Бајден во следните 24 часа ќе одлучи за продолжување на рокот за повлекување од Авганистан


САД – Американскиот претседател Џо Бајден се очекува во следните 24 часа да одлучи дали ќе го продолжи рокот за повлекување на американските сили од Авганистан, што според неговата првична најава истекува на 31 август, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор во американската администрација. Според изворот, некои советници на американскиот претседател се противат на продолжување […]

„Скај“: Лице од црната листа долетало од Авганистан во Велика Британија


Англија–  Лице од црната листа на кое му е забранет влез во Обединетото Кралство долетало со воен авион од Авганистан во земјата како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, јави вчера „Скај њуз“. Неидентификувано лице летало за Бирмингем, во централна Англија, додаде „Скај“. Нема детали за тоа што потоа му се случило. -Во Авганистан имаше […]

Историјата на Струшките вечери во музејот на фотографот Душко Ѓоргон


Во центарот на Струга, на само стотина метри од чаршијата, во мало струшко сокаче се наоѓа домашниот музеј на фотографот Душко Ѓоргон.  Во две простории, како во изложбен салон, уредно нареден е 58-годишниот труд на чичко Душко, кој скромно и со љубов раскажува за своето минато, животот, кој и го посветил на фотографијата. Пејзажи од […]

Изменет сообраќаен режим на делниците Бучим – Радовиш и Маврови Анови – Жировница


Поради изведување градежни активности на експресниот пат А4 Штип-Радовиш, денеска од 17:00 часот сообраќајот на потегот Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена бризна од 30 до 60 километри на час, информира АМСМ. Пренасочувањето, прецизира, се врши поради изведување на асфалтерски работи на овој потег на главниот пат. Поради асфалтирање на […]

Бајден: Приватните компании да бараат вакцинација од вработените


САД– Американскиот претседател Џо Бајден вчера апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината  на Фајзер/Бионтек за лица над 16 години. На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за […]

Внуките на Ал Капоне на аукција ги продаваат неговите приватни предмети


САД– Внуките на американскиот гангстер Ал Капоне (1899-1947), кои со децении живеат мирен живот во САД, подготвуваат аукција за продажба на приватните предмети на нивниот дедо, како што е неговиот омилен пиштол, фотографии со семејството и „соработниците“ и писмото што од затворот Алкатраз му го испратил на синот Сони.   На аукцијата во Сакраменто на […]

Заврши 33. Поетска ноќ во Велестово


Заврши 33-то издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово. Првата вечер се одржа на 20 август. Настанот беше отворен со мал музички концерт на Мартин Милески, а манифестацијата беше посветена на поезијата на Ристо Лазаров, за чие творештво беседеше Димитар Пандев, додека стиховите ги читаше Ивица Цонев. Беше отворена изложбата „Татко и син Упевче […]

Германија има потреба од 400.000 квалификувани имигранти годишно, смета шефот на Федералната агенција за вработување


Германија– На Германија и требаат годишно околу 400.000 квалификувани имигранти за да го надомести недостатокот на работна сила, изјави шефот на Федералната агенција за вработување (БА), Детлеф Шиле, пренесе ДПА. „За мене ова не се однесува на азилот, туку на насочената имиграција за празнините на пазарот на трудот“, изјави Шиле за дневниот весник „Зидојче цајтунг“. […]

Анџелина Џоли со колумна во „Тајм“: Сочувствувам со сите деца и тинејџери од Авганистан


Холивудската актерка Анџелина Џоли со остри критики за тековното повлекување на САД од Авганистан во својата колумна објавена во американскиот магазин „Time“. Ѕвездата и активист во својата колумна пишува дека се чини дека американската армија ќе „пресече и ќе избега“ среде немирите во оваа блискоисточна земја, додека Талибанците повторно ја преземаат контролата. Актерката вели дека […]

Кримската платформа – доказ дека Украина не е сама, не се признава анексијата на Крим


Украина – Учесниците на вчерашниот инаугуративен самит на Кримската платформа испратија порака до Украина дека не е сама и дека меѓународната заедница нема да ја признае анексијата на Крим, и преку новата платформа заедно ќе работат на барање решение за ова прашање. Украинскиот претседател вети дека ќе стори сé за да го врати полуостровот Крим, кој […]

Концерт на нашите најдобри гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот под диригентство на Џијан Емин


Концерт насловен – ZJM Big Band Orchestra & Macedonian Guitar Heroes ќе се одржи вечер од 21 часот во Паркот пред Младинскиот културен центар во Скопје. -Станува збор за несекојдневен и единствен настан кој на иста сцена ќе ги обедини сите најдобри македонски гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, под диригентство на Џијан Емин. […]

Продолжува увидот во Избирачкиот список, СДСМ ќе објави имиња на нови кандидати за градоначалници


Во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија, како и преку апликација на нивната веб страница граѓаните до 9 септември можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список и да побараат нивно запишување, бришење или дополнување. Во првите два дена од увидот на 21 и 22 август во подрачните единици и канцеларии на […]

Стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци


Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 […]

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал


Полициски службеници на овие избори првпат ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство […]

Подготовки за одбележување на Успение на пресвета Богородица во Матка


Православните христијани на 28 август го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, каде и годинава одбележувањето ќе биде согласно со мерките за Ковид-19. Одбележувањето започнува на 27 август во 17 часот со Вечерна […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност […]

Мејлови со закани за бомба во најмалку десет хотели во Солун


Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено […]

Пентагон: За 24 часа од Кабул евакуирани 16.000 лица


Околу 16.000 луѓе се евакуирани од Авганистан преку аеродромот во Кабул во изминатите 24 часа, соопшти Пентагон, во услови кога САД брзаат да ја завршат евакуацијата до поставениот рок, односно до 31 август. Генералот Хенк Тејлор изјави пред новинарите дека 61 воен, комерцијален и чартер летови за голем број земји се реализирани од меѓународниот аеродром […]

Трета доза од вакцината за одредени категории во Грција


Грција – Граѓаните во Грција кои припаѓаат на одредени ризични категории и имаат хронични болести ќе примат и трета доза од вакцината противи Ковид-19, соопшти попладнево претседателката на Комисијата за имунизација од грчкото Министерство за здравство Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Третата доза ќе биде со мРНА вакцина и се однесува на: […]

Средба Пендаровски – Мишел: Првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за нас


Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во Киев го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан. […]