САД ќе почнат трговски преговори со Тајван


  САД –   Американската влада најави дека ќе почне преговори со Тајван за склучување трговски договор. Информацијата беше објавена од американското Tрговскo претставништво откако Пекинг спроведе воени вежби што вклучуваа истрелување проектили во водите околу Тајван во обид да се заплаши островот по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси. Во денешното соопштение не […]

Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања


  Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за […]

Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено


  Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а […]

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 18 август 2022 година, 225-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 140 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

(Галерија) АРМ заедно со граѓаните го прослави 30-годишниот јубилеј


  Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и со концерт на воениот оркестар и со музички ѕвезди, Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј. На манифестацијата присуствуваа министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник […]

Пецаков: Срамота е да не се одржи Охридскиот маратон


  Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на претседателот на Македонија. Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодржување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа […]

 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 


Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Северна Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година. Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и […]

Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето


Бугарскиот историчар Наум Кајчев, вели дека  македонската наука сега ќе мора да ги прифати тезите кои преовладуваат во бугарската историја, барем што се однесува до средновековниот период. Изјави дека тие тези се познати за бугарските граѓани, за бугарската образована јавност, но се многу непознати во македонското општество.  „Само една мала елита на историчари знае и признава […]

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината


  Банките во Словенија во првата половина од годинава оствариле 212,5 милиони евра добивка пред оданочување. Тоа е за 15,4 отсто помалку од една година порано, а падот на добивката е резултат на повисоките оперативни расходи и создавањето нето-резервации, наведува Банката на Словенија во редовното месечно објавување за работењето на банките. Во првото полугодие од […]

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковните резерви. Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени. Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а одредени маркети, смета, се најголеми профитери.   -Се испостави во […]

Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган


  Украина– Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН денеска пристигна во Лавов, каде утре ќе учествува на трилатерална средба со претседателите на Украина, Владимир Зеленски и претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Укринформ, повикувајќи се на соопштението на портпаролот на ОН на Твитер. Освен најавата за утрешната трилатерална средба, во твитот не се […]

Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја. Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.   Според вицепремиерот, […]

Две од децатa повредени во несреќата во Бугарија со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија


  Бугарија– Двете српски деца кои се на лекување во софиската болница „Пирогов“ повредени во сообраќајката на автопатот „Тракија“ на 14 август, утре  ќе бидат пренесени во Србија. Тоа денеска го соопшти Министерството за здравство на Бугарија. Децата ќе бидат превезени со два хеликоптера на Србија со два тима за реанимација. Хеликоптерите ќе пристигнат од […]

Калифорнија ќе штеди струја


САД– Властите на Калифорнија денеска апелираа до граѓаните да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во нивните домови и канцеларии, бидејќи голем дел од државата на западот на САД е под влијание на екстремен топлотен бран, што се заканува да предизвика колапс во снабдувањето со струја. Метеоролозите најавија дека температурата во најнаселената американска сојузна држава […]

Надал: Тажен сум поради тениското збогување на Серена Вилијамс


  САД– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека Американката Серена Вилијамс (40) е една од најдобрите спортистки на сите времиња. Американската тенисерка во кариерата освои 23 грен – слем трофеи и најави повлекување од тенисот по завршувањето на Ју – Ес Опен, кој почнува на 29 август. – Серена е еден од најдобрите спортисти […]

СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници


  Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус. Тој додаде дека од мајмунски сипаници починале 12 лица. Гебреисус истакна дека минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на […]

Во Кондово залутан куршум повреди момче, а во Љубин оштети шофершајбна


  МВР соопшти дека вчера се забележани два инцидента од залутани куршуми – едниот во Кондово каде е повредено момче, а другиот во село Љубин каде е оштетена шофершајбна на возило „шкода октавија“. -На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил […]

Македонија во четврток и во петок во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран


Владата на денешната 70. седница поради топлотниот бран најавен за четврток и петок донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева […]

Назначен е нов командант на руската Црноморска флота на Крим


Виктор Соколов е назначен за нов командант на руската Црноморска флота со седиште во Крим, јави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извори, а пренесе Ројтерс. Ова назначување уследи по експлозиите во руските воени бази на Крим минатата недела и вчера, наведува британската агенција. Вчера експлодираше складиште за муниција во Џанкој на северот на […]

ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија


Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри […]