Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево


 Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош. -Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот, информираа од ТППЕ Берово. Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми […]

Медитеранот загрозен од затоплувањето, бегаат рибите и се множат медузите


Тропизацијата на Медитеранот е неконтролирана, температурите се зголемуваат за 20 отсто побрзо од глобалниот просек, мигрираат риби, се појавуваат инвазивни видови додека исчезнуваат автентичните, се уништуваат морските корални гребени,а се шири популацијата на медузи. Горенаведените последици од климатската криза на Медитеранот се откриваат во неодамнешниот извештај на Светскиот фонд за диви животни насловен „Ефектот на […]

МЗ: Утре се отвораат четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје


 Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ). Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат […]

Сушата им го „обра“ родот на земјоделците


Ако потрае сушата уште десетина дена Асоцијацијата на земјоделци ќе бара прогласување на елементарна непогода   Анета Блажевска БИТОЛА – Како ќе се преживее годината, сушата ни го „обра“ родот, се жалат македонските земјоделци, откако сушата и високите температури оваа лето направија големи штети по нивите. Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија велат дека ако […]

Секој десетти тестиран е позитивен на Ковид-19, денеска 518 нови


Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, […]

Аеродром пожолте: Лесно е да се засади – тешко е да се одржува


Билјана Богдановска Од сонцето изгорена трева, суви лисје попаднати по тревниците како да е есен, а и тревата под нив е сува, жолта и мртва. Вакви се сликите од Општина Аеродром во Скопје, иако на повеќе места се поставени системи капка по капка или прскалки. Всушност тие се и единствените зелени површини во општината. Зелено […]

Павлески во Истанбул на средби со компании заинтересирани за инвестиции во земјава


Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески кој е во дводневна посета на Истанбул, Турција, ќе оствари работни средби со неколку турски компании кои покажале интерес да вложат дел од својот капитал во Република Северна Македонија. Павлески денеска и утре ќе има деловна средба со претставници на компании од автомобилската, […]

Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот


Во Министерството за одбрана наскоро ќе почне со работа Центарот за поддршка на домашни компании за настап на НАТО пазарот, кој што се формира по членството на државата во Алијансата и по измените на Законот за тендери во одбраната, и ќе има за цел да им помогне во тој процес, изјави денеска министерката за одбрана Радмила […]

Тревога во Израел: 6.000 заразени во понеделникот


Повеќе од 6.000 луѓе во Израел беа позитивни на корона вирус во понеделникот, дневна бројка што земјата не ја видела од почетокот на февруари. Покрај тоа, бројот на сериозни случаи се искачи на 400, додека владата продолжува да крои серија нови мерки. Од 130.669 тестови извршени во понеделникот, 6,275 беа позитивни, за стапка на позитивност […]

Оддадена почит на осумте армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила


 Делегации од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод 20-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјата во Oпштина Ѓорче Петров и во Волково. Делегациите од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски положија цвеќе и пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.  […]

Во Куманово утре се отвора модуларна болница


 Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од вирусот Ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните. Речиси сите се на кислородна поддршка, бидејќи, како што појаснија лекарите, хоспитализирани се пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија. […]

Мојата ноќ со Марија Антоанета: Живеам како крал во првиот хотел во Версај


Со сопругата пристигнавме со куфери преполни со облека, обидувајќи се да изгледаме што е можно побогато. Во новоотворениот хотел „Гранд Контрол“, прв воопшто на просторот  на замокот Версај, не пречекуваат членови на персоналот облечени како слуги од 18 век. Бевме подготвени за малку луксуз. „Гранд Контрол“ беше отворен во јуни, со 14 апартмани и соби […]

Виетнамец си направи „Ферари“ од дрво


Виетнам– Милијардерот Дејвид Мекнил пред извесно време, за 70 милиони долари, си купи „Ферари 250 ГТО“. Од ова возило, произведени се само 36 примероци, така што цената и не е големо изненадување. Сепак, еден јутјубер од Виетнам одлучи да направи мала копија на ова „Ферари“ – од дрво. Возилото е наменето за неговиот син, и изгледа […]

Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин


Германија – Германската Влада поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата и во светот соопшти дека вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19. На […]

По повод 10 години од мисијата „Џуно“, НАСА објави фотографија одблизу од Ганимед


Минаа 10 години откако американската Национална воздушно-вселенска агенција НАСА го испрати вселенското летало „Џуно“ на пат без враќање. Целта е истражување на Јупитер, најголемата планета во нашиот Сончев систем. Сондата стигна до орбитата на Јупитер во јули 2016 година, а НАСА ја одбележа десетгодишнината од лансирањето од Земјата во 2011 година. По тој повод беше […]

Го игнорирав моето име: Никол Кидман објаснува зошто останува во ликот пет месеци за новите филмови


САД– Никол Кидман (54) толку се навлече на ликот за време на снимањето на филмот „”Nine Perfect Strangers,”, што таа одби да одговори на сопственото име. Оскаровката остана целосно во карактер како Маша, директор на велнес центар, цели пет месеци додека ја снимаше претстојната драма -серија „Хулу“, откри таа за време на неодамнешниот панел на […]

Во Иран прегазени две жени затоа што не носеле прекривка на главите


Две жени се тешко повредени во Иран, откако наводно маж ги прегазил со автомобил бидејќи немале прекривки на главата, јавија локалните медиуми. За време на инцидентот во градот Урмија, во северозападниот дел на Иран, возачот гласно се пожалил на изборот на облеката на двете жени, извикувајќи дека таа не е исламска, пренесува агенцијата Илна. Наводно […]

Волфсбург, имаме проблем: Како „Фолксваген“ заглави во Кина


Еден лош краш – тест за новиот модел на „пасат“ ја преполови продажбата на автомобилите на „Фолксваген“ во Кина. Германскиот производител бара начин како да излезе од неволјите, но тоа тешко му оди   Кон крајот на декември 2019 година, менаџерите во седиштето на „Фолксваген“ во Волфсбург сфатија дека може да имаат сериозен проблем во […]

Меси денеска заминува за Париз, ги договори сите детали со ПСЖ, вели новинарот Романо


Поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси се договори за соработка ПСЖ. Се очекува тој денеска да пристигне во Париз, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде […]

Цените на производителите на индустриски производи повисоки за 11,8 отсто на годишно ниво


Во јуни 2021 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1,9 отсто на месечно ниво, а за 11,8 проценти на годишно ниво. Според Државниот завод за статистика, во јуни 2021, во споредба со мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и […]