Барселона нема да може да го повлече бројот на Меси


Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона нема да може да го повлече од оптек број 10 кој досега го носеше Лионел Меси, објави „Сан“. Се претпоставуваше дека каталонскиот клуб ќе го исклучи овој број од употреба во знак на почит кон напаѓачот Лионел Меси. Сепак, клубот нема да може да го стори тоа поради правилата во Ла […]

Во гасењето на пожарите вклучени 1.500 војници и 588 полицајци


Во изминатите десетина дена од избувнувањето на пожарите, 1.500 припадници на Армијата се вклучија во справувањето со огнената стихија, како и 588 полициски службеници. Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР […]

Независната угостителска комора против забраната за влез на невакцинирани во угостителските објекти


Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата веднаш да ја укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани лица во угостителските објекти. Според НУК, одлуката е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на личните […]

МНР: Претпазливост при патување во Грција заради пожарите, досега ниту еден наш државјанин не побарал помош


Министерството за надворешни работи денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош. Како што посочуваат од МНР, на грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Република Северна Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а […]

„Виз ер“ планира да вработи 4.600 пилоти до 2030 година


Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ планира да вработи 4.600 пилоти до 2030 година и веќе започна да вработува, објави компанијата на 6 август. „Виз ер“ оваа година обучи 150 нови пилоти и сака да го зголеми бројот за повеќе од 300 до крајот на годината за да работи со предкризните капацитети и да ги постигне целите […]

Германија планира да го укине бесплатното тестирање за „Ковид-19“


Германија размислува за укинување на бесплатните тестови за „Ковид-19“ во октомври, објавија во понеделникот германски медиуми, повикувајќи се на нацрт-предлог за кој канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со лидерите на 16 федерални држави. Германската влада воведе бесплатно тестирање за целото население во март, пред крајот на третиот бран на „Ковид-19“ во земјата. Во моментов, 55 […]

Трошоците на едно четиричлено семејство се зголемиле за 5.407 денари, пресмета синдикатот


На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари. Најмногу пари […]

Вечер со македонските уметници Ѓорги Цинциевски на контрабас и Марија Вршкова на пијано на „Охридско лето“


Триесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ резервиран за концертот на македонските уметници Ѓорги Цинциевски на контрабас и Марија Вршкова на пијано. Роден во Скопје, Ѓорги Цинциевски ги завршува студиите на Кралскиот колеџ за музика во Манчестер. Таму дипломира и магистрира во класата на проф. Јиржи Худец и е назначен за негов асистент. Цинциевски е прв […]

Американски суд отфрли три жалби на „Баер“ за канцерогеноста на хербицидот „Roundup“


Американски суд по трет пат ја отфрли жалбата на германскиот фармацевтски гигант „Баер“ против пресудата со која се прогласува за виновен за тоа дека неговиот хербицид „Roundup“ е канцероген. Судот во Сан Франциско вчера повторно ја потврди пресудата дека „Баер“ е виновен за предизвикување на ракот од кој заболе брачната двојка Алберта и Алва Пилиод, […]

Фестивал за Европски авторски анимиран филм во МКЦ


Од 12 до 15 август во Младинскиот културен центар ќе се одржи Фестивалот за Европски авторски анимиран филм Flipbook Film Festival 2021. На повикот пристигнаа приближно илјада кратки анимирани филмови од цела Европа, а беа селектирани вкупно 90 филмови во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм. Организаторите соопштија дека во главната селекција […]

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати


САД – Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата. – Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам […]

Ексмоделката на „Шанел“ Лорен Паскал се омажи во венчаница на Вивиен Вествуд


Англија– Лорен Паскал (48) поранешен модел на „Шанел“ и уредник-соработник за британски „Вог“ , сега актуелна со емисиите како ТВ-готвачка, со продадени книги во милионски тиражи, се омажи по втор пат со Денис О Браен во околина на Лондон. За „Вог“ ја подели приказната од својата свадба. „Денис и јас се запознавме во вежбалната во […]

Џенифер Лопез во најекстравагантна венчаница: Реалност или филм?


САД-Џенифер Лопез не одреди датум за венчавка со Алекс Родригез, а и новата обновена врска со Бен Афлек е сериозна. Но ѕвездата на „Хастлерс“ веќе е фотографирана во една венчаница, за која на која било невеста може да ѝ биде тешка. Пејачката и актерка во моментов го снима филмот „Marry Me“ во Њујорк, а синоќа […]

Актерот и режисер Јан Качер лауреат на наградата за животно дело на „Астерфест“  


Еден од најеминетните чешки и европски актери и режисери, Јан Качер е лауреат на наградата за животно дело „Астер“ на Фестивалот за краток филм „Астерфест“, кој ќе се одржи од 13 до 15 август во Струмица. Според организаторите, шеснаесеттото издание на Фестивалот се одржува под мотото „Нови мотивации“, а во официјална интернационална конкуренција се 24 […]

Дончиќ ќе потпише договор со Далас вреден 207 милиони долари


САД– Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ договори нова соработка со Далас маверикс. Според „ESPN“ 22-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор вреден 207 милиони долари. Оваа сума е најголема досега за обновување на договор за новодојденец. Дончиќ доби право на таков договор, бидејќи двапати влезе во првиот идеален НБА тим во неговите три сезони во најсилната кошаркарска лига. […]

Премиера на вториот краток филм за Старо Скопје „Раѓањето на градот”


Во рамки на проектот „Тајните архиви на Скопје – Раѓањето на градот“ вечерва премиерно ќе биде прикажан вториот краток филм за Старо Скопје, „Раѓањето на градот”, чиј автор е Катерина Габунија, а носител на проектот НУФЦ „Вардар Филм“ – Скопје.   Филмот ќе биде прикажан во рамки на Фестивалот на нем и класичен филм, кој […]

Активни осум пожари, ЦУК преку системот НИКС дигитално ја следи состојбата


Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со шумските пожари. – Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен […]

Детектирани триесетина случаи со делта варијантата на Ковид-19, апел да се вакцинираат што повеќе граѓани


Во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта на Ковид-19, која, како што посочуваат од Министерството за здравство, рапидно се шири насекаде во светот и во регионот, па многу веројатно е истото да се случи и кај нас. Затоа, како што апелираат, граѓаните треба да се вакцинираат во што поголем број за да […]

Сончево и многу топло – активирана жолта, а на југоистокот портокалова фаза за опасност од високи температури


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот […]

Девет мртви во болница во Русија, пукнала цевка за довод на кислород


  Девет пациенти загинаа во понеделникот во Русија, кога пукнала цевка за довод на кислород во болница во Владикавказ, главниот град на руската република Северна Осетија, соопшти Министерството за здравство. „Девет пациенти заболени со корона вирус починаа поради недостиг на кислород во болницата во Владикавказ. Денеска се случи дефект на системот за довод на кислород“, […]