Токсичната мажественост им штети на сите, потребни се промени во воспитувањето од најрана возраст и советувалишта за мажи


Живееме во општество каде машките од најмала возраст ги учат дека треба да бидат силни и да не иразуваат емоции, а тоа предизвикува голема парализа во градењето на мажественоста, која се толкува на погрешен начин, со што, покрај погрешното градење на нивниот идентитет, тие во конфликтни ситуации, наместо да пристапат кон конструктивен разговор, најчесто ги […]

Проекција на „Мирно лето“ во Кинотека како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“


Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ што се однесува на поддршка на повозрасните лица денеска во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“. – „На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите […]

Ковачевски: Од буџетот очекувам резултати и ќе инсистирам да ги има


Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, порачува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Ковачевски вели дека Предлог-буџетот не само што е реален, туку е и рационален и […]

Нека трепка магијата на новогодишната честитка


Дедо мраз со бела долга брада и црвена облека, со санка носи подароци во ноќта со голема месечина во пресрет на Божик и Нова Година. Слика на честитка што сум ја добила пред многу години кога посетував основно училиште. Од другата страна на честитката со детски ракопис напишано: Среќна нова година, многу здравје и радост. […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 11 декември 2022 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа 11 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Франција ја победи Англија во четвртфиналето, Кејн промаши пенал


 Репрезентацијата на Франција вечерва ја совлада Англија со 2:1 во последниот натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Катар. Во првото полувреме, Французите го отворија резултатот по прецизен удар од далечина на играчот од средниот ред Орелиен Чуамени. Во вториот дел Англичаните добија право на удар од белата точка, кој го реализираше напаѓачот Хари […]

Стојанче Ангелов останува лидер на Достоинство


Актуелниот лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов и во следните четири години ќе ја предводи партијата, откако на 4. Конгрес на Достоинство што се одржа денеска едногласно е реизбран на оваа фунакција. Тој беше единствен кандидат за претседател. Ангелов по изборот пред присутните делегати го образложи планот и програмата на Достоинство за следниот четиригодишен период, во […]

Србија бара од КФОР да распореди војска на северот на Косово


Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на Косово. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста, кога претставниците на Србите на северот на Косово поставија барикади, протестирајќи против апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ. Претходните денови беа забележани голем […]

Ковачевски: Не е работа на Владата да го решава проблемот со превозниците


Решавање на дневни, менаџерски проблеми, како што е овој со превозниците, тоа не е работа на Владата, тоа треба што поскоро да го реши градоначалничката и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ, да им го врати функционален градот на скопјани. Кавгите граѓаните не ги интересираат туку решенијата, вели во интервју за МИА премиерот Димитар Ковачевски на […]

Роналдо во солзи го напушти теренот по поразот од Мароко


 Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, веднаш по завршувањето на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Мароко (0:1), отиде кон соблекувалните. Објективот на камерата фати снимка како 37-годишниот Португалец не можеше да ги задржи солзите. Роналдо веднаш по последниот судиски свиреж го напушти теренот, без воопшто да се приближи до трибините […]

Мароко напиша историја, прва селекција од Африка во полуфинале на Светското првенство


Репрезентацијата на Мароко денес ја совлада селекцијата на Португалија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година. Со тоа Мароко стана првата селекција од Африка во историјата која се пласирала во полуфиналето на фудбалските Мундијали.Претходно ниту една африканска селекција не помина подалеку од четвртфиналната фаза. Африканците ги загубија претходните три четвртфиналиња: Камерун во 1990 […]

„Мароко е нашата гордост“ – Африка и арапскиот свет во егазалтација по историскиот успех на Мундијалот


  Мароко стана првата африканска земја што се пласираше во полуфинале на Светското првенство победувајќи ја Португалија со 1-0 во саботата, со што веројатно стави крај на шансите на Кристијано Роналдо да ја освои најголемата фудбалска награда. Јусеф Ен-Несири го постигна победничкиот гол во 42-та минута за да ја продолжи неверојатната серија на Мароко што […]

Осомничениот за заложничката криза во Дрезден почина од повредите во полициската акција


Четириесетгодишниот маж, осомничен дека ја убил мајка си пред да земе заложници во источниот германски град Дрезден, починал од повредите здобиени во полициската операција, соопштија властите. Полицијата соопшти дека 40-годишен маж ја убил својата 62-годишна мајка денеска рано наутро во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден. Во соопштението се наведува дека тој подоцна зел […]

Османи утре во посета на Египет


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на актуелен претседавач со  Медитеранската група  за соработка на ОБСЕ и иден претседавач со Организацијата, утре,  ќе престојува во работна посета на Египет.   За време на посетата, Османи ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи, Самех Хасан Шукри Селим и министерот за трговија […]

Поправал гума на булеварот „Киро Глигоров“, го прегазила „Форд Фиеста“


Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа […]

Мицкоски: Не треба нов закон за да се истражува корупцијата


Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценува дека ако има волја, власта може да го истражува криминално стекнатиот имот и без посебен закон за потеклото на имотот. Според првиот човек на опозицијата, со оваа власт криминалот и корупцијата не можат да се намалат, туку само да се продлабочат. Мицкоски го коментираше и тимот стигнат од […]

САД ќе ги „ловат“ корумпираните и во Албанија


Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, испрати јасна порака дека САД ќе продолжат да ги интензивираат напорите за соочување со корупцијата и да бараат одговорност од корумпираните актери во Албанија, јави агенцијата Балкан веб. Според неа, тоа е порафи фактот што „сакаат Албанија, како пријател и сојузник во НАТО, да ја видат посилна и побогата“. […]

Стразбур во вторник ќе објави пресуда за дискриминацијата на децата Роми во Штип и Битола


 Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Северна Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур. Апликантите, 87 државјани на Северна Македонија, се […]

Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица, Србите се собираат во Звечан


Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласиле сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.   Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во Звечан. Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на […]