„Френки гоус ту Холивуд“ се обединува за настап на Евросонг 2023


Ливерпул – Британската поп-група „Френки гоус ту Холивуд“ (Frankie Goes To Hollywood) повторно се обединија – следи нивен настап за време на свеченоста на отворањето на Евровизија на 7 мај, вон натпреварувачкиот дел. Гитаристот на музичкиот состав од Ливерпул, Брајан Неш изјави дека тој и остатокот од бендот „ќе почувствуваат малку ‘скаузер’ (ливерпулска) љубов“ при настапот во […]

„Танц фест 2023“ завршува со претставата „Одења и слични кореографски решенија“


Со изведба на претставата „Одења и слични кореографски решенија“ во режија и кореографија на Филип Петковски, вечер во 20 часот на малата сцена во Националната опера и балет завршува 19-тото издание на фестивалот „Танц фест“. Во претставата учествуваат Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Давид Николовски и Борјан Ристовски. Музиката е на Давид Николовски, […]

Претседателката на Врховен суд апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет


  Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет во интерес на граѓаните и на државата.  – Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување […]

Маж падна од електричен мотоцикл и почина


Почина 67-годишен кичевец, кој додека управувал електричен мотоцикл, му се слошило и паднал, објави вчера МВР. -Вчера, на улицата Партизански одреди во Кичево, на Е. Д. (67) му се слошило додека управувал електричен мотоцикл, без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, […]

Македонец убиен во Бугарија, 14-годишник го избодел со колец


Бугарските медиуми пишуваат дека 49-годишен македонски државјанин е убиен во Сончев Брег од 14-годишник од Несебар. Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со повреди на главата е пронајдено во Сончев Брег. По увидот, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин кој на 24 јануари влегол […]

Русија стравува дека Западот дека сака воено да се врати во Централна Азија


  Русија ја подига борбената готовност во своите бази во Киргистан и Таџикистан, најави денеска во Њу Делхи рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. – Одлуката е донесена во контекст на обидите на САД и нивните сојузници да го обноват своето воено присуство во Централна Азија На денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки […]

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 20 %, инвестиции од 5,6 милиони евра и со 47 нови вработувања во земјава во периодот јануари – март 2023 г.


Приходи од продажби  Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2023 година продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е за 20 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.  Продажби […]

Средба со шпанската писателка Карла Мерино во Скопје


Амбасадата на Шпанија во Скопје, заедно со Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, групата за Шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Europe House, канат на јавен настан со шпанската писателка Карла Мерино на 4 мај во 18 часот во Europe House. На настанот ќе биде […]

Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“- женскиот глас што надалеку се слуша во ново издание


Румена Бужаровска е новото големо име што се вброи меѓу одличните домашни автори чии книги се во издание на ТРИ. Ценета и преведена на петнаесет светски јазици – Румена Бужаровска има големо влијание врз развојот на македонската проза. Од ТРИ со големо задоволство и возбуда ги најавуваат трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое […]

Борисов: Доколку Петков и Василев учествуваат во владата, ние ќе предложиме наши видни личности


Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…., изјави лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “„ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, затоа што е усогласена законодавната […]

Николоски на Делфи економскиот форум: „Отворен Балкан“ е шанса за подобра иднина


„Отворен Балкан“ е иницијатива која веќе ги покажува економските придобивки за земјите што учествуваат во неа. Бројките укажуваат на раст на трговската размена, олеснети се процедурите за преминување на границите, воведени се зелени ленти за движење на земјоделските и прехранбените производи и сл, истакнал заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, кој учествува на осмиот Делфи економски […]

Германската берза го презема данскиот провајдер „СимКорп“ за 3,9 милијарди евра


  Групацијата на Германската берза (Deutsche Börse) во четвртокот објави дека потпишала доброволна понуда за преземање целосно готовина за стекнување на данскиот провајдер на софтвер и услуги „СимКорп“ (SimCorp) по цена од 735 дански круни за акција. Вкупниот износ што треба да се понуди во понудата за сите акции на „СимКорп“ е приближно 3,9 милијарди […]

Највисоката исплатена плата во Црна Гора годинава е 110.000 евра


  Во Црна Гора десетте највисоки бруто плати во март годинава се движеле од 110.000 евра до 64.700 евра, од кои 88.000 евра бруто биле издвоени за вработен во државен орган, покажуваат податоците на Управата за приходи и царина доставени до порталот РТЦГ. Пресметката вели дека бруто платата од 88.000 евра (со даноци и придонеси), […]

Петровска со иницијатива за подигање спомен-обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце


Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави министерката за одбрана Славјнка Петровска. – Овие настани не […]

Кралот Хуан Карлос има и вонбрачна ќерка?


Мадрид- Авторите на книгата тврдат дека шпанскиот монарх Хуан Карлос, покрај трите деца од бракот со кралицата Софија, има и вонбрачна ќерка Алехандро. Шпанскиот крал Филип Шести и принцезите Елена и Кристина не се единствените деца на поранешниот шпански крал Хуан Карлос, тврдат авторите на книгата која е пред објавување, но извадок од неа денеска […]

Мајк Пенс седум часа сведочеше пред големата порота за Доналд Трамп


Вашингтон– Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави Мајк Пенс сведочеше пред федералната голема порота како дел од истрагата за тоа дали поранешниот претседател Доналд Трамп се обидел да го смени резултатот од неговиот пораз на изборите во ноември 2020 година од Џо Бајден, но и дали имал удел во поттикнувањето насилство во Капитол на 6 […]

Проверете ги фиоките: За овие монети можете да добиете и до 5.000 евра


Помина долго време откако во Германија се плаќаше во марки. Иако еврото сега е стандардно платежно средство во Европа, сепак многумина дома имаат стари германски монети, пренесува магазинот „Феникс“. Дали како дете сакавте да собирате монети? Ако сте собирале ковани пари, можеби ќе имате навистина среќа. Некои монети од германската марка денес вредат и до […]

Како домот на наследничката Барбара Хатон во Лондон стана резиденција на американскиот амбасадор


Лондон- Понекогаш величествената куќа не се чувствува како дома. Особено ако во филмот „Дипломат“ сте Кејт Вајлер (Кери Расел) на Дипломатот, (фиктивен) искусен офицер на американската служба за надворешни работи, кој ненадејно е назначен на местото Тифани на амбасадор во ОК. Добро во криза, се надеваме дека Кејт може да ја намали температурата додека премиерот […]

Економскиот раст во САД нагло забави во првиот квартал


Економскиот раст на САД нагло забави во првиот квартал од 2023 година, и покрај силната потрошувачка, бидејќи Федералните резерви продолжија со својата историска кампања за заострување на монетарната политика. Најголемата светска економија порасна за 1,1 отсто на годишна основа во периодот од јануари до март, според прелиминарните податоци објавени од Министерството за трговија во четвртокот, […]