(Видео) Маск најави тестирање мозочни чипови на луѓе


Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија „Неуралинк“, врз луѓе, да отпочнат во рок од шест месеци, откако претходно беа пропуштени роковите. – Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме тоа да работи како што треба, пред да го ставиме уредот во човек. […]

Волстрит силно порасна по коментарите на првиот човек на ФЕД


  На Волстрит, цените на акциите силно пораснаа во средата, бидејќи претседателот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел сигнализираше забавување на каматните стапки, веројатно веќе во декември. Дау Џонс (Dow Jones) порасна за 2,18 отсто, на 34.589 поени, додека СиП (S&P) 500 скокна за 3,09 отсто, на 4.079 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) порасна […]

Германскиот парламент го прогласи Холодоморот во Украина за геноцид


Германскиот парламент усвои резолуција со која Холодоморот, или изгладнувањето на милиони Украинци под советскиот режим, се прогласува за геноцид. Необврзувачката, но симболично значајна резолуција беше усвоена со големо мнозинство во Бундестагот, бидејќи за неа гласаа пратениците од либерално-левичарската коалиција на канцеларот Олаф Шолц и опозициските демохристијани. Социјалистичката партија на левицата и десничарската популистичка Алтернатива за […]

Деветмина повредени во пожар на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“


САД – Девет лица се повредени кога пожар избувнал на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ за време на маневри во близина на брегот на Калифорнија, соопшти американската морнарица. „Утрото на 29 ноември избувна пожар на носачот на авиони ’Абрахам Линколн’, брод од класата Нимиц. Пожарот беше брзо лоциран и ставен под контрола благодарение на напорите […]

Мартино го напушта Мексико по елиминацијата од Светското првенство


ОАЕ– Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација Херардо Мартино ќе ја напушти функцијата по елиминацијата на тимот од Светското првенство, пренесува „АС“. Мексико синоќа ја победи Саудиска Арабија со 2:1 и му недостасуваше само еден гол да ја помине групата. Сепак, Мартино ја соопшти својата одлука на федерацијата уште пред почетокот на СП 2022 година, но по […]

Меси за соборувањето на рекордот на Марадона: Би бил многу среќен за мене


ОАЕ – Лионел Меси проговори за соборувањето на рекордот на Диего Марадона за натпревари за националниот тим. Натпреварот одигран синоќа против Полска (2:0) беше 22-ри за напаѓачот на фудбалските Мундијали. Меси кој игра за ПСЖ го надмина Диего Марадона по бројот на настапи на Светските првенства и постави рекорд за Аргентинците. – Неодамна дознав за тоа, […]

Маричиќ во Брисел, започнува билатералниот скрининг за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални вредности“. Како што соопшти СЕП, во следните два дена, Работната група за преговори, низ 24 презентации, ќе ја претстави позицијата и нивото на усогласеност […]

Франција ќе се жали до ФИФА за поништувањето на голот на Гризман


ОАЕ– Француската фудбалска федерација ќе се жали до ФИФА поради поништување на голот на Антоан Гризман. „Триколорите“ вчера загубија од Тунис (0:1) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година. Антоан Гризман израмни во осмата минута од судиското надополнување. Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај […]

Најмногу дожд во Демир Капија и Гевгелија, снег во Маврово


Најмногу дож, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР. Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе. И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег […]

Во Софија ќе бидат потпишани договори меѓу музеите на Македонија, Бугарија и Србија


Во Министерството за култура на Бугарија денеска ќе бидат потпишани договори за заеднички активности меѓу Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и Националниот музеј на Србија, јави дописникот на МИА. во Софија.   Музеите ќе ги претставуваат нивните директори. На настанот ќе присуствуваат министерот за […]

Шпанската полиција запленила пратка со рекордни 5,6 тони кокаин


Шпанија– Шпанската полиција соопшти дека во пристаништето во градот Валенсија запленила пратка со рекордни 5,6 тони кокаин, вредна повеќе од 340 милиони евра. Дрогата била пронајдена во контејнер што пристигнал од Јужна Америка во едно од главните европски пристаништа на Медитеранот. Според шпанското Министерство за внатрешни работи, запленувањето е резултат на истрага покрената кон почетокот на […]

Француската влада се подготвува за недостиг на електрична енергија оваа зима


Франција – Француската влада почна да презема конкретни мерки за да се подготви за можни прекини на струја во различни делови на државата во текот на зимата, јави ДПА. Премиерката Елизабет Борн ќе им наложи на регионалните власти да бидат подготвени за контролирани прекини на електрична енергија од не повеќе од два часа, соопшти прес-службата на […]

ЕУ го предупреди Маск дека Твитер мора да ги почитува новите правила


Белгија – Еврокомесарот за дигитална политика Тиери Бретон го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека американската социјална мрежа мора да ги зајакне контролите за да ги заштити корисниците од говор на омраза, дезинформации и штетна содржина. Брентон му пренел на Маск   дека Твитер ќе мора значително да ги зголеми напорите за усогласување со правилата и […]

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас


Германија –   Германската енергетска компанија „Унипер“соопшти дека го тужи „Газпром“ за отштета затоа што не ги испорачале договорени количини природен гас од јуни, кога тој руски гигант почна да ги намалува испораките и целосно да ги стопира на крајот на август. Како што соопшти Унипер, германскиот увозник на руски гас, постапката против Газпром Експорт е […]

Велешани пет месеци немаат кожен доктор, дефицит на кадар има и за други здравствени услуги


Велешани веќе пет месеци не можат да остварат здравствена заштита од кожен доктор во Општата болница во Велес. Единствената докторка е неколку месеци на боледување, а пациентите се упатуваат на специјалист во Скопје. Портпаролот на Општата болница д-р Елена Левкова Ќулумова во изјава за МИА информира дека докторката по кожни болести од боледување ќе се врати во […]

„Работа во недела” на седница на Уставен суд


Уставниот суд на денешната 38. седница ќе одлучува по Рефератот кој е подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”. Според подносителот на иницијативата, со оспорениот закон e […]

Официјално отворање на ФабЛаб Скопје


 Во Машински Факултет – Скопје (МФС) денеска официјално ќе биде отворено ФабЛаб Скопје, кое се очекува да има голем ефект врз младата популација како место каде ќе можат да ја изразат својата креативност, да бидат иновативни и да започнат да размислуваат претприемачки. ФабЛаб-от се формира како платформа со која технологиите на производство ќе се доближат […]

Светски ден за борба против СИДА, во земјава од ХИВ/СИДА починале 123 лица


Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ и понатаму останува глобален проблем за јавното здравје. Повеќе од два милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО се погодени од ХИВ. Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Намалени се ресурсите, а како резултат на тоа, голем број […]

Штајнмаер денеска во Тирана, прва посета на германски претседател по 27 години


Албанија – Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана, каде ќе пристигне по посетата во Скопје. Ова е прва посета на германски претседател на Република Албанија по 27 години. Со сите државнички почести ќе биде дочекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со кого ќе имаат куса […]

Ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл во Кинотека


Кинотека во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл. Ретроспективата ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1967 година. -Во 2000 година Менцл беше гостин на промоцијата на неговата книга преведена […]