Мареј се откажа од турнирите во Монте Карло и Минхен


  Шкотскиот тенисер Енди Мареј (36) ќе ги пропушти Мастерсот во Монте Карло и Отвореното првенство во Минхен следниот месец бидејќи се закрепнува од тешката повреда на зглобот на Мајами Опен, објави денеска неговиот тим. Мареј го повреди зглобот во решавачкиот сет на мечот против Чехот Томас Махач, кој на крајот победи со 5-7 7-5 […]

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје


Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција. – Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески. Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име […]

Нема докази за лицата во притвор дека го убиле лекарот кај Железара


  Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата на кои им беше определен куќен притвор од 48 часа за убиството на лекарот во Железара се сторители на кривичното дело, информираат од Основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, како што посочуваат, продолжува да презема дејствија […]

Воздухопловните сили на сојузничка Италија од денеска ќе патролираат над македонското небо


Од денеска Република Италија со своите воздухопловни сили и официјално се вклучува во НАТО Мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо. Техничкиот договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над нашето небо денеска во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Кросето. Министерката […]

Русија: И славната Ала Пугачева ќе биде прогласена за „странски агент“


  Јавното обвинителство на Русија испрати барање до Министерството за правда да ја означи славната поп пејачка и икона на руската музика, Ала Пугачева, како „лице поврзано со странски агент“. Документот го објави шефот на Федералниот проект за безбедност и антикорупција Виталиј Бородин, пренесува РИА Новости. „Се надевам дека регулаторните органи ќе го разгледаат ова […]

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович


Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович. -Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против […]

Промовирана книгата „Нов договор за економски развој“ на Бранко Азески и Дарко Лазаров


 „Нов договор за економски развој“ е новата книга зад која стојат авторите претседателот на Стопанскaта комора на Севeрна Македонија, Бранко Азески и универзитетскиот професор Дарко Лазаров, а денеска беше промирана во Стопанската комора на Северна Македонија. – Книгата повикува на постигнување широк општествен консензус на сите чинителе во државата, тргнувајќи од академската заедница, бизнис-секторот, универзитетите, […]

Македонија го либерализира транспортот со Црна Гора


Министерството за транспорт и врски на Северна Македонија и Министерството за собраќај и поморство на Црна Гора потпишаа Протокол за либерализација на товарниот транспорт за и од трети земји.  Согласно Протоколот, либерализацијата ќе стапи на сила од 1 мај 2024 година и ќе има важност една година, период во кој ќе се прави анализа на […]

Потребни се пазарни мерки, а не листи на производи со ограничени маржи, смета Азески


Потребно е да се наоѓаат други мерки и тоа пазарни, е ставот на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески за листата на производи што ќе бидат опфатени со Законот против нефер трговски практики, која министерот за економија ја достави до сите комори и Организацијата на потрошувачи.  На новинарско прашање дали Стопанската комора бара ревидирање на […]

УКЛО се заблагодари за донесениот Закон за основање Медицински факултет во Битола


Ректорот Игор Неделковски и раководството на УКЛО-Битола, односно проректорите и претседателот на Универзитетскиот сенат искажаа јавна благодарност до Собранието на Република Северна Македонија и сите релевантни чинители што помогнаа да се донесе Закон за основање Медицински факултет во состав на Универзитетот во Битола. Медицински факултет во рамки на УКЛО се основа во духот на концептот […]

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем


 ВМРО-ДПМНЕ да не користи популизам кога е во прашање зголемувањето на пензиите, бидејќи нивното ветување ќе го дестабилизира пензискиот систем, порача денеска дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска прашана за коментир на најавата на ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.  – Кога се формираше […]

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР. Во […]

Имотот на еден отсто најбогатите во САД достигна рекордни 44,6 билиони долари


Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД. Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, […]

Ердоган во уште една битка за Истанбул


  АНКАРА – Во недела, милиони гласачи во Турција излегуваат на гласање за да изберат градоначалници и администратори на локалните избори кои ќе ја проценат популарноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган додека неговата владејачка партија се обидува да ги врати клучните градови што ги загуби пред пет години. Победата на партијата на Ердоган би можела […]

Ковачевски се радува на ТВ дуелот со Мицкоски, очекува да ги чуе конечно неговите ставови за клучните државни прашања


Добро е за кандидатите за носителите на функциите на државата, иден пратеник или иден премиер на државата  да ги презентираат своите програми, ставови, како и одговори на клучните прашањата, истакна денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски  на новинарско прашање што очекува од ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што треба да се одржи […]

Лајчак не сака втор мандат како олеснувач за дијалогот на Србија и Косово


 Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија. Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ […]

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добиваат надоместок


 Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2 во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани со што граѓаните со попреченост над 65 години кои не добиле надоместок, сега имаат можност да побараат да им се исплати надоместокот во изминатиот период, од кога […]

Кривична пријава за шест инспектори од Државниот пазарен инспекторат


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ.   „Во текот на […]

29 март во историјата – Американците се повлекоа од Виетнам


  29 март 1973 година: Два месеци по потпишувањето на Виетнамскиот мировен договор, последните американски борбени трупи го напуштаат Јужен Виетнам, додека Ханој ослободува многу од преостанатите американски воени заробеници држени во Северен Виетнам. Директната осумгодишна интервенција на Америка во Виетнамската војна беше на крајот. Во Сајгон, околу 7.000 цивилни вработени во американското Министерство за […]

Мицотакис жестоко ја нападна обвинителката на ЕУ, Лаура Ковеси


  Со 159 гласа „за“, грчката владејачка партија Нова демократија во четвртокот го преживеа гласањето за недоверба што го поттикнаа левите опозициски партии во услови на тензии околу смртоносната железничка несреќа во која загинаа 57 лица. За време на тридневната дебата во грчкиот парламент, левите опозициски партии Сириза, Пасок  и левичарските партии Нова левица и […]