Утврдена е причината за пожарот во автобусот на „Беса Транс“


Позната е причината за појавата на пожарот и местото каде што избувнал во автобусот на „Беса Транс“, соопштија за БТВ бугарскиот обвинител Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на истрагата за  трагедијата. Маринов одби да ја открие  причината за пожарот и рече дека тоа ќе го препушти на експертите, кои веќе имаат свои […]

Британската влада казнета половина милијарда фунти за објавување лични податоци


Канцеларијата на Комесарот за информации ја казни владата на Обединетото Кралство 500.000 фунти заради откривањето детали за примателите на т.н. „Новогодишни почести“, меѓу кои беа вклучени Елтон Џон и поранешниот лидер на Конзервативната партија Данкан Смит.  Казната дојде откако владата објави листа со податоци на интернет во која се содржани имињата и нередактираните адреси на повеќе […]

Радев и Макрон разговараа во Стразбур за Македонија


 Бугарскиот претседател Румен Радев разговарла во Стразбур со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на претседателот на Бугарија. Теми на разговорот биле прашања што ги поврзуваат Бугарија и Франција,како  влезот на Бугарија во Шенген и за европската перспектива на  Македонија. Радев посочил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Република Северна Македонија, што ќе […]

Активист од Куманово се вклучи во трката за лидер на СДСМ


    До Централната изборна комисија на СДСМ денеска пристигна уште една кандидатура за претседател на партијата. Станува збор за Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски ги исполнува пропишаните услови, ќе одлучи дали […]

Блинкен-Лавров во Стокхолм разговараа за затегнатата ситуација околу Украина 


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров при што му навести дека Москва ќе има „сериозни трошоци“ доколку руската армија навлезе во Украина и повика на дипломатски излез од кризата, соопштија денеска од Стејт департментот.  Тет-а-тет средбата Блинкен-Лавров во Стокхолм следува еден ден по изјавата на Вашингтон дека […]

СЗО: Постојните вакцини треба да не штитат од потешки симптоми на заразата со омикрон


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека верува дека постојните вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести“ во случај на инфекција со омикрон. СЗО минатата недела соопшти дека новиот вид на Ковид-19 е „загрижувачка варијанта“, но портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, оцени дека омикрон не е сој што треба да предизвикува „паника“. Харис за Би-Би-Си изјави […]

Кина му даде дозвола за летање на авионот „Боинг 737 макс“


Кинеските власти денеска му дадоа дозвола за летање на  технички надградениот авион „Боинг 737 макс“, по повеќе од две години откако моделот беше приземјен низ светот поради две фатални авионски несреќи. Кина е последниот голем пазар од кој „Боинг 737 Макс“ чекаше одобрение, откако САД дадоа дозвола за летање во декември 2020 година, а Европската […]

ЕК казни пет банки, картелски тргувале со девизи и со инсајдерски информации


Европската комисија им изрече казни на пет банки за нелегално картелско здружување во тргување со девизи. Швајцарската UBS, британската Barclays, Royal Bank of Scotland (RBS), HSBC и Credit Suisse се казнети со вкупно 344 милиони евра (390 милиони долари), соопшти денеска ЕК, пренесува CNBC. Истрагата, која се фокусираше на тргување со валутите на земјите и […]

Поради загадувањето, Њи Делхи повторно ги затвори училиштата


Индискиот главен град Њу Делхи нареди од петок на неодредено да се затворат училиштата и факултетите поради загадувањето на воздухот откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти дека повторно ги отвориле, а ситуацијата не била подобрена. Градските власти, минатата недека одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако беа затворени 15 дена поради загадениот […]

Нови 333 заразени со Ковид-19, починати вкупно 17, најмладиот на 33 години


Во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 154 • Битола и Прилеп – по 23 • Кавадарци – 22 • Куманово – 16 • Охрид – 15 • Штип – 9 • Струмица – 8 • Велес – 7 • Тетово – 6 […]

Во Африка за над 100 отсто е зголемен бројот на новозаразени со корона вирус


Африканскиот континент се соочува со зголемен број на инфекции со корона вирус во заднината на откривањето на неговата нова варијанта – омикрон. Во Африка минатата недела беа потврдени 52.300 нови инфекции, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Само во Јужна Африка, потврдени се 31.000 инфекции со корона вирус. -Новиот сој е откриен […]

Деспотовски утре ќе соопшти дали ќе се кандидира за лидер на СДСМ


Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски утре ќе соопшти дали ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а денешниот ден, како што вели, ќе го искористи за да се исконсултира со најблиските и семејството. -Сериозно размислувам за тоа. Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член […]

Последна почит на жртвите од Бугарија утре на плоштадот „Скендербег“


Министерството за надворешни работи извести дека утре, 3 декември, во 9 ч., на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија. По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Во периодот од 10 […]

Јане Мицевски нов в.д. директор на јавното претпријатие „Дрисла”


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска за вршител на должноста директор на ЈП Депонија „Дрисла” го назначи Јане Мицевски, дипломиран економист, со повеќегодишно работно искуство на раководни позиции, соопшти прес-службата на град Скопје. Оваа промена на раководната позиција на ЈП „Дрисла“ појаснуават дека доаѓа по разрешување на Коста Начевски од вршител на должноста директор […]

Арсовска ги задолжи сите јавни институции да постават рампи за лица со попречености


Сите јавни институции во надлежност на Градот Скопје се задолжени за 60 дена да постават пристапни рампи за лица со попречености. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености. Рокот за имплементација на оваа […]

Проблемите во автомобилската индустрија се одразија и кај дел од капацитетите во ТИРЗ


Дел од компаниите од автомобилската индустрија во зоните во државава почувствуваа последици од намалувањето на продажбата на автомобили во октомври годинава и затворањето на производствените капацитети на големите производители, а дел не, потврди директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски. -Различни се искуствата. Комуницираме редовно со компаниите од автомобилската индустрија, бидејќи претставуваат значаен дел од […]

ЕУ изгубила 134 милијарди евра од ДДВ поради евазија во 2019


Последната студија на службите на Европската комисија пресметала дека земјите членки на ЕУ во просек изгубиле 134 милијарди евра приходи од ДДВ во 2019 година поради „фискална оптимизација“. Поради фискална евазија, но и административни грешки при пресметки ги чинат земјите членки значајни приходи, Европската комисија бара таргетирани и ефикасни политики за да се одговори на […]

Јанакиески: Груевски ме прашуваше за локациите на Парк шумата Водно


Никола Груевски, обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, од позиција на претседател на Комитетот за градежна експанзија (КГЕ), лично се интересирал за неколку земјишта во делот на Парк-шума Водно. Ова во денешниот исказ како сведок го кажа Миле Јанакиески, кој во 2012 година беше на функцијата министер за транспорт и врски и посочи дека за […]

Компаниите или вработените – кој имаше поголема корист од работењето на ТИРЗ во изминатите 10 години


Анализа на ефекти од инвестиции во ТИРЗ: Компаниите во ТИРЗ растат, има потенцијал за поголема добивка за граѓаните и државата Сите компании кои се активни во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат. Раст има и на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата, […]

Купете си платнена торба за пазарување изработена од учениците од „Златан Сремац“


Од средата, учениците од училиштето „Златан Сремац“ во Скопје, во близина на спомен-куќата на Мајка Тереза, на посебен штанд, продаваат платнени торби и ќеси изработени од еколошки материјали, со цел да ја зачуваат природата од загадување со пластика. „Од 01.12 до 03.12.2021 имате одлична можност да ја замените најлонската ќеса со уникатна платнена торбичка изработена […]