Седум лица загинаа во хаосот во близина на аеродромот во Кабул


Британската армија соопшти дека седум авганистански цивили загинале во големата турканица во близина на аеродромот во Кабул, поради хаосот што настана во градот откако жителите почнаа да бегаат од талибанците, кои ја презедоа контролирата врз владата. Американските медиуми наведуваат дека околу аердромот е настаната општа турканица, а имало и повредени, особено кога талибанците пукале во […]

Совети за забавување на стареењето на мозокот


Исто како и телото, со годините се менува и мозокот, како и неговите функции. Сѐ почесто се случува заборавање, послаба сосредоточеност, концентрација и низа други проблеми. За мозокот да остане здрав што е можно подолго и да се забави неговото стареење, само треба да се следат неколку едноставни работи, и тоа редовно. Стареењето на мозокот […]

Курц не сака Австрија да прими уште бегалци од Авганистан


Австрискиот канцелар Себастијан Курц не сака неговата земја веќе да им дава заштита на бегалците од Авганистан и покрај тоа што земјата ја презедоа  талибанците, јави ДПА. -Не сум за тоа дека треба да примиме уште луѓе во Австрија, туку токму спротивното, рече Курц во интервју за телевизискиот канал ПУЛС 4, што ќе се емитува […]

Ураганот Анри го прекина големиот концерт „Го сакаме Њујорк“ за повторното отворање од пандемијата


Настанот беше нагло прекинат среде настапот на Бери Манилоу – додека бурата и грмотевиците се надвиснаа над Големото јаболко   Концертот „Го сакаме Њујорк“ синоќа беше прекинат откако ураганот Анри го погоди подрачјето на Централ парк во Њујорк, каде што илјадници посетители и голем број музички ѕвезди, меѓу кои Брус Спрингстин, Пол Сајмон, Пати Смит, […]

Извршен кибер напад врз американскиот Стејт департмент


Американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на кибер напад, на што предупредила командата за кибер-одбрана на Пентагон. Според извештајот на Пентагон, не е јасно кога е откриен упадот на хакерите, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели, а исто така се тврди дека евакуациската мисија на Стејт департментот во Авганистан не е […]

Милијардите потрошени за авганистанската армија на крајот им донесоа корист на талибанците


Создадени и обучувани две децении по цена од 83 милијарди долари, авганистанските безбедносни сили пропаднаа толку брзо и конечно, во некои случаи без ниту еден истрел, што на крајот се покажа дека талибанците имаат корист од американските инвестиции во земјата. Не само што ја зазедоа политичката моќ, туку запленија и оружје, муниција, хеликоптери и друга […]

Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник на концерт во Пошта


Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник вечер ќе одржи концерт во зградата на Пошта во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар. Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 […]

Најмалку осум новинари уапсени на протест во Москва


Московската полиција приведе најмалку осуммина новинари за време на тивките демонстрации против притисокот на руското судство врз независните медиуми, јави ДПА. Претставниците на медиумите протестираа вчера пред седиштето на домашната разузнавачка служба ФСБ, на плоштадот Лубјанка, против нивниот прогон како „странски агенти“. Демонстрациите се организираа откако во петокот руските власти во класификацијата „странски агент“ го […]

За пет дена 5.562 нови случаи на Ковид, вкупната бројка надмина 10 илјади, две третини од нив се во три града


Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјаva изнесува 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Една третина од активните случаи се во Скопје – 3.421, додека над 64 проценти се само во три града – Скопје, Тетово и Гостивар. Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а […]

Во Кабул изби пожар, чадот се шири низ градот


Пожар избувна во главниот град на Авганистан, Кабул, а чадот и пламенот се гледаа од далеку. Пожарот наводно избувнал во дрвен магацин во близина на Зоолошката градина во градот. Според неофицијални информации, засега нема интервенција од пожарникари, а на самото место биле пристигнати само претставници на талибанците.   На социјалните мрежи се шират видео материјали […]

