правна битка и ја напушти судницата како слободен човек. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага. Во […]

Лабуристички кандидат суспендиран поради обложување дека ќе биде поразен на изборите


Скандалот околу обложувањето на датумот на парламентарните избори во Велика Британија доби бизарен пресврт кога кандидатот на Лабуристичката партија Кевин Крег призна дека се обложил дека ќе загуби во својата изборна единица. Лабуристите го суспендираа Крег додека Комисијата за игри на среќа во Велика Британија продолжува да истражува серија наводни изборни облози пред општите избори […]

Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм


Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен на булеварот „Србија“ вечер од 18 часот до утре во 5 часот, поради снимање на сцени за играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, информираат од продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“.  – Една од сцените е предвидено да се снима на потегот помеѓу булеварите „Трета Македонска Бригада“ и […]

По 9 месеци пауза – Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина на високо ниво ќе се одржи во Брисел


Нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, во која ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Куртиќе се одржи денеска во Брисел. Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот […]

Без струја Дивље, Сушица и Катлановска Сушица


ЕВН известува дека денеска без струја, од 09:00 до 14:30 часот, ќе останат, корисниците од населените места: Дивље, Сушица и Катлановска Сушица, во Општина Петровец. Прекинот на  електрична енергија ќе биде поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.

На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема задржувања


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]