Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2024


Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Северна Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, кој ќе се одржи на 16 ноември 2024 година во Мадрид, Шпанија. Ана Ванчевска, родена на 03.05.2010 година во Битола, е извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени […]

Англичанец паднал од карпа во Охридското Езеро, пренесен е во болница


Денеска, во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.   На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско […]

Прво изложба на фотографии, па концерти: Влатко Стефановски го почна славеничкиот јубилеј


Со изложбата насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која се состои од концертни фотографии и архивски материјали, синоќа, во галерискиот простор на Мала станица, беше означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Многу урбан свет дојде да ја види изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ која претставува дел од историјата на гитарскиот виртуоз […]

Почна изградбата на првиот малопродажен парк во Гази Баба на Триангла


Официјално почна изградбата на првиот малопродажен парк во источниот дел на Скопје, „Фешн парк Триангла“ („Fashion park Triangla“) во место Триангла, општина Гази Баба. Тоа што го прави посебен е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нови начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа, се наведува во денешното соопштение. Според […]

Истражување: Средношколци не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет


Учениците не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет, покажува истражувањето на медиумска писменост кај учениците во прва и втора година средно образование, што беше презентирано денеска во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). На прашањето колку често ги правиш следниве активности на социјалните мрежи секој ден, 83 […]

Каков имот пријавил премиерот Мицкоски: Куќа вредна 450 илјади евра, два часовници од 53 илјади евра


Премиерот Христијан Мицкоски го објави својот анкетен лист. На свое име пријавил дека поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот […]

За Рустеми тврдењата на Николоски за ЈПДП се неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во писмена реакција до медиумите ги нарече „неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина“, тврдењата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски, за неправилности во работењето на ЈПДП. „Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а по наодите на Државниот […]

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот, фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава


Сточарите во Данска наскоро би можеле да плаќаат годишен данок од 90 евра по крава поради штетните емисии кои влијаат на глобалното затоплување и климатските промени. Коалициската влада се согласи оваа недела да го воведе првиот данок на емисии на јаглерод во светот од земјоделството, кој треба да започне во 2030 година. Данска е главен […]

Борисов: Во моментов никој не може да формира влада во Бугарија


Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјави дека во моментов ниту една партија во земјата не може да формира стабилна влада. Тој изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија за приклучувањето кон еврозоната, цел што тој верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ, […]

Украина ќе потпише безбедносен договор со ЕУ


Украина ќе потпише безбедносен договор со Европската унија, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски, јави ДПА. Зеленски во пост на платформата Х, пред неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, напиша дека договорот е важен чекор кон „историската цел на Украина за мир и просперитет во ЕУ“. ДПА појаснува дека договорот меѓу ЕУ […]

Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција


 Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен […]

УХМР: Попладне повторно врнежи – внимавајте, почвата е заситена со вода!


Зголемување на водостојот на реките и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи попладнево, кои според синоптичарите, на повеќе места можат да бидат поројни. Особено да се внимава доколку овие интензивни врнежи паднат во предели каде веќе неколку денови врне и каде почвите се влажни и заситени со влага, предупредуваат […]

Протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции


По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите. Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот […]

Почна културното лето во Кисела Вода – вечер „2 Бона“ и Пајак


Покрај лошите временски услови, синоќа започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација. Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ “Кузман […]

Еве ги новите цени на струјата


Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ […]

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ


Украина доби 1,9 милијарди евра безусловна финансиска помош од ЕУ, што придонесува за одржување на макроекономската стабилност и финансирање на приоритетните буџетски потреби, соопшти украинското Министерство за финансии. „Државниот буџет на Украина доби транша од безусловно финансирање во износ од 1,9 милијарди евра од Европската унија. Средствата беа обезбедени од финансиски инструменти на ЕУ од […]

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта


Подобро разбирање на проблемот и справување со булингот беше во фокусот на работилниците што „Макпетрол“ ги овозможи во над 150 училишта од сите делови на Македонија. Во секоја од 26 општини што се приклучија на општествено одговорната кампања на компанијата, учениците од психолог стекнаа најразлични знаења за врсничкото насилство. Според неофицијалните проценки, помеѓу 35,000 и […]

Италијанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе што оди до Србија


Италијанската полиција разби криминална мрежа која се занимавала со трговија со луѓе и која, користејќи луксузни автомобили, шверцувала кинески мигранти во Италија. По пристигнувањето во Италија, на мигрантите им биле одземени пасошите и тие биле третирани како робови. „Шверцерите ги претставувале мигрантите како азиски државјани, скапо облечени, со мал багаж, кои патуваат во скапи автомобили, […]

(Во живо) Бислимоски од РКЕ: Евтината струја поскапува за 0,65 отсто


Прес-конференција на директорот на Регулаторната комисија за енергетика, марко Бислимоски: Првиот човек на комисијата, Марко Бислимовски ги објави новите цени на електричната енергија. Согласно одлуката, цената во првиот блок останува иста, во вториот блок има поскапување од 0,85%, третиот блок поскапува за 1,92% и четвртиот блок 1,88%.  Цената на евтината тарифа се зголемува за 0,65%.

Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра


Штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт чие што прво рочиште денеска се одложи, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ. Според неа, случајот по многу нешта е специфичен и ќе се врши темелна истрага на преземените дејствија. – Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради […]