Речиси 40 жртви во поплавите во Турција


Турција– Поплави какви не се регистрирани  во Турција со децении однесоа најмалку 38 животи на северот на земјата. Привремените податоци на владината Агенција за справување со природни катастрофи (АФАД) покажуваат дека 32 лица ги загубиле животите во провинцијата Кастамону, на брегот на Црното Море и шест во соседната провинција Синопу. Се уште неидентификуван број луѓе се […]

Убавините на Демиркаписката Клисура огрдени со шут, засегнатите бараат решавање на проблемот


Откако грчката фирма „Актор“ заврши со изведбата на делницата Демир Капија – Смоквица и изградбата на тунелите, зад себе остави најразличен неразградлив отпад – платна за изолација, арматура, водоводни цевки, пластика, што до ден денес не е отстранет. Покрај тоа што ја грди совршената природа во тој дел, отпадот има штетно влијание и врз животната […]

Охридскиот договор – компромис што го издржа тестот на времето и го отвори патот кон НАТО и ЕУ


Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, иако е далеку од совршен. Тој го отвори патот на земјата кон евроатлантските интеграции, но процесот продолжува, а нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога по полноправното членство во НАТО, ќе ја постигнеме и втората стратешка цел, да почнеме преговори со Европската Унија, беа пораките […]

Активни 4369 случаи, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат


Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени. Бројот на активни случаи се искачи на 4369 oд кои […]

Со помош на француски експерти ќе се детектираат жариштата на пожарот кај Раовиќ


Се уште активни се неколку пожари на територија на државата. Надлежните работат на нивно локализирање, а досега се приведени 17 лица кои се сомничат за подметнување и уште 16 се повикани на разговор во полициска станица. Пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај вчера претпладне бил локализиран по интервенцијата од воздух на двата армиски хеликоптери, […]

Почнува Богородичниот пост


За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни […]

Сончево и топло 


  Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до […]

Акциите на „Вирџин Галактик“ изгубија 3 отсто, откако Бренсон продаде удел вреден 300 милиони долари


Акциите на „Вирџин Галактик“ (Virgin Galactic Holdings Inc) паднаа за речиси 3 проценти во петокот, откако нејзиниот основач, британскиот милијардер Ричард Бренсон продаде дел од својот удел за речиси 300 милиони долари, јавви Ројтерс. Бренсон продаде повеќе од 10 милиони акции во периодот од 10 до 12 август, според регулаторната документација од доцна четвртокот. Овој […]

Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата


Јули беше најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата. Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се трка за Скопје со Даниела Арсовска


Aктуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат високи партиски извори, Арсовска ќе настапи како граѓански кандидат, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, од партијата се посочуваат и кандидатурите за овие пет општини: Орце Георгиевски – Кисела […]

Димитров скршил рамо


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров се повредил и има скршеница на рамото. Тој на своја сметка се пошегува и истакна дека 48 години сепак не биле исто што и 20 години. Димитров преку својот Фејсбук профил упати голема благодарност до тимот на Универзитетската клиника „Тоарилуц“ што се погрижиле него.

Во Србија над 1.000 новозаразени со Ковид-19 за 24 часа, шесмина починаа


Србија, по постојаното зголемување на бројот на заразени лица во претходните денови, надмина 1.000 нови инфекции со коронавирусот, а здравствените власти, исто така, соопштија за шест смртни случаи. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почна четвртиот бран на Ковид-19. Србија последен пат имаше повеќе од илјада заразени дневно на 12 мај, кога беа регистрирани 1.046 случаи […]

Спасовски: Приведени 17 лица за подметнување пожари, уште 16 повикани на разговор


Досега се приведени 17 лица, а на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари. Веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук. Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи. Посочува […]

Кацаров: Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини против Ковид-19 за Македонија


Бугарија – Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров денеска истакна дека Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини за Република Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кацаров, Бугарија досега донирала 172.000 дози вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 […]

Пензијата на Меркел ќе биде 15.000 евра


Германија– Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлеќе од функцијата. Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер […]

Активни пожари во Сарај, Новаци и Кавадарци


Центарот за управување со кризи попладнево на прес-конференција соопшти дека се уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка. По интервенцијата на двата армиски хеликоптери пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 […]

МЗ: Пунктовите за вакцинација ќе работат и во текот на утрешниот ден


Министерството за здравство соопшти дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, како што посочуваат од Министерството, утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден. 

Хотелите нема да бараат доказ за вакцинација за нивните гости


Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид – 19. Ова за МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески, посочувајќи дека редари мора да имаат во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во […]

Се обидел да шверцува 2,7 килограми злато


Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и еден автобус. Околу 06:00 часот на ГП Деве Баир за влез во државата се пријавил автобус марка „Мерецедес 0403“ со македонски регистарски ознаки […]

Петмина починати од Ковид-19, регистрирани уште 672 новозаразени


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – […]