Преку европски проект ќе се реконструира центарот на Велес


Тендерот е во тек, а од 15 мај ќе започнат градежните активности за реконструкција на центарот на Велес, со што ќе биде разубавен просторот помеѓу двата јавора и фонтаната на плоштадот С’рмаале до кружниот тек кај Коњаникот во строгиоит центар на Велес, кај поранешната Стоковна куќа НА-МА. Тој дел од улицата „8 Септември“ ќе стане […]

Украдена бистата на Цветан Димов од парк


Денеска, во 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Малолетници силувале друг малолетник и снимале


Во четвртокот, околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На „Богородица“ за излез од државата се чека до 30 минути


На граничниот премин „Богородица“ попладнево за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известуваат од Авто-мото сојуз на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, […]

Се пукало во Аеродром


На 27.04.2023 во 11.34 часот во СВР Скопје, И.Ц.(21) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на паркинг на бул.„АСНОМ“ во Скопје, додека бил со уште неколку лица, дошол К.Ј. од Скопје и од пиштол испукал еден куршум кон него, но не го погодил. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По осум години избрана новата Влада на Федерацијата БиХ


 По осум години Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ (СДП). Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит наметна одлуки со кои се деблокира изборот на владата. За именувањето на новата Влада на ФБиХ, што ја сочинуваат […]

Бочварски: Го исплативме првиот трансфер од 117 милиони евра кон ЈПДП за проектот со „Бехтел и Енка“


Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и […]

Заев: Регионот ќе биде енергетски многу постабилен ако делуваме заедно


 Регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно, порача поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за време на панел дискусијата посветена на енергетиката на Делфи економскиот форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Заев се осврна на важноста на соработката на земјите од регионот, како пример ги спомена […]

Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31 мај


 За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница. – Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот […]

Фискалните сметки не се проблем само на Пластичарска улица, туку и кај здравствени установи, златари…


Инспекторите од Управата за јавни приходи од почетокот на годинава заклучно со 25 април извршиле вкупно 1.522 контроли согласно Законот за контрола на готовински плаќања, при што кај 702 субјекти биле утврдени неправилности, најчесто за неиздавање фискални сметки. Меѓу покарактеристичните контроли кои што беа посочени на денешниот брифинг со новинарите се оние на булеварот „Никола […]

И градежништвото мора да се менува: Идните куќи ќе станат „банки“ за материјали


Напорите на ЕУ да го прилагоди својот градежен сектор и да го усогласи повеќе со амбициите за климата и циркуларната економија ќе повлечат значителна промена во начинот на кој се користат материјалите за градење. Градежниот сектор во Европа има годишен обрт од речиси 1 милијарда евра, но тоа има цена: половина од потрошените материјали во […]

Николај Милков се чуди на некои изјави на Бујар Османи


  Бугарскиот министерот за надворешни работи Николај Милков вели дека нема изгледи за оптимизам за подобрување на односите меѓу Скопје и Софија и наведува дека го зачудиле некои изјави на неговиот колега Бујар Османи. Во интервју за Бугарското национално радио (БНР) Милков го нарече Османи „можеби најконструктивниот политичар во Република Северна Македонија“. Но вели: „Бујар […]

Војната во Украина е почеток на војните што ќе и се случат на Русија, тврдат Чеченците


Киев – „По Украина, Чеченија“, вели чеченскиот командант кој се бори на страната на Киев. Чеченските војници се јасни дека се во Украина за да надоместат околу два века руско угнетување врз нивната планинска и често бунтовна татковина – од депортацијата на населението на Јосиф Сталин во 1940-тите, преку уништувањето на нивниот главен град Грозни […]

По фудбалскиот Мундијал, Катар во 2027 домаќин и на СП во кошарка


Женева – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) одлучи домаќин на Светското првенство за кошаркари во 2027 година да биде Катар. Со тоа оваа азиска земја, по Светското фудбалско првенство кое го организираше на крајот од минатата година, ќе биде домаќин и на завршниот турнир во вториот најраспространет спорт во глобални рамки. Домаќин на кошаркарскиот Мундијал 2027 […]

Зошто потфрли наплатата од ДДВ


Наплатата на даноците годинава заклучно со 27 април покажува зголемување за 1,71 процент во однос на наплата во истиот период 2022 година, покажуваат податоците на Управта за јавни приходи. Сепак, кај ДДВ-то има големо потфрлање. Кај данокот на добивка има зголемување на наплатата од 8,43 проценти, а кај данокот на личен доход за 13,8 проценти. […]

Раперот Прас Мишел прогласен за виновен по сите 10 точки од меѓународното судење за измама


Вашингтон – Хип-хоп ѕвездата Прас Мишел, добитник на Греми награда, беше прогласен за виновен по 10 точки поврзани со она што обвинителите го нарекоа „тајна кампања за странско влијание“ финансирана од богат малезиски финансиер за да се пласира влијание во Соединетите држави. На еднонеделното судење сведоци како Леонардо ди Каприо и поранешниот јавен обвинител Џеф […]

Од 12 мај сезонски авионски лет Скопје-Сплит


Од 12 мај до средината на октомври ќе бидат воведени сезонски авионски летови од Скопје до Сплит, со кои хрватскиот национален авиопревозник „Кроација Ерлајнс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на туристичката сезона. Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два […]

Политико: Бајден е „младо пиле“ во споредба со некои светски лидери


Кога американскиот претседател Џо Бајден во вторникот објави дека ќе бара реизбор во 2024 година, вниманието брзо се сврте кон неговата напредна возраст.Доколку биде избран, Џо Бајден би имал 82 години на денот на инаугурацијата во 2025 година, а 86 кога ќе ја напушти Белата куќа во јануари 2029 година. POLITICO погледна низ целиот свет […]

Автобусите на 1 Мај ќе сообраќаат по неделен возен ред


Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, в понеделник автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација на 1 Мај нема да работат, информира ЈСП „Скопје“. Жичарницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник. Од ЈСП „Скопје“ потсетуваат дека од […]

Костадиновска- Стојчевска : Културното наследство е клучен ресурс за обликување на нашиот европски идентитет


Културата не е само минатото, туку е и нашата иднина, беше една од главните пораки на панел дискусијата на Делфи економскиот форум, посветена на културното наследство во државите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.  На панел дискусијата предвидено беше да учествува и министерката за култура на […]