Израелско истражување: Третата доза вакцина значително ја зголемува заштитата


Израел- Трета доза на вакцината на Фајзер против Ковид-19 значително ја подобрува заштитата од инфекција и сериозни болести кај луѓето над 60-годишна возраст во споредба со оние кои примиле две дози, објави израелското Министерство за здравство.   Резултатите од истражувањето се совпаѓаат со статистичките податоци објавени минатата недела од „Макаби“, една од неколкуте израелски организации […]

Речиси 5.000 банкари во ЕУ заработувале по повеќе од милион евра годишно


Најновиот извештај на Европското тело за супервизија на банките (ЕБА) за високите приходи за 2019 година покажа дека во текот на таа година, 4.963 лица кои работеле во банки во Европската унија добиле надомест од повеќе од еден милион евра, слично како и во 2018 година. Според овие податоци, Лондон се уште е местото каде […]

Русија планира да воспостави офшор зона на Курилските Острови


Русија има намера да формира слободна даночна зона на Курилските Острови, изјави вицепремиерот Јуриј Трутњев во интервју за весникот РБЦ. Курилските Острови се наоѓаат на рускиот Далечен Исток во близина на полуостровот Камчатка – Тоа практично ќе биде офшор зона. Со други зборови, речиси и да нема да има даноци на Курилските Острови, откри тој, […]

Богата викенд програма на МакеДокс


Викенд деновите од 20 до 22 август го донесоа најголемиот програмски интензитет на филмската програма на 12. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во функција беа ставени сите четири фестивалски локации, соопштија организаторите на фестивалот. Во Музејот на современата уметност се одвиваше програмата за деца и младинци. Во Куршумли-ан на 20 август, со присуство на […]

Путин не сака во Русија „талибанци маскирани во бегалци“


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика својата земја да го спречи приливот на бегалци од Авганистан, каде власта ја презедоа талибанците, велејќи дека џихадистите можат да влезат во земјата под маска на баратели на азил. – Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да […]

Ал Џезира: Талибанците имаат „работен однос“ со САД на аеродромот во Кабул


Талибанците имаат „работен однос“ со Американците на аеродромот во Кабул во однос на безбедносните прашања, изјави за телевизијата Ал Џезира Абдул Кахар Балчи, член на комисијата за исламистичка култура. Балчи рече дека контролните пунктови надвор од територијата на аеродромот се под контрола на талибанците, додека оние внатре се под американска контрола. – Тие се во […]

Од седум градски претпријатија четири во загуба


Од седум градски јавни претпријатија четири се во загуба, а три во позитива, при што најголем загубар во првите шест месеци е ЈСП „Скопје“ со 2.243.000 евра, соопшти денеска Градот Скопје. Во најавата за утрешната седница на Советот на Град Скопје се наведува дека полугодушен биланс на градските претпријатија покажува дека вишокот во приходите е […]

Доларот на највисоко ниво во последните девет и пол месеци


На светските девизни пазари, доларот се искачи на највисоко ниво од почетокот на ноември минатата година, поддржан од изгледите за скорешно затегнување на американската монетарна политика, но инвеститорите исто така го купуваат како сигурно засолниште, бидејќи се плашат дека новото ширење на Ковид – 19 ќе го забави глобалното закрепнување, пренесува бизнис порталот СЕЕбиз. Индексот […]

Нови 882 ковид-позитивни, починати 14


Во последните 24 часа регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, починати се 14 лица, а оздравени се 140 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новозаразени има во Скопје – 333, потоа во Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар […]

САД мобилизираа цивилни авиокомпании за евакуација од Кабул


 САД денеска вклучија неколку големи американски авиокомпании во евакуацијата на десетици илјади Авганистанци и странци од Кабул, откако главниот град падна во рацете на талибанците. Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана Лојд Остин ја активирал ретко користената воздушна флота на цивилни резерви (ЦРАФ) за да им помогне на луѓето да пристигнат во американските бази на […]

Вардар убедливо поразен од Магдебург во финалето на „Хумел купот“


 Македонскиот ракометен првак Вардар остана и без вториот од можните три трофеја досега во претсезоната 2021/22. „Црвено-црните“ попладнево загубија од Магдебург со убедливи 31:20 во финалето на „Хумел купот“. Домаќинот на турнирот, до победата стигна со подобра игра во второто полувреме. По првите 30 минути водството на германскиот клуб беше само еден гол (12:11). Вториот […]

Благ пад на новозаразени во Србија


Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 1.242 новоинфицирани со корона вирус, а почина аосум пациенти. Во болница се 945 пациенти, а 31 на респиратор. Вкупно досега во Србија се регистрирани 742.313 заболени, а починаа 7.214. Министерот за здравство Златибор Лончар, предупреди дека ја пропуштиле шансата, односно луѓето не се вакцинирале доволно брзо и […]

Најмалку десет лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во поплавите во САД


Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати во разорните поплави во американската сојузна држава Тенеси. Поројот вчера однесе бројни куќи и автомобили и ги поплави руралните патишта, соопштија локалните власти. Претставници на округот Хамфрис соопштија дека повеќе од 30 лица се водат како исчезнати. Меѓу пронајдените тела има и две деца помлади […]

НАТО: Досега најмалку 20 загинати на аеродромот во Кабул


НАТО соопшти дека најмалку 20 луѓе загинале на аеродромот во Кабул и околу него, пренесува Скај њуз. – Најмалку 20 лица загинаа во изминатата недела за време на евакуација во и околу аеродромот во Кабул, изјави денеска претставник на НАТО, кој побарал да остане неименуван. – Кризата пред аеродромот во Кабул е трагедија. Нашиот фокус […]

Талибанците со ултиматум до отпорот во Панџшир


Радикалното талибанско движење им даде рок од четири часа на единиците на отпорот во авганистанската провинција Панџшир да ја пренесат контролата врз талибанците, јави денеска ТВ каналот Ал Арабија. Според телевизијата, радикалите „му дадоа четири часа на Ахмад Масуд (водачот на отпорот против талибанците) да ја префрли провинцијата Панџшир под контрола на талибанците. Се истакнува […]

Идентификувани двајцата македонски туристи што се удавија во Драч


Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.    Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски (78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.  Биле дел од група од 52-ца македонски […]

Двајца туристи од Македонија се удавиле во Албанија


Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија, на возраст од 78 и 79 години. Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја. Десет минути подоцна уште две […]

За четири години набавени 150 возила за јавните претпријатија на Град Скопје


Јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно  со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош, изјави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Дел од новонабавената механизација во градските јавни претпријатија денеска беше претставена на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, […]

Градоначалникот на Илинден собра потписи за да се трка како независен


Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, соопшти дека со силна поддршка од жителите на општина Илинден и бизнис секторот собрал доволно потписи и неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена. -За само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на ДИК.По исклучителните резултати што ја прават општина Илинден една […]

Карди Б и „Рибок“ со колекција патики инспирирани од Њујорк


САД- Карди Б ја продолжува својата успешна соработка со Рибок. Капсулната колекција, наречена „Дозволете ми да бидам … Во мојот свет“, ќе содржи патики и облека инспирирани од родниот град на раперката, Њујорк. Соработката ќе содржи парчиња со разноврсност, од тесни прилагодувања до преголеми детали. Заедно со новата колекција, која ќе се појави на 27 […]