Озан, бебето родено со само 690 гр., замина дома со тежина од 2.400 грама


Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во стабилна состојба и со телесна тежина од 2400 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.   Озан е роден на 20 декември 2023 година во 24 гестациска недела со тежина од само 690 грама […]

САД тестираа проектил кој може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути


САД вчера наутро лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, што е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела, јави Си-Би-Ес. Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Минутмен 3 (Minuteman III) додека лета на небото северно од Санта Барбара. Во соопштението се наведува дека пробната […]

Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија


На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем. Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема […]

Удар од Уставниот суд за Ердоган: Нема право да ги отпушта гувернерите на централната банка


  Уставниот суд на Турција му зададе непријатен удар на претседателот Реџеп Таип Ердоган, поништувајќи го указот со кој се овластуваше да отпушти гувернери на централните банки и да назначува универзитетски ректори. Одлуката, два месеци по поразот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на локалните избори, е неочекуван за претседателот кој за пет […]

Угостителските услуги годинава поскапи за 5,9 отсто во споредба со лани


 Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5,9 отсто, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0,3 отсто. Споредено по групи […]

Во Прилепскиот театар премиера на „Бура“ од Шекспир и прва соработка со американски режисер


Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечер, од 20 часот, на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Ова е прва соработка на театарот со американскиот режисер Блондел од Калифорнија. Режисерот Блондел шест недели е присутен и работеше со ансамблот на шекспировиот текст кој се смета за последно дело […]

„Грците ги зафати хистерија околу Преспа“: Мицкоски за пораките од Атина


  Пораките што стигнуваат од Грција околу почитувањето на Преспанскиот договор и употребата на уставното име, вклучувајќи ги и оние од премиерот Киријакос Мицотакис, Христијан Мицкоски ја нарече„хистерија“, но не очекува Атина да има „талибански однос“. „Претпоставувам хистеријата кај јужниот сосед е поради изборите, не очекувам талибански однос. Сѐ што е дел од Преспанскиот договор, […]

Мицкоски утре ќе го добие мандатот за правење влада


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека веќе се познати имињата на луѓето кои ќе ги имаат клучните места во владата, но не сакаше да даде повеќе детали туку најави дека јавноста наскоро ќе ги чуе имињата. „Приговорите за новата влада привршуваат во делот на формирање владини ресори и во делот на условно кажано […]

Рибар забележал тело во надојдената Тополка на вливот во Вардар


На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во почетокот на ноќта, конкретно 21.30 часот имаше пријава од рекреативен риболовец дека е забележано безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар. Конкретно, тоа било во близина на мостот на околу петнаесетина метри од брегот на попречни шипки во речната надојдена […]

Холандија се подготвува да ја преземе нуклеарката


Владата на Холандија е подготвена да започне разговори за купување на уделот на локалната власт во преостанатата нуклеарна централа, заклучувајќи дека таа треба да продолжи да работи. Техничката влада објави дека локалните власти во провинцијата Зеланд сакаат да ги продадат своите акции на државата. Останатите 30 отсто се во сопственост на германската RWE, а владата […]

Германија предводи бунт против предложениот закон за надворешно влијание на ЕУ


Во пресрет на европските избори членки на ЕУ предводени од Германија се спротивставија на предложениот закон што треба да донесе поголема транспарентност на финансирањето од странство. Предлогот најверојатно ќе биде вратен назад на доработка до новата Европска комисија, што ќе биде формирана подоцна оваа година. Во декември, ЕК претстави нацрт-закон со цел да се зголеми […]

Отворен првиот приватен ветро-парк „Богословец“


Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф и претставници на Green for Growth Fund (GGF) во атарот на светниколското село Богословец, денеска свечено го отворија првиот приватен ветро-парк „Богословец“. Проектот е вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, и е првиот приватен ветерен парк во земјава […]

Во четвртиот квартал лани превезени 942.000 патници во патниот, 49.000 во железничкиот и 790.000 во воздухопловниот превоз


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942.000, во градско-приградскиот превоз 10.224.000, во железничкиот превоз 49.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789.856. Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, […]

Ѓоковиќ е веќе опериран, Вимблдон го пропушта, Олимпијадата е неизвесна


  Новак Ѓоковиќ денеска е на операција на коленото. Српскиот тенисер го повреди менискусот на десната нога и затоа без борба во четвртфиналето се повлече од Ролан Гарос, но беше одлучено да преноќи, да замине на уште еден преглед, а потоа да донесе одлука дали ќе оди под нож. Тие прегледи, заедно со лекарската препорака, […]

Петровска: На Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција


Славјанка Петровска, досегашната министерка за одбрана, денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. – Денес, после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа […]

Мицкоски: Ветивме функционална и правна држава – за тоа се потребни измени на Законот за државна управа


ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во […]

Деспотовски: Нашата политика е политика на радикален дисконтинуитет


  Од центарот на Скопје пред старата Железничка станица, Јован Деспотовски објави дека ја поднел неговата кандидатира за претседател на СДСМ. Симболиката со старата железничка станица како што рече е многу јасна. „Ја избравме локацијата позади нас, тоа е старата железничка станица, најпогодена од катастрофалниот земјотрес пред 61 година. СДСМ се наоѓа во многу тешка […]

Отсуство на учебници и наставен кадар за учење немнозински јазици проблем за овие заедници


Отсуство на дидактички материјал за образование во основно училиште за учење на немнозинските јазици, учебници и недостиг на образовен стручен наставен кадар обучен за таква настава, се дел од проблемите, со кои се соочуваат немнозински заедници во државата. Вака одговори на прашање на МИА, Братислава Танасковиќ, која даде изјава за медиумите, во името на Форумот […]

Италија му скратува милионска казна на сопственикот на Фејсбук и Инстаграм


Италијанскиот регулатор за конкуренција (AGCM) објави дека го казнил Мети со 3,5 милиони евра поради неуспехот да управува со корисничките сметки на Фејсбук и Инстаграм, повикувајќи се на собирање лични податоци за комерцијални цели и нејасни информации за можноста за оспорување на суспензијата. Инстаграм веднаш не ги информираше корисниците дека ќе ги собира нивните лични […]

Битолчанец загина во тешка сообраќајка, повредена е и скопјанка


Вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Наум Наумовски“ со улицата „Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Д.П. од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Г.С. од Куманово, извести […]