РСБСП: Не го потценувајте крајот на летото! Сѐ уште има високи температури и зголемена фрекфенција на сообраќајот


Во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува и ризикот за предизвикување на сообраќајни незгоди,  посочуваат од РСБСП. Конкретно, стои во сооопштението од РСБСП, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот […]

Се полни Инфективното одделение во струмичката болница со болни од Ковид-19


Во струмичката болница се лекуваат 39 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта. Според директорката д-р Катерина Кузмановска, секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите. -Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение 14 се на […]

На Охридското Езеро се одржува Меѓународниот пливачки маратон


Во водите на Охридското Езеро денеска се одржува јубилејниот 50. Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки на распоредот на серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА). Пливачите влегоа во водите на езерото на стартот на трката во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид. […]

УХМР: Пороен дожд на повеќе места, од утре до вторник стабилно и потопло


Времето претпладнево е облачно и нестабилно и на повеќе места има пороен дожд и грмежи. Во изминатите 24 часа, седум литри дожд на квадратен метар наврнал во Прилеп и шест во Тетово. УХМР соопшти дека локално врнежите се во форма на невреме, со засилен ветер и појава на град.  До крајот на денот врнежите ќе […]

Роберт де Ниро ужива со нова љубов на југот во Франција


САД- Роберт де Ниро (78) се чини дека има нова дама во својот живот. Легендарниот  актер неодамна беше забележан како се држи за рака со Тифани Чен, инструкторка за боречки вештини од  Њујорк, додека ужива на одмор на југот на Франција. Двоецот беше виден блиску еден до друг додека одеа до луксузна јахта каде се […]

Европската унија целосно вакцинираше 250 милиони свои граѓани


Белгија– Европската унија ја заврши целосната вакцинација со две дози на 250 милиони свои граѓани, соопшти европската комесарка за здравство Стела Киријакидис преку Твитер. „250 милиони граѓани се целосно вакцинирани во Европската унија – важен нов чекор кон нашата цел да вакцинираме 70 отсто од возрасната популација“, напиша таа. Киријакидис истакна дека ЕУ смета дека […]

Стотици авганистански новинари бараат помош, повеќето се жени


Авганистан–  „Паника и страв“ владее меѓу авганистанските новинари, особено новинарките, соопшти Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), истакнувајќи дека добиле „стотици барања за помош“ од медиумските работници на терен. „Увидот на ИФЈ во ситуацијата на терен и бројните барања за итна помош покажуваат дека има паника и страв во авганистанската медиумска заедница“, предупреди меѓународната организација, која […]

Утврдени девет „топлотни острови“ во Скопје, ќе се постават заштитни стреи


Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје во соработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки острови низ Скопје. Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки  од топлина за пешаците и велосипедистите. Голем дел од пешачките острови […]

Познато е што се случи со бебето од најпотресното видео од аеродромот во Кабул – повторно е со својот татко


Бебето, снимено на вирално видео кога беше предадено на американски маринец преку ѕид покриен со бодликава жица на аеродромот во Кабул, Авганистан, повторно е со својот татко. Во видеото снимено од Омар Хајдари, активист за човекови права, се гледа бебето како плаче, за кое се вели дека е девојче, и како таткото ја предава на […]

Објавена листата на извршните директори во САД што добиваат астрономски плати и бонуси


На Илон Маск му завидуваат главните извршни директори. Не толку за неговиот вселенски брод, за изгледот „Saturday Night Live“ или за славата на Твитер, туку за она што го доби пред три години: најголемиот пакет плати даден на извршен  директор во историјата. Денес низ корпоративна Америка извршните одбори се повеќе  се обидуваат да ги инспирираат […]

Дури 80 отсто од прележаните од Ковид-19 и по една година имаат антитела


Антителата кои се развиле се покажале како добра заштита против алфа варијанта (британски сој) и делта, која во моментот е доминантна и која брзо се шири во светот потиснувајќи ги другите варијанти во многи земји. Дури 80 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 пред една година и понатаму имаат антитела за корона вирусот, покажа новата […]

Во Авганистан има борци на Ал Каеда и Исламска држава


Борците од терористичките организации Ал Каеда и Исламска држава (ИД) го одржуваат своето присуство во Авганистан, но нивниот точен број не е познат на американската страна, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби. – Знаеме дека Ал Каеда е присутна во Авганистан, како и Исламска држава. Не веруваме дека (бројот на нивните борци таму) е алармантен, […]

Столтенберг го истакна придонесот на Турција за безбедноста на аеродромот во Кабул


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им се заблагодари на Турција, САД и Велика Британија за нивната улога во обезбедувањето на безбедноста на меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул. – Особено би сакал да им се заблагодарам на Турција, САД и Велика Британија за нивната клучна улога во обезбедувањето на безбедноста на аеродромот […]

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот


 Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ на својата веб -страница објави дека повлекува повеќе од 73.000 електрични автомобили „Шевролет Болт“ од пазарот. „Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие […]

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро


Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро ,,Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом. -Едното лице е со повреди на двата […]

Пониква доби признание „Најдоброто на Истокот“ од регионалниот актив на новинари


Планинскиот центар Пониква го доби признанието „Најдоброто на Истокот“ во областа на туризмот, а што го доделува Регионалниот актив на новинари од источниот регион. На манифестацијата што се одржа синоќа во комплексот „Аурора“ кај Берово, беше нагласено дека во изминатиот период е направен забележлив напредок во развојот и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква, за […]

Бурата Хенри им се заканува на Њујорк и Конектикат, може да прерасне во ураган


Предупредување за ураган е издадено за американските сојузни држави Конектикат и Њујорк, пред се за Лонг Ајленд, поради можно засилување на тропската бура Хенри до ниво на ураган, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на урагани. „Метеоролошки услови слични на ураган се очекуваат в недела во делови од Лонг Ајленд и Конектикат за каде е […]

Во Хрватска моментално има еден милион туристи


КРК – Трет, четврт бран на корона вирусот – не е важно: Хрватска ова лето е преполна со туристи. Во овој момент во неа престојуваат еден милион туристи. Меѓу нив најбројни се оние од Германија, Полска, Словенија и Италија. Според податоците на туристичките организации најголем број туристи има на Истра, потоа во Кварнер, а трета […]

Дојде 1989 година… за Западот


Сведоци сме на еден од најважните моменти од крајот на Втората светска војна, еднаков на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна. САД можеби се уште се пред Кина во однос на технологијата и економијата, НАТО се уште постои како име во грандиозни изјави, но во пракса, хаотичното предавање на […]

Талибанците ќе претстават модел за управување со Авганистан


Талибанците соопштија дека движењето наскоро официјално ќе претстави и ќе воведе нов систем на владеење во Авганистан. Радикалното талибанско движење има намера да го претстави новиот политички систем што ќе управува со Авганистан во блиска иднина, изјави портпаролот на движењето за Ројтерс, пренесува ТАСС. – Експертите по право, религија и надворешна политика имаат намера да […]