Германија издвои 60 милијарди евра за климатски фонд


Германија – Новата германска влада денеска усвои дополнителен буџет од 60 милијарди евра за климатскиот фонд, со цел да овозможи дополнителни инвестиции во транзицијата кон зелена економија, соопштија властите. Дополнителниот буџет беше едногласно усвоен од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц. Износот од 60 милијарди во овогодинешниот буџет ќе биде насочен за идните трошоци од Фондот за […]

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, на Плетвар забрана за тешки товарни возила


 Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар, од превентивни причини, од 17.15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Од АМСМ […]

Во Британија над 4.700 лица заразени со омикрон варијантата, властите инсистираат на вакцинација


 Во Велика Британија, пријавени се уште 1576 случаи на варијантата омикрон, со што вкупниот број на заразени со овој сој се искачи на 4713. Вчера во таа земја беа регистрирани 1.239 нови случаи на омикрон. Досега едно лице починало како последицата на зараза со оваа варијанта на коронавирусот. Премиерот Борис Џонсон рече дека новата варијанта […]

Гувернерот на Кентаки потврди 64 жртви од торнадата во централниот дел на САД


 Во Кентаки досега се потврдени 64 смртни случаи по низата катастрофални торнада што викендов удрија врз оваа и неколку други сојузни  држави од централниот дел на САД.   Ова денеска го изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешер, кој кажа дека оваа бројка е заклучно со понеделник наутро, а вкупниот број на жртви се уште се […]

Драмите на Горан Стефановски преведени на италијански јазик-внука му Ана го исполни ветувањето


„Пред многу години му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето“, напиша на социјалните мрежи Ана Стефановска, ќерката на нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и внука на познатиот македонски драматург Горан […]

Песна од копнеж и песна од мака- промоција на пет реобјавени дела од Блаже Конески


В четврток, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на пет реобјавени дела од Блаже Конески. Настанот „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“ е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. Повторно се објавени стихозбирките „Везилка“, „Црква“ и „Црн овен“ и двотомниот избор […]

Албанија: Хаос во седиштето на Демократската партија, насилно влегоа приврзанците на Бериша


Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија, откако историскиот лидер Сали Берша со група приврзаници насилно влегоа во просториите, каде во една од нив актуелниот лидер Љуљзим Баша одржуваше срeдба со претставници на форумот на млади. -Во еден момент имаше вербална пресметка меѓу двете страни, оние кои за лидер го признаваат актуелниот, […]

Илон Маск избран за личност на 2021 годината на магазинот „Тајмс“


САД– Познатиот милијардер и бизнисмен Илон Маск е избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“ за 2021 година. Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ и втор најбогат човек во светот, стана централна фигура во медиумите додека тој и неговите компании продолжуваат да ја обликуваат иднината на автомобилите и патувањето во светот. […]

Владата даде зелено светло за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација


Владата на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „Национални енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка. Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната […]

Забрана за сообраќај од 17.15 часот за тешки возила кај Плетвар


Од 17.15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила  преку планинскиот превој Плетвар поради интензивни врнежи од снег. Како што информираа од АМСМ забраната се  воведува од превентивни причини.

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата денешна посета на Будимпешта, вети дека ќе работи со унгарскиот премиер Виктор Орбан за области од взаемен стратешки интерес. Иако ги призна своите политички несогласувања со лидерот на Унгарија, Макрон сепак најави дека ќе бара заеднички јазик со Орбан за стратешката автономија на Европа. Говорејќи пред новинарите […]

Иван Илиевски нов в.д. директор на ЈСП


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата. Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи […]

Разрешен директор на струмичкиот Завод и Музеј


 На 10 декември Ацо Манински е разрешен од дожноста директор на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“ заради неоставрување на програмата за работа на установата, како и работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Во решението за разрешување на директорот […]

Замена за диоптриски очила: Капки за очи ви го изоструваат видот за 15 минути


Капките за очи кои пред неколку дена се појавија на американскиот пазар, привлекоа огромно внимание во јавноста, особено кај оние кои не можат да го замислат својот ден без очила. Одобрени од страна на ФДА (Управа за храна и лекови), капките наречени „Vuity“ ветуваат дека се во состојба да ги променат животите на лицата кои […]

Речиси 1.200 новозаболени во Србија, починаа 31 пациент


  Во Србија денеска се регистрирани 1.167 новозаболени со Ковид-19, а од последиците на оваа болест починаа 31 пациент. Тестирани биле 11.773 лица. Досега од последиците на корона вирус кај нашиот северен сосед починаа 12.209 луѓе. На респиратор се 168 пациенти, додека во болница се лекуваат 2.963 пациенти.

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или […]

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година


Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата. ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни […]

Пратениците трет ден расправаат за Предлог-буџетот за 2022, Алијанса на Албанците нема да даде поддршка


Пратениците денеска трет ден расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година. Претпладневниот дел помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали доволно средства се одвојуваат за образованието, а беа упатени и критики за слабата реализација на капиталните инвестиции. Алијанса на Албанците се изјасни дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот за следната […]

Црногорската опозиција го повлече предлогот за гласање недоверба на владата


Црногорската опозиција, денеска, непосредно пред почетокот на парламентарната седница, го повлече барањето за недоверба на црногорската Влада, иако претходно тврдеше дека ќе има доволно гласови за соборување на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Причина за повлекувањето е иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот […]

Осум починати и 82 заразени за еден ден во Македонија


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1. Регистрирани сe 265 оздравени пациенти […]