Нема проблем во изборот на Битиќи во арбитражното тело на СБ и на Халими во „Аеродроми“


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема никаков проблем во изборот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за претставник во арбитражното тело на Светска банка и посочува дека е направен врз основа на правилата на ова тело, но и дека  претходно на таква позиција бил и поранешниот вицепремиер во тој ресор Владимир Пешевски.  Именувањето, пак, […]

Русија: Поддршката за продолжување на војната на најниско ниво


  „Воената партија“ во руското општество продолжува да се намалува додека инвазијата на Украина се одолговлекува, бројот на жртви се множи, а наративите на државната пропаганда го губат својот поранешен хипнотизирачки ефект. Уделот на граѓаните за продолжување на непријателствата се намали на 37% во октомври 2023 година, што е ново најниско ниво од есента 2022 […]

На денот на осигурувањето 14 студенти математичари од ПМФ добија стипендии од осигурителните компании


  Четиринаесет осигурителни компании, денеска, по повод Денот на осигурувањето 1 ноември, доделија 14 стипендии на студенти – математичари на државниот Природно-математички факултет при УКИМ во Скопје. Станува збор за студенти со висок просек на насоките за актуарство и математика при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) кои ќе добијат можност за пракса во компаниите за осигурување, но […]

Поради дефект, Кисела Вода нема вода


Поради уличен дефект ф-80 денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од од улицата  „Борис Трајковски“ и дел од улицата  „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе биде од 12:10 часот до завршување со санација на дефектот. 

Хамас: Израелците убија седум заложници во нападот на бегалскиот камп


Хамас тврди дека седум заложници биле убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп „Џабалија“ во северниот дел на Појасот Газа. Милитантната група рече дека тројца заложници биле странци. „Бригадите Ал-Касам (военото крило на Хамас) го потврдија убиството на седуммина нивни цивилни затвореници во масакрот во ‘Џабалија’ вчера, вклучително и тројца сопственици на странски […]

Најголем е интересот за каско осигурувањето и за приватното здравствено осигурување


Охрабрува фактот што во земјава расте интересот за осигурување, а според бројките, најголем е интересот за каско осигурувањето, како и за приватното здравствено осигурување, но и за другите видови. Најновите трендови препорачуваат осигурување од одговорност согласно дејноста, но и се наметнува потребата од справување со современите предизвици, како што се ризиците од сајбер нападите. Од […]

Расте бројот на загинати израелски војници во Газа


  Единаесет војници загинаа во борбите длабоко во Појасот Газа во вторникот, објавија израелските власти рано во средата, со што бројот на загинати на трупите на денот се искачи на 13, додека водачите предупредија на „големиот данок“ што го плаќаат војниците за елиминирање на Хамас. Израелските сили продолжија да напаѓаат цели во текот на ноќта […]

Шукова најавува комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци од граѓаните


Потребна е поголема јавна свест отколку казнување, но се размислува и за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. Ова е одговорот на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на новинарско прашање за подолгорочно решение со справување на несовесноста на граѓаните кои постојано […]

На повикот на Министерството за култура даваме предност на креативноста, инвентивноста и уникатните идеи, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија апелираше до корисниците кои сѐ уште не аплицирале на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, да го сторат тоа, имајќи предвид дека е ова последна недела и да не го чекаат последниот […]

Бугарската такса на рускиот гас ќе ги поскапи струјата и греењето во Македонија за 20 отсто, вели Ковачевски


Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите за гас и да бараме таксата да не важи затоа што е неправедно наметната и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија. Ако треба тоа ќе го направиме и пред меѓународните судови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.  Одговарајќи на новинарско прашање […]

Ролингстоунс ги надмина Битлси со најмногу бр.1 студиски албуми во Англија


Ролингстоунс ги надмина Битлси како бенд со најмногу студиски албуми на топ листите. Сер Мик Џегер (80) и неговите колеги од бендот од седумдесет години го освоија првото место на топ-листата во Велика Британија со нивното последно издание Hackney Diamonds. Стоунс сега ги надмина Битлси како бенд со најмногу студиски албуми број еден во Велика […]

„Тоа е политички линч“: Веледрогеријата „Пановски“ му возврати на Милошоски


  Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера во Анкетната комисија за Клиниката на онкологија ја обвини веледерогеријата „Д-р Пановски“ за многу работи, компанијата му возврати со објаснувања кои ги негираат неговите ставови. И го оцени излагањето на Милошоски како „дневно-политички линч“ кога ставањето на успешни приватни компании во негативен контекст е обид да се […]

ЕК: Бугарија сама решава како ќе ги користи приходите од таксите за транзит на рускиот гас


Брисел – Бугарија има право сама да одлучи како ќе ги користи приходите што ќе ги остварува од наплатата на таксата за транзит на увезениот руски гас низ бугарска територија, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи.  – Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, […]

Заканите за бомби во Бјелина, евакуирани судовите и градската администрација


Во зградата во која се сместени Основниот и Окружниот суд во Бијелина, Босна и Херцеговина, како и во Градската управа денеска е добиена анонимна дојава за бомба. Пријавата дошла околу 11 часот, а веднаш по пријавата на терен излегле припадници на полициската управа во Бијелина. Вработените во овие институции се евакуирани, а во тек е […]

Перо Антиќ демантира дека се степал со таткото на децата на Катарина Ивановска


Откако во медиумите се прошири веста за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која учествувале двајцата поранешни партнери на манекенката Катарина Ивановска, односно Перо Антиќ и Цобе, кошаркарот се огласи во медиумите и ја негираше оваа информација. Порталот „24инфо“ пренесе дека се случил инцидентот во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на […]

Кралот на тивкиот луксуз: Како Опра, Гвинет и Џеј Ло го туркаат Брунело Кучинели до нови височини


Секој ноември, Брунело Кучинели и неговата сопруга, Федерика, ги отвораат вратите на нивната со љубов, и беспрекорно реставрирана вила во средновековниот град Соломео, надвор од Перуџа во централна Италија, за вистински американски настан – Денот на благодарноста. „Организираме вечера за најмалку 30, 40 луѓе, а секој што има имот во близина е поканет“, вели Кучинели […]

Репортери без граници поднесе жалба за воени злосторства против палестински новинари во Газа


Невладината организација Репортери без граници (РСФ) поднесе жалба за воени злосторства извршени против палестински новинари во Газа – трета таква жалба од 2018 година – и против израелски новинар. „РСФ поднесе жалба  за воени злосторства до Канцеларијата на јавниот обвинител на МКС на 31 октомври 2023 година. Во претставката се опишуваат случаите на девет од […]

Висок функционер на ОН поднесе оставка поради „геноцидот“ на палестинските цивили


  Директорот на њујоршката канцеларија на високиот комесар на ОН за човекови права ја напушти функцијата, протестирајќи дека ОН „не успеваат“ во својата должност да го спречат она што тој го категоризира како геноцид врз палестинските цивили во Газа под израелско бомбардирање и ги оквалификува САД, Велика Британија и голем дел од Европа како „целосни […]

Јанкулоска, од денеска, на слобода по три години затвор


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска излезе на слобода, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело. Ваквата одлука ја донесе Апелацискиот суд на 12-ти октомври минатиот месец. Според соопштението на Апелација, судот ги ценел личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на […]

Народна банка: Основната камата останува 6,30 отсто ‒ монетарната политика и натаму е затегната


На 31 октомври 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот за оперативна […]