Утре почнува новата учебна година – како се подготвени училиштата за настава со физичко присуство


Училиштата се подготвени за новата учебна година која започнува утре, а ќе се одвива со физичко присуство и под утврдени здравствени протоколи. Фокусот е ставен на квалитетна и безбедна настава. Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера истакна дека нема дискусии за менување на моделот на наставата за кој одлучува Комисијата за заразни болести. […]

Политичките партии и независните кандидати, но и ДИК, ги засилуваат активностите за локалните избори


Крајот на август го зголеми интензитетот на активностите на политичките партии и независните кандидати, но и на Државната изборна комисија (ДИК) за локалните избори на 17 октомври. Синоќа на полноќ заврши собирањето потписи за независни кандидатури. Денеска треба да се знае колкумина собрале потписи и ќе се подготвуваат да поднесат кандидатури. Во вчерашниот извештај на […]

Состојбата повторно станува аларматна, ковид болниците се полнат – aктивни 14.077 случаи


Според последните податоци од Министерството за здравство, во моментов се активни 14.077 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава заболеа 175.624, а починаа 5.901 лица. Состојбата повторно станува аларматна, секојдневно се бележи голем број на хоспитализирани лица, а надлежните се повеќе апелираат за вакцинација. Според последните податоци во Скопје има […]

Уписи на факултетите на Скопскиот универзитет


За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. За оние кои се рангираа според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења, пријавувањето беше на 26 и 27 август. Вкупно 10 678 места се […]

Ќе се гради клучка на булеварот „Словенија“


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе одржат заедничка прес – конференција за тендерската постапка за изградба на клучката на булевар „Словенија“. Клучката ќе се наоѓа на крстосницата […]

Бремена жена од Авганистан итно префрлена на Гинеколошката клиника во Скопје


Првата група од 149 граѓани од Авганистан преку Грузија вечерва пристигна на скопскиот аеродром, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој посочи дека првата жена што се симна од авионот била во 39-тата недела од бременоста и со возило на Итна медицинска помош е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје. Раководителката на Итната медицинска […]

Димитриевски порачува дека на изборите ќе победат граѓаните на Куманово


– Вечерва ги затворивме листите за кандидати за градоначалник и советничката листа “За наше Куманово” со голема граѓанска поддршка од над 1.250 потписи – вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, заблагодарувајќи се за масовната поддршка која им ја дадоа кумановчани. Димитриевски кој досега беше на градоначалничката функција како кадар на СДСМ, на претстојните локални […]

(Видео) Пристигнa првата група Авганистанци


На меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници од Кабинетот на премиерот Зоран Заев. Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, МВР ќе ги спроведе сите безбедносни проверки, а Министерството […]

Крај на најдолгата американска војна – последниот авион на САД одлета од Кабул


Пентагон потврди, последниот американски авион го напушти аеродромот во Кабул. Во градот се слушаат истрели   САД го завршија повлекувањето на своите војници од Авганистан, објави Пентагон во понеделникот, речиси 20 години од инвазијата во таа земја по терористичките напади врз Америка на 11 септември 2001 година. Иако воената евакуација е завршена, дипломатската мисија продолжува, […]

Царовска: На први септември започнуваме процес на реформирање на образованието


Образованието е тема која не треба да се партизира. Наставните планови и програми се објавени месец април, учебниците се подговтвени и се поврзани со програмите и сето тоа е доставено до училиштата. Нема потреба од страв. Морам да потенцирам дека настава и учебници ќе има, изјави министерката Царовска во гостувањето на Јавниот сервис. – Сите […]

Филипче: Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот


Здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното. Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот. Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни […]

Општина Струга бара учебната година да започне на 20 септември


Општина Струга до Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести  поднесе барањеза пролонгирање на почетокот на учебната година во општина Струга. По денешниот состанок, на фејсбук-страницата на Општина Струга, беше објавено дека е дојдено до заклучок дека состојбата е полоша од претходната година за што се утврдило дека […]

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец 


Веќе трет ден има голем пожар во националниот парк „Преспа“, кај Пустец, Мала Преспа, јави дописничката на МИА од Тирана. Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница, а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец, а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари.   Според вработените, интервенцијата е тешка, бидејќи пожарот […]

Нова мутација на коронавирус откриена во Јужна Африка и проширена во седум земји


Јужноафрикански научници открија нова варијанта на коронавирус со повеќе мутации, но треба да се утврди дали е повеќе заразна или отпорна на имунитет стекнат со вакцинација или со претходна зараза. Новата варијанта, позната како Ц.1.2, е откриена во мај и досега се прошири во повеќето провинции во Јужна Африка и уште седум земји во Африка, […]

Би Би Си: Како се финансираат талибанците


Талибанците се сметаат за една од најбогатите бунтовнички групи во светот, а по две децении борба против американските и сојузничките сили, Авганистан сега е во нивни раце. Би Би Си пишува за тоа како се финансираат Талибанците. Талибанците управуваа со Авганистан од 1996 до крајот на 2001 година, кога беа соборени од американските сили. И […]

Во земјава пристигнува првата група граѓани од Авганистан


На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе пристигне првата група граѓани од Авганистан, соопшти вечерва Владата. Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека бројката на авганистански цивили, кои работеле за меѓународните организации, што ќе бидат прифатени во земјава флуктуира поради состојбата во Кабул, а граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи нема никаков основ за […]

МНР го осуди отстранувањето на знамето на  Бугарија во Битола


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола. –Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај […]

Спасовски тврди дека СДСМ води пред Максим Димитриевски во Куманово


Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија рече дека предизвици во Куманово имало и во минатото, во однос на различни кандидатури. -СДСМ ја има најдобрата понуда и е фаворит на изборите. Секој одговорен човек, одговорен политичар носи одлуки како ќе настапува и врз основа на тоа и одговорност […]

Досега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат


Воглавно се почитува одлуката за посета на угостителските објекти и затворените трговски центри со ковид сертификат и засега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Контролата за нејзино спроведување ја има Државниот пазарен инспекторат и тој во секој момент може да побара асистенција од МВР или Финансиската полиција. […]

Македонија отстранета од ковид-листата на безбедни земји за ЕУ


Членките на ЕУ денеска се согласија да ги отстранат САД од ковид-листата на безбедни земји, што значи дека патниците од САД и пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин. Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Северна Македонија, исто така, се отстранети од листата на безбедни […]