Софтверот Пегаз бил користен за хакирање на телефони на американски функционери


Шпионски софтвер на израелската компанија НСО Група (NSO Group) бил користен од наводно непознато лице за хакирање на телефоните на најмалку девет вработени во американскиот Стејт департмент, јавија израелските медиуми. Доколку тоа се потврди, ова ќе биде првпат технологијата на таа компанија, која беше жестоко критикувана, да се користи против американски официјални лица. Цел на хакирањето биле вработени во […]

ММФ планира да ја намали прогнозата за глобалниот раст поради новата мутација на вирусот


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да ја намали прогнозата за светскиот раст поради новиот сој на коронавирусот – Омикрон кој се шири низ светот, изјави генералниот директор на институцијата Кристалина Георгиева. – Новиот сој на вирусот кој може многу брзо да се шири може да ја разниша довербата и во таа смисла веројатно ќе имаме ревизија под нашите проекции […]

Алтернатива вечерва ќе пресече дали ќе биде дел од Владата


Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечер на седница на највисокото партиско тело – Централен совет. На средбата закажана за вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово, како што најави партискиот портпарол Орхан Муртезани, ќе биде донесена конечна одлука, а повеќе информации ќе има […]

Јавен перформанс „Изгубени модернистички утопии?“


Јавен перформанс насловен „Изгубени модернистички утопии?“ на колективот Кунстрепублик од Берлин со студенти од Факултетот за драмски уметности, од Архитектонски факултет и од Ликовна академија, ќе се одржи денеска напладне во Скопје, во близина на објектот – зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе. Перформансот е произлезен од четридневната интердисциплинарна работилница „Изгубени модернистички утопии?“(30.11-4.12.2021) што се одржа […]

Кој ќе го наследи Заев во СДСМ – пријавите на четворицата кандидати на верификација


Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување. Доставени се четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на […]

Фестивал на италијанска храна на плоштад „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Фестивалот на италијанска храна каде најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.   Фестивалот го организира Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување 6-та Недела […]

Активни 8.037 КОВИД случаи, апел за што помасовна вакцинација


Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.037, од кои најголем број, 3.826 се во Скопје, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања, седум починати и 348 оздравени пациенти. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така […]

Облачно со северен ветар и температура до 14 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со […]

Бектеши: Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај, наредната недела и договор за ресори


Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија и кадар од ДУИ Крешник Бектеши. -Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги […]

Дури 70 отсто од медиумските работници известуваат од кризи без осигурување во случај на повреда


Воени конфликти, поплави, пожари, протести, а изминатата година и во време на пандемија – во сите овие кризни состојби новинарите, фоторепортерите, како и снимателите се на првата линија на фронтот за да ја информираат јавноста. Анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), покажува дека новинарите и останатите медиумски работници најмногу работеле во […]

Тинејџер уби ученици – родителите виновни


  Обвинителот во Мичиген покрена обвинение против родителите на тинејџерот кој во вторникот уби четворица, а рани седум ученици од средно училиште во таа држава. Родителите на 15-годишниот Итан Кремли, кој е осомничен дека во вторникот уби четворица ученици на средното училиште „Оксфорд“ во мичигенскиот округ Окленд, обвинети се за четири убиства од немарност, соопштено […]

Омикрон е регистриран во 38 земји, засега нема смртни случаи


Новата варијанта на коронавирус – Омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). – Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со Омикрон, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер во. Шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО Марија Ван Керхове информира […]

Талибанците забранија принудни бракови за жени во Авганистан


Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна. Указот беше издаден од талибанскиот лидер Хибатулах Акунзада, во време на широко распространета сиромаштија во Авганистан, која расте откако талибанците насилно […]

Рекорден број новозаразени во Словачка и покрај карантинот


Словачка пријави рекорден број на нови инфекции со корона вирус во еден ден и покрај минатонеделното воведување строги ограничувања за движење низ целата земја. Словачкото министерство за здравство објави 15.278 нови инфекции, речиси 5.000 повеќе од претходниот рекорд, кој беше регистриран на 23 ноември. Наглото зголемување на бројот на новозаразени, министерството го припишува на тоа […]

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото, но стапката на невработеност паѓа


Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси […]

Почина легендарниот фудбалер на Партизан Моца Вукотиќ


По кратко и тешко боледување, во петокот на 72-годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Партизан, Момчило Моца Вукотиќ. Стана член на Партизан на 12 години и ги мина сите селекции на црно-белите. Тој стана првиот тимски играч во 1968 година. Како играч со Партизан три пати беше шампион на Југославија, а како тренер ги предводеше […]

„Големо повечерје“ за канцеларката Меркел: За збогум една роза


За неколку дена Ангела Меркел, по цели 16 години, ја напушта канцеларската функција. Сега таа и официјално се збогува со свечена воена церемонија. Во прошталниот говор таа повика на одбрана на демократијата Студена, сува декемвриска вечер во Берлин. Кога Ангела Меркел зема збор, може да се види здивот. 67-годишната канцеларка зборува за благодарност и за […]

Брат, јас сум филмски глумец – комеморација за Славиша Кајевски


„Млад и бескрајно талентиран глумец, кој студира на ФДУ и работи како шанкер во ‘Балет’. Дечко на кој паѓаа сите женски во град, а и на театарската сцена. Дечко кој со сите сетила го живееше театарот и со верба се бореше за неговите вредности. Од Факултет излезе со имиџ на предан и бескомпромисен актер кој […]

Прв женски рурален е-пазар „Наша тезга“


Околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирусот се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени. Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат […]

Натпреварот Баерн – Барселона без публика


Германија– Дуелот во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Баерн Минхен и Барселона ќе се одигра идната недела без присуство на публика поради неповолната епидемиолошка состојба поврзана со Ковид – 19 во германската сојузна држава Баварија. Барселона, која е второпласирана во групата Е, ќе му гостува на лидерот Баерн на 8 декември на „Алиjанц Арена“. – Натпреварот од […]