Трамп со ново обвинување: Повлекувањето од Кабул е најголемото американско понижување во меѓународната политика


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за начинот на кој американските сили се повлекуваат од Авганистан, нарекувајќи ја целата акција „најголемо понижување на Америка во меѓународната политика“. Трамп, кој ја разгледува можноста за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, го обвини Бајден за падот на Авганистан во рацете […]

На што се должат високите температури ова лето


Поголем дел од Европа, особено Балканот, ова лето се соочи со појава на серија топлотни бранови и екстремно високи температури. Регистрирана е појава на тропски ноќи кога минималната температура на воздухот била поголема од 20 степени целзиусови. Загревањето на приземниот слој на воздухот во атмосферата и во почвата и дефицитот на врнежи во еден подолг […]

Дезинформациите долеваат масло на пожарите, лажните дојави го отежнуваат справувањето со нив


Кризна состојба, институциите проследуваат информации, а истовремено, на социјалните мрежи се пласираат дезинформации. Телефонскиот број 193 не престанува да ѕвони, меѓу повиците и понекоја лажна дојава. Секој со својата цел, граѓаните во паника. Непроверените информации долеваат масло на огнот, а лажните дојави ги одвлекуваат силите на погрешни места. И во екот на неумоливата огнена стихија […]

Агенцијата за управување со одземен имот лани донирала предмети во вредност од над 760.000 евра


Вкупно 90 машини за перење, 86 возила и 19 парчиња компјутерска опрема во текот на оваа година доделила Агенцијата за управување со одземен имот, и тоа на повеќе државни органи, фондови, агенции и дирекции. Во тек е и акцијата за донација на машини за перење на алишта, наменети за јавните здравствени установи, болници, затвори и […]

Температурите повторно во пораст, денеска до 37 степени


Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8. Во Скопје, цончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната […]

Во ураганот Грејс загинаа осуммина во Мексико


  Ураганот Грејс ослабна денеска откако стигна на истокот на Мексико и се претвори во тропска бура, соопшти Американскиот центар за следење урагани, но сепак однесе осум животи во државата Веракруз. Грејс во 17 часот по средноевропско време беше на 40 км од Сиудад де Мексико, со ветар кој дуваше со 110 км/ч и се […]

Шести викенд по ред Французите протестираат против ковид сертификатите


Илјадници лица и денеска протестираа во неколку француски градови поради здравствените пропусници за Ковид -19, што сега се задолжителни за пристап до рестораните и кафулињата, културните и спортски настани и патувања. Шести викенд по ред илјадници француски демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против здравствените пропусници воведени од владата, за кои тие велат […]

Ужасот почна: Талибанците убиле жена зошто готвела лошо


Талибанците застрелаа жена бидејќи не носела бурка истиот ден кога групата вети дека ќе ги почитува правата на жените. Објавена е фотографијата на жената од провинцијата Тахар во Авганистан како  лежи во локва крв, додека нејзините сакани се гушкаат околу нејзиното тело. Дека Талибанците почнале да го наметнуваат својот суров режим, по што останаа запаметени […]

„Репортери без граници“ бараат план за евакуација на авганистанските новинари


„Репортери без граници“ побараа од американскиот претседател Џо Бајден да развие специјален план за евакуација на авганистанските новинари, се наведува во денешното соопштение. Заедно со новинарите од Авганистан треба да бидат евакуирани и бранителите на човековите права, се наведува во документот, во кој се нагласува дека „спроведувањето на плановите за евакуација изработени од други земји, […]

Филмот за Тома Здравковиќ го затвори Сараево Филм Фестивал: Кој прошета по црвениот килим?


БиХ- Последната вечер од регионалниот филмски фестивал ја обележа проекцијата на филмот за музичкиот великан Тома Здравковиќ на Драган Бјелогрлиќ.  Линк до целиот тект на Глориа.хр тука