ЦУК: Нов пожар во месноста Ветерско, генерално состојбата смирена


Центарот за управување со кризи  (ЦУК) известува дека има дојава за пожар во месноста Ветерско, меѓу скопско и велешко. Кон пожарот се упатени територијални противпожарни единици, информира Илија Бојаровски од ЦУК. Но, генерално, во државата речиси и да нема активни пожари. Скопските и гостиварските пожарникари ноќеска имале само по една интервенција, а во Берово е изгаснат пожарот […]

Засега не се планира ПЦР-тестови за учениците, вакцинирани околу 65 отсто од вработените во училиштата и градинките


Нема план и препорака засега за ПЦР-тестирање на учениците од 1 септември кога ќе се отворат училиштата, како што прават некои земји во Европа кои ги тестираат  бесплатно трипати во неделата. -Засега нема план и препорака за тестирање на децата. Прибираме искуства од некои европски земји и ќе анализираме оваа недела. Секако, сè што може […]

Кина го спречи ширењето на делта сојот – нема локален пренос на заразата


Кина– Околу еден месец по почетокот на најлошиот бран на коронавирусот во Кина во текот на последната година, денеска за првпат во земјата не е пријавена ниту една локална трансмисија на вирусот, јави ДПА. Според здравствените власти во Пекинг, вчера имало само 21 случај, сите „увезени“ од странство. Во епидемијата со особено заразна делта варијанта […]

Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од Ковид-19.  -Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево. И тоа се болници […]

Грција потпишува меморандуми со Македонија, па не ги ратификува


Меморандумите со Северна Македонија ќе бидат ратификувани во соодветно време во следниот период, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот брифинг со новинарите, без притоа да прецизира кога трите договори би биле ставени на дневен ред во грчкиот Парламент. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку нератификуваните меморандуми оставаат простор за договори за […]

Патник на „Дурмо турс“ шверцувал антиген тестови за Ковид 19


 При контрола на автобус пријавен за влез на граничниот премин Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19, соопшти денеска Царинската управа. Оттаму информираат дека на ГП Табановце вчера во 13 часот за влез се пријавил автобус со македонски регистарски таблички на превозникот „Дурмо турс“ од […]

Македонија поцрвене и на листата за патување на Кипар


Од портокаловата, заедно со уште три земји, Северна Македонија е преместена во црвената зона за патување на Кипар и сега е задолжителен  ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето, но и уште еден текст по пристигнувањето, што е на трошок на самите патници, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата „Процена на епидемиолошкиот ризик […]

Народниот Правобранител со препораки за листите за лицата со попреченост за претстојниот попис


 Народниот правобранител и членовивите на независниот мониторинг механизам кои ја мониторираат имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) сметаат дека пописот претставува одлична можност конечно да се идентификува бројот на лицата со попреченост, што е од особено значење за соодветно натамошно планирање на сервиси за поддршка и активности и за креирање на […]

Заев: Опцијата ПЦР тестови за влез во моловите и кафеаните ќе предизвикаше гужва на пунктовите


За да не се предизвика метеж на пунктовите и дополнително ширење на вирусот не се воведоа бесплатни тестови за влез во угостителските објекти и шопинг центрите. – Не се воведени бесплатни тестови за влез во угостителските објекти и во шопинг центрите за оние граѓани кои од медицински причини во моментот не можат да се вакцинираат […]

Пописот ќе се одржи без оглед на бројот на заразени


  Одговорајќи на новинарско прашање околу пописот, премиерот Зоран Заев категорично кажа дека статистичката операција ќе се одржи без разлика на се што ќе се случува во однос на епидемиолошката состојба во државава со корона вирусот. „Опозицијата пред неколку месеци бараше одложување на пописот кога тогаш имавме по 50 случаи дневно. И рековме дека не […]

За колективен имунитет потребно е 80 отсто од луѓето да се вакцинирани


Потребно е 80 отсто од граѓаните да бидат вакцинирани за да се смета дека се постигнал колективен имунитет со кој полесно ќе се избориме со пандемијата од Ковид-19, а овој процент се однесува на новиот делта сој и тоа може да го постигнеме до октомври, ако вакцинацијата продолжи со сегашното темпо. – Инсистираме на вакцинација, […]

Горивата поевтини за половина до 1,5 денари за литар


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат […]

Кина очекува 2022 година да биде комплицирана за трговијата


Трговијата на Кина со светот следната 2022 година може да се соочи со „покомплицирана ситуација“ доколку се спореди со силното закрепнување годинава од последиците од пандемијата, предупреди денеска кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. -Ситуацијата ќе биде комплицирана веќе од втората половина на оваа година, нагласи Ванг на прес -конференција. Следната година може да биде […]

Израел масовно тестира деца на антитела пред почеток на учебната година


Израел– Израел започна тестирање на деца на возраст меѓу три и 12 години за антитела на Ковид-19, сакајќи да испита колку развиле имунитет на коронавирус без вакцини пред почетокот на учебната година. И покрај зголемениот број на новозаразени со делта сојот, израелската Влада инсистира дека сака да избегне повторно затворање на училиштата.   Националното серолошко […]

Министерство за култура и ФИТР: Го штитиме македонскиот јазик преку дигитализација на над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”


Јазични записи на повеќе од пет милиони ливчиња, собирани со децении на терен, кои се чуваат во картонски кутии во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ќе бидат дигитализирани со заеднички проект на Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Тие денеска објавија повик за компании заинтересирани за реализација на проектот, а  апликациите […]

ММФ ѝ додели на Македонија околу 133 милиони специјални права на влечење


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели околу 133 милиони нови специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, кои денеска ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви, информираат од Народната банка (НБ). Овој износ, додаваат, ни е доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и соодветствува […]

Поетско читање во Струга во чест на 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 30 години од независноста


Во чест на 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески, вечер пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи поетско читање. Интерпретацијата под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“ ќе биде во изедба […]

ЕБР целосно подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи


Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е Единица која по својот состав, улога, професионални специфики, како што впрочем и напишав во воведниот текст од монографијата по повод овој дводецениски јубилеј на нашите колеги од ЕБР, претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, […]

Во Словенија од денеска се наплаќаат брзите антиген тестови


Словенија– Во Словенија од денеска се наплатуваат брзите антигенски тестови за присуство на коронавирус во организмот, што досега беа бесплатни, а со оваа одлука владата сака да ја стимулира побрзата вакцинација на населението против Ковид-19, додека од плаќање се изземени оние на кои тестирањето им треба за работа. Таквото тестирање досега беше бесплатно за сите, […]