Почна чистењето на коритото на Вардар


Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар. Деновиве започна чистењето на […]

Ковачевски денес на вечера со Борел


  Премиерот Димитар Ковачевски денес ќе престојува во Брисел каде што на покана на високиот преставник на надворешна политика, Жозеп Борел, ќе има билатерална средба, а потоа и работна вечера со лидерите на Западен Балкан.  Средбата доаѓа по изјавата на францускиот лидер Емануел Макрон за некаква нова форма на приклучување на земјите кандидати кон Европската […]

Монако: Принцот Алберт ќе ѝ плаќа 12 милиони евра годишно на Шарлин да се појавува покрај него


  Принцот Алберт од Монако потпишал „ултра доверлив договор“ да ѝ плаќа на својата проблематична сопруга Шарлин повеќе од 12 милиони евра годишно за да ги исполни нејзините кралски должности. Водечките француски медиуми објавија дека 64-годишниот владетел на медитеранското кнежевство прави сѐ за да ја задржи принцезата Шарлин (44) „покрај него на јавни настани“. Тоа […]

Претставничкиот дом на САД одобри над 40 милијарди долари помош за Украина


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми. Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“. Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, […]

Финска и Шведска се поблиску до официјална кандидатура за членство во НАТО


Финска и Шведска се се поблиску до одлуката за најверојатна нивна кандидатура за членство во НАТО, а официјалната објава на таквата одлука се очекува наредните денови, потврди синоќа финската страна. На нешто помалку од три месеци од почетокот на војната во Украина, двете балтички држави соочени со руска закана се наоѓаат пред вратите на западната […]

Жена во Ел Салвадор осудена на 30 години затвор поради абортус


 Суд во Ел Салвадор осуди жена, која имала итна акушерска интервенција за да ја прекине бременоста, на 30 години затвор под обвинение за тешко убиство, објави граѓанската организација што помага при нејзината одбрана. Невладината „Група граѓани за декриминализација на абортусот“ денеска соопшија дека жената која е идентификувана само како „Есме“ е осудена завчера. Осуденичката е […]

Бугарски аналитичари: Одлуката на Вселенската патријаршија е првиот и важен чекор за решавање на статусот на МПЦ


Признавањето на Охридската архиепископија е логичен и очекуван потег на Вселенската патријаршија, оценува професорот по политички науки на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ Искрен Иванов, во изјава за дописникот на МИА од Софија. Според него, овој потег може да се толкува на два начина – дека вселенскиот патријарх е свесен оти Охридската архиепископија е целосно […]

„Телеграф“: Путин ја деградира ФСБ, командата врз разузнавањето во Украина доделена на генералот Алексеев од ГРУ


Рускиот претседател Владимир Путин ја деградирал ФСБ поради неуспесите во првата фаза од офанзивата во Украина, а командата да раководи со разузнавачките операции на терен и е доделена на руската шпионска служба ГРУ, објавува денеска лондонскиот весник „Телеграф“. Според „Телеграф“ руските војници дури и одбивале да ги извршуваат наредбите во Украина, убиени биле неколку генерали […]

Како изгледаат сега бранителите на „Азовстал“ (Галерија)


  Битките за челичарницата „Азовстал“ во Мариупол траат речиси два месеци – тие почнаа од средината на март. Сега фабриката е последниот центар на отпор во окупираниот од руските сили Мариупол. На крајот на април, рускиот претседател Владимир Путин нареди да се прекине нападот, но опсадата да биде таква „да не може ни мува да […]

Американски разузнавачи тврдат дека Путин се подготвува за долга војна во Украина


САД – Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи. Предупредувањето доаѓа додека продолжуваат жестоките борби на истокот, каде Русија се обидува да заземе територија, потсетува Би-Би-Си. Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите […]

Столтенберг позитивен на коронавирусот


Белгија- Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е позитивен на коронавирусот, соопшти портпарол на Алијансата. Столтенберг има благи симптоми и во наредните денови ќе работи од дома, во согласност со белгиските прописи.   

Членка на „Пуси рајот“ побегна од Русија


Русија– Марија Аљохина, истакната членка на рускиот женски бунтовнички панк-рок бенд „Пуси рајот“, побегна од земјата и покрај тоа што била под полициски надзор, како што соопшти нејзиниот адвокат вчера. Правникот Даниил Берман за тамошните медиуми изјави дека Аљохина повеќе не е на руска територија. Тој вели дека не знае како ја напуштила Русија бидејќи била […]

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот закон за работни односи


Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. Од Министерството очекуваат нацрт-верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка […]

Османи во Маракеш на состанок на Коалицијата за борба против ИСИС


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на редовниот министерски состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС, кој се ко-организира од Мароко и САД, и ќе се одржи во Маракеш, Мароко. Како што информира МНР, Османи ќе учествува на панел дискусија, со главен акцент на состојбата во Авганистан, каде […]

Нов Зеланд целосно ги отвора своите граници на 31 јули


Нов Зеланд – Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн рече дека земјата целосно ќе ги отвори своите меѓународни граници на 31 јули, а од тој ден можат да пристигнуваат и крстосувачите во локалните пристаништа.   Нов Зеланд ги затвори своите граници во март 2022 година поради пандемијата на коронавирус.   Целосното отворање на границата кон […]

Грант од 3 милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали и за набавка на спортска опрема


На 17 мај ќе биде потпишан договор за грант вреден 3 милиони евра, со кој ќе се финансира реконструкцијата на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, а воедно ќе се набави и нова спортска опрема за вкупно 50 спортски сали во склоп на основните училишта, објави на фејсбук министерот за образование […]

МПЦ-ОА се враќа во канонско заедништво, разговорите со СПЦ продолжуваат


МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи томос за автокефалност, туку чекор кон конечно решавање на статусот на нашата црква, што сепак, по препорака на Фанар ќе се бара преку разговори со СПЦ. Синодот на МПЦ-ОА […]

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери


Во рамки на 50. Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер ќе биде одиграна втората изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини. Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”. Под диригентската палка на гостинот од Италија, […]

Сончево и топло, попладне со можност за краткотрен пороен дожд


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 мај 2022 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 238 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 19 часот и 41 минути. Денов трае 14 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]