Без струја дел од корисниците на ул. „Даме Груев“ во Центар


Корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ во општина Центар (спроти Собрание кон Зелен пазар) и „Силк роуд банка“ на ул. „Даме Груев“ кај Собранието  ќе немаат електрична енергија.  Според известување од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде од 9 до 13 часот. 

Променливо облачно со локален слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота, 16 март 2024 година, 76-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 290 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 42 минути. Денов трае 11 часа и 58 минути. Месечината ќе зајде 19 минути по полноќ.

Зошто ја сакаме италијанската мода: 28. Моден викенд диктира трендови (галерија)


Италијанската мода и дизајн, повторно тропнаа на гала-портата на Скопје.  Прво неделава со низа настани кои го слават дизајнот во Чифте амам и во Сули ан, а синоќа во Ист гејт мол, со модна ревија од омилените италијански етикети на облека, накит, модни додатоци и шминка , како официјален старт на 28. Моден викенд во […]

Хрватска ќе ги памети овие избори: Весна Пусиќ за потегот на Милановиќ


  Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ,  за телевизијата Н1 ја коментираше одлуката на нејзиниот поранешен шеф Зоран Милановиќ да оди на парламентарни избори со СДП како кандидат за премиер. Пусиќ рече дека изборите сега станале интересни и возбудливи. „Многу луѓе, без разлика за кого ќе гласаат, решија да излезат на гласање […]

Ковачевски од Охрид: Нема откажување од иднината


  Свесен сум дека патот на Македонија кон Европската унија е трнлив и тежок но тој е единствената шанса за суштински промени, воспоставување нов систем и европски животен стандард, рече вечерва во Охрид претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, при отворањето промотивен штаб на партијата. „Јас сум прагматичен човек со долгогодишно искуство во бизнис секторот. Затоа […]

Реал нема да им дозволи на своите играчи настап на Игрите во Париз


 Реал Мадрид известил неколку фудбалски федерации, вклучувајќи ја и француската, дека нема да им дозволи на своите играчи да бидат дел од Олимписките игри ова лето во Париз, што дополнително го компромитира евентуалниот настап на Килијан Мбапе за кого се очекува на крајот на оваа сезона да му се приклучи на Кралскиот клуб. „Реал испрати […]

Мајк Пенс нема да го поддржи Трамп за кандидат за претседател на САД


Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека нема да го поддржи Доналд Трамп бидејќи неговиот стар шеф се кандидира за втор мандат во Белата куќа. „Не треба да изненадува што нема да го поддржам Доналд Трамп оваа година“, рече Пенс во интервју за Фокс њуз. Американските медиуми ја оквалификуваа најавата како – „бомба“ и […]

Изгоре луксузната палата на позната манекенка вредна седум милиони долари


Денеска изгоре луксузниот дворец на американската манекенка Кара Делевињ, кој се наоѓа во Лос Анџелес. Се претпоставува дека пожарот избувнал надвор и стигнал до задниот дел од вилата, по што се проширил на поткровјето. Манекенката не била присутна, а во вилата немало ниту други луѓе. Моментално е во Велика Британија поради деловни обврски, а на […]

Тројца владици ќе одат на погребот на бугарскиот патријарх Неофит, но не и поглаварот Стефан


  Црковна делегација од тројца митрополити ќе ја претставува МПЦ-ОА на погребот на починатиот бугарски патријарх Неофит, дознава специјализираниот портал „религија“. Според овие информации во Софија сепак нема да патува архиепископот Стефан, а МПЦ-ОА ќе ја претставуваат владиците Тимотеј, Петар и Иларион. За време на неговото чело на Синодот, тој беше зачетник на идејата Бугарската […]

Обвинителот Вејд во случајот против Трамп поднесе оставка


Главниот обвинител во случајот против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Џорџија, Нејтан Вејд, денеска соопшти дека поднел оставка. Информацијата за неговата оставка дојде само неколку часа откако судијата на округот Фалтон, Скот Мекафи, пресуди дека или Вејд или окружната обвинителка Фани Вилис, која го назначи, мора да поднесат оставка за да продолжи случајот против […]

Прв ден од изборите во Русија: Кибер напади, истурање боја и молотови коктели


Западните земји станаа невидено активни по претседателските избори во Русија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. „Ова е приказна без преседан, во смисла на некакво саботажно активирање на колективниот Запад“, истакна Захарова во интервју за руски медиуми. Првиот ден од претседателските избори во Русија беше нарушен со низа инциденти, меѓу кои […]

Министерот за одбрана на Литванија поднесе оставка


Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја поднесе оставката до премиерот, јави Литванската радио телевизија (ЛРТ), повикувајќи се на владината прес-служба. „Премиерката Ингрида Симонита денеска доби писмо со оставка на министерот за одбрана“, се вели во соопштението од Владата. Извори на ЛРТ претходно потврдија дека министерот се подготвува да поднесе оставка, но причините сè уште […]

Ева и Каролина- убавици со титули на Мис Европа


Ева Јовановска (20) од Тетово и Каролина Јанчовска (21) од Скопје освоија титули на изборот за Мис Европа, што се одржа во Бејрут во Либан. Јовановска е прогласена за четврта придружничка, а Јанчовска ја доби наградата за Мис елеганција. Новата Мис Европа е претставничката на Русија, првата придружничка доаѓа од Белорусија, а втората од Украина. […]

Милановиќ неодамна: Да се ​​кандидирам? Немам партија, листа. Како да го направам тоа?


На општо изненадување претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска објави дека на парламентарните избори оди со својата поранешна партија СДП. Оваа изненадувачка најава дојде само неколку часа откако претседателот на републиката објави дека парламентарните избори ќе се одржат во среда, на 17 април. „Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе […]

Македонските ракометари поразени од Романија на првиот тест дуел


Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва од Романија на гостински терен во Браила со 27-32 (16-15), во првиот од двата контролни натпревари против истиот противник во рамки на ЕХФ неделата. Македонската репрезентација, која допатува во Браила без неколкумина стандардни репрезентативци, имаше водство на полувреме, но домаќините со резултатски пресврт во вториот дел на крајот забележаа […]

Блумберг: Компанија на зетот на Трамп ќе гради луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград


Компанијата на Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, планира местото каде што се наоѓа зградата на Генералштабот во Белград, уништена во бомбардирањето на НАТО, да го претвори во луксузен хотел со деловен простор и повеќе од 1.500 станови, пишува Блумберг, пренесе Бета Таа информација стигна три дена откако лидерот на опозициското движење […]

Макрон и Шолц: Сојузниците на Украина се обединети


По неговиот состанок со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека трите земји остануваат „обединети и енергични“ кога станува збор за поддршката на Украина. -Ние делиме едно убедување: Украина е за нашата безбедност и нашата иднина. Заедничката волја е да се поддржува Украина онолку долго колку што […]

Бенјамин Нетанјаху го одобри планот за напад на последното засолниште на Палестинците во Рафа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот за размена на затвореници и го одобри оперативниот план на ИДФ за напад на Рафа, последното засолниште за повеќе од милион Палестинци протерани од остатокот на Газа. Нетанјаху го нарече апсурден предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници и примирје, но рече дека ќе […]

ДИК: Оние кои ќе наполнат 18 години меѓу двата круга избори, ќе можат да гласаат само за пратеници


Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата. Со нив се предвидени и други новини, но една од поважните е што граѓаните […]