Почувствуван земјотрес во Кичево и околината


Земјотрес  со локална Рихтерова магнитида од 2,8 степени е регистриран изутрина во 1 часот и 27 минути 64 километри југозападно од Скопје од епицентралното подрачје Кичево. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот  е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III–IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Министерот Спасовски во Белград на билатерална средба со српскиот колега Гашиќ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во посета на Белград, каде ќе оствари билатерална средба со неговиот српски колега Братислав Гашиќ. Како што соопшти МВР, повод за посетата на Спасовски на Србија е потпишувањето на Протоколот за начинот на извршување гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец


Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 22 февруари 2023 година, 53-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 312 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути. Денов трае 10 часа и 54 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот […]

Автомобил удрил во полициско возило на автопатот Куманово – Табановце


  Сообраќајна незгода се случи вечерва на автопатот Куманово – Табановце кога автомобил марка „Шкода” удрил во службено полициско возило. Увидот на сообраќајката е во тек. Од полицијата најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. Поради сообраќајната незгода од 21 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец од Куманово, кај бензинската станица пумпа […]

Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите


Денеска можеме да ги поставиме темелите на општествената одговорност чии плодови ќе ги уживаат идните генерации, што всушност е наша обврска кон нив. Настанот за кој се собравме, доделување на стипендии за студенти, ја истакнува филантропијата на нашите бизнисмени, која е позната и како „општествена одговорност на корпорациите“, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи […]

Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти


Во земјите од Европската унија потрошувачката на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и воведувањето на вонредни мерки за сузбивање на енергетската криза, соопшти денеска Евростат. Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август до јануари […]

Мелони во Киев го критикуваше говорот на Путин: „Тоа беше пропаганда“


Украина– Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Киев го оцени говорот на рускиот претседател Владимир Путин како „пропаганда“ и вети континуирана италијанска поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони во главниот град на Украина пристигна со воз од Полска, а ова е нејзина прва посета на Украина откако во август ја презеде премиерската функција како лидерка на победничката десничарска […]

Детали за сообраќајката кај Битола: Загинаа македонски и норвешки државјанин


Попладнево во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец А3 – Битола – Прилеп, животот го загубија две лица. Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило марка „Ситроен Ксара”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Ситроен Ц1″, со битолски регистарски таблички, управувано 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со […]

„Предавство“: Евгениј Пригожин пак ги нападна руските генерали


  Расправијата во руската војска почнува да врие. Евгениј Пригожин, основач на приватната групација „Вагнер“, тврди дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов се обидуваат да го „уништат ‘Вагнер’“ – што означува ескалација на непријателствата меѓу влијателниот паравоен шеф. и рускиот воен естаблишмент. „Началникот на Генералштабот и министерот за […]

МНР на Русија дообјаснува околу суспензијата на Нов СТАРТ


Русија ќе продолжи да ги почитува стратешките офанзивни ограничувања и покрај суспензијата на договорот Нов СТАРТ, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. – Со цел да се одржи доволен степен на предвидливост и стабилност во нуклеарната ракетна сфера, Русија има намера строго да се придржува до квантитативните ограничувања на стратешкото офанзивно оружје, кои се […]

Западот е чувар на демократијата во светот, изјави Бајден во Варшава


  Претседателот Џо Бајден, враќајќи се во вторникот во полскиот замок каде што зборуваше кратко по руската инвазија на Украина минатата година, рече дека војната ја зацврстила решеноста на Западот да ја брани демократијата ширум светот. Тој предупреди дека претстојат „тешки и горчливи денови“, но вети дека Соединетите Држави и нивните сојузници „ќе го чуваат […]

ОН реагира на најавата на Путин: Последиците може да бидат катастрофални


  Обединетите Нации изразија загриженост поради одлуката на Русија да се повлече од историскиот договор за контрола на нуклеарното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот Нов СТАРТ. – Светот без контрола на нуклеарното оружје е многу поопасен, понестабилен, со потенцијално катастрофални последици, истакна портпаролот на ОН Стефан […]

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Сообраќајот на патниот правец А3 – Битола – Прилеп е нормализиран од 19:25 часот, информира АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец на излез од Битола кон Прилеп после бензинската станица „Пелагонија“ беше во прекин од 16:15 часот поради сообраќајна незгода. Според извори во СВР Битола, во тешката сообраќајна меѓу две патнички возила со битолски и […]

Договорот „Нов СТАРТ“ ја ограничува количината на вооружувањето и обезбедува меѓусебна контрола


Договорот „Нов СТАРТ“, чие прекинување на учеството од страна на Русија денеска го најави претседателот на таа држава Владимир Путин, се однесува на намалување и контрола на стратешкото нуклеарно вооружување. Договорот ги обврзува Москва и Вашингтон на максимум 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави на распоредени интерконтинентални балистички ракети или распоредени балистички ракети на подморниците, максимално […]

Лихвар од Штип за дадени 33.000 денари барал да му вратат 300.000


Полицијата поднесе кривични пријави против Е.Ј.(35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Уцена“ и „Лихварство“. Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал […]

Мечка нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ


Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани веќе втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина. Потрагата траела до доцна синоќа, а рано утринава продолжила пришто влучени биле десетина лица. Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната […]

Баварскиот министер за транспорт: Со забраната за бензински и дизел мотори нè чека кубанско сценарио!


Знаете како е во Куба. Откако социјалистичкиот режим на Фидел Кастро дојде на власт на тој остров во 1959 година, увозот на нови американски и западноевропски автомобили престана. Земјата е изолирана, па Кубанците мораа да се снаоѓаат. Затоа американските гиганти, старите кадилаци, шевролети…, чии оригинални V8 мотори беа отстранети и во нив беа поставени поекономични […]

Кинескиот претседател можеби ќе ја посети Русија


  Кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро може да ја посети Русија, јави денеска Вол Стрит Џурнал. Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во ставањето крај на конфликтот во Украина, а извори запознаени со плановите за патување на кинескиот претседател рекоа дека кинескиот Си планира да се заложи за мултилатерални мировни преговори за време на неговата средба со […]

Две жртви во сообраќајка на излезот од Битола кон Прилеп


Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп. МИА дознава дека во сообраќајката, евидентирана во 16.15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица. Сообраќајот на патниот правец Битола – […]