Телото на американски аташе пронајдено во хотел „Хилтон“ во Киев


 Во хотелот „Хилтон“ во Киев вчера околу 11 часот е пронајдено телото на аташето во американската Амбасада, јави украинскиот портал Страна.уа, повикувајќи се на извори од правосудните органи. -Вчера околу 11 часот во хотелска соба е пронајдено телото на аташето на Амбасадата на САД. На телото не се пронајдени траги на насилство, изјавил неименуваниот извор. […]

За скандалот на Клиниката за онкологија во Тирана притворени седум лица


Албанските власти денеска обвинија лекари, медицински сестри и административен работник од Клиниката за онкологија во Тирана поради наводите дека лажеле за достапноста на фармацевтски материјали, со што ги загрозувале пациентите. Инспекторите, исто така, извршија рација во аптеките и во компаниите за медицински набавки во главниот град. Обвинителите по истрагата тврдат дека продавале фалсификувани лекови за […]

Мицкоски – Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката


Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, информираат попладнево од владината прес-служба. Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна […]

Таравари: Добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството во други држави


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Клиничка болница Тетово, при што направи на состојбата на установата по невремето. Тој најави дека се размислува за уште поголема дигитализација во здравството со цел да се избегнат манипулации со препишувањето лекови и користењето медицински услуги за да не се повторуваат ситуации како со Клиниката за онкологија. […]

Вучиќ беше очаен бидејќи фудбалерите отпатуваа на ЕП со хрватски авион


Ана Брнабиќ, поранешната српска премиерка и актуелна претседателка на српскиот парламент, изјави дека претседателот Александар Вучиќ бил очаен бидејќи српската фудбалска репрезентација отпатувала на Европското првенство во Германија со хрватски авион. „Тоа е вистинска приказна. Штета е, Вучиќ беше крајно лут. Ние имаме своја „Ер Србија“ и сите патуваме со таа компанија. Кога ќе слета […]

Народна банка предупредува за измами преку лажни телефонски повици, е-маил или СМС пораки


Измамници мамеле граѓани преку телефон, претставувајќи се во име на Народна банка. Од Народната банка уверуваат дека нивни претставник или вработен, во ниту еден случај нема телефонски да побара од граѓаните број на сметка, ПИН или друг вид личен податок, ниту пак да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка. – Злоупотребувајќи го […]

Општина Гази Баба со повеќе проекти по парите од Владата


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, на која разговарале за проектите со кои општината ќе бара од ветените буџетски пари. – Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на […]

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома


Обемот на работа од дома во Германија е на високо ниво неколку години по пандемијата на корона, иако е во благ пад во споредба со претходните години, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден. „Во 2023 година, 23,5 отсто од вработените работеле од дома целосно или делумно, што е мало намалување во споредба со претходните […]

Анкетата на ЕИБ за банките од ЦИЈИЕ открива зајакнување на банкарскиот сектор и очекувања за здрав кредитен раст


Банките очекуваат зголемена побарувачка од клиентите за заеми во сите категории, при што се очекува побарувачката за хипотеки да забележи најсилен раст, а корпоративните инвестиции да закрепнат по период на бавен раст, покажува анкетата за кредитирање на банките од Централна, Источна и Југоисточна Европа што ја направи Европската инвестициска банка. – Затегнувањето на понудата на […]

Тројца македонски поети на фестивалот „Стих у регији“ во Хрватска


Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од утре до недела ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб. Ова гостување е дел од соработката за размена на автори меѓу Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб и издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Тројцата автори ќе се претстават со […]

Игор Стојковски – нов директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија


Игор Стојковски од денеска е назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди самиот Стојковски. Доктор Стојковски е шеф на отсек на Одделението за малигни тумори на ЦНС, коскени тумор и кожа на Клиниката за онкологија. На оваа функција е од 2013 година, а претходно работел […]

Собрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери во Генералка викенд


Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад. „Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и […]

Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ги посети општините Тетово и Јегуновце за да види со какви последици се соочиле земјоделците по невремето и поплавите во неделата. Плодното земјиште околу селото Сиричино во Општина Јегуновце беше едно од најпогодените, па министерот заедно со пратеници и градоначалникот Димитар Костадиновски, ги посети тамошните земјоделци […]

Асанж се врати во Австралија, го пречекаа татко му и сопругата


Канбера – Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се врати во Австралија по постигнатиот договор со правосудните власти на САД за признавање на вина за набавување и објавување на американски воени тајни. Асанж слета во Канбера каде беше пречекан од семејството и новинарите. – Сега приоритет е Џулијан да го врати здравјето, тој во изминатите пет […]

Назначени нови директори на ЈСП, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“


 Назначени тројца нови директори на јавните претпријатија Јавен сообраќаен превоз (ЈСП), ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“. Како што информираат од Град Скопје, новиот директор на ЈСП е Драги Кушовски, на директорското место на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе седне Мартин Ангеловски, додека на ЈП „Улици и патишта“ за нов директор е […]

Хрватска го доби својот прв ресторан со две Мишелин ѕвезди


Новиот водич на Мишелин за Хрватска е излезен. Хрватска од денеска има еден ресторан со две Мишелин ѕвезди и 10 ресторани со една ѕвезда, глобално најзначајниот и најпрепознатлив гастрономски знак. Агли Амичи од Ровињ е првиот ресторан во Хрватска кој има две Мишелин ѕвезди. Дубравкин пут од Загреб ја доби својата прва ѕвезда, а останатите […]

УХМР: Поради најавените врнежи, можни зголемувања на водостоите и комунални проблеми во градските средини


Интензивни зголемувања на речните водостои и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи кои попладне, според прогнозите, на повеќе места ќе бидат поројни, предупредува УХМР и додава дека посебно треба да се обрне внимание на скопскиот, кумановскиот, кривопаланечкиот, кратовскиот и тетовскиот регион. УХМР препорачува внимателно движење покрај помалите реки и […]

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има


Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Во одговор на новинарско прашање, по поставувањето на камен-темелникот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, нагласи дека исполнети се двата услови, односно пратениците вчера […]

Фицо се опоравува, наскоро ќе се врати


Рехабилитацијата на премиерот Роберт Фицо по обидот за атентат врз него во мај, продолжува, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак. Тој додаде дека Фицо би можел да се врати на функцијата на крајот на јуни и почетокот на јули. „Во принцип, рехабилитацијата продолжува. Напредокот во некои околности е задоволителен, додека во некои случаи […]

Одредени националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари во САД


Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува осма година по ред, вклучувајќи стотици амбициозни средношколци кои се натпреваруваат во примена на најпопуларните софтвери, Microsoft и Adobe. На 25.06.2024 во просториите на Семос Едукација, во организација на CertiAdria, се одржа финалето од проектот за унапредување на дигиталната писменост на средношколците и младите […]