Реал понудил 160 милиони евра за Мбапе, ПСЖ одби


Реал Мадрид ја даде првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, објави „Goal.com“. Според „Ел Чирингито“ Реал му понудил на Пари Сен-Жермен 160 милиони евра за Французинот и побарал дозвола да преговара со неговите застапници. Парижаните одбија да го продадат 22-годишниот играч за оваа сума, пренесува „GFFN“, повикувајќи се на „TF1“. […]

Л’Екип: Роналдо сака да се пресели во Манчестер сити


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо би сакал да стане играч на Манчестер сити, пишува „Л’Екип“. Според францускиот весник, Португалецот би сакал да постигне трансфер во Сити. Во исто време, се забележува дека можноста за таков трансфер зависи од преговорите со Тотенхем за Хари Кејн, кого граѓаните сакаат да го видат во своите редови. Претставниците на […]

Унгарија се подготвува да потпише нов 15-годишен договор со Гаспром


Новиот долгорочен договор со Гаспром за испорака на руски природен гас во Унгарија може да биде потпишан оваа есен, со што ќе се зголеми енергетската безбедност на земјата, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешно -економски односи на Унгарија Петер Сијарто на заедничка со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. – Нашиот долгорочен договор […]

Земјите од Г-7 усвоија заеднички пристап за евакуација и план за односите со талибанците


Британскиот премиер Борис Џонсон, по итната видеоконференција на Г-7, изјави дека организацијата на седумте најразвиени земји во светот постигнала договор за планот за како да се однесува кон талибанците. – Она што го направивме денеска како Г-7 е постигнување договор, не само за заеднички пристап за решавање на евакуацијата, туку се согласивме и за план како ќе се однесуваме кон талибанците, рече Џонсон по итниот видео самит на седумте […]

САД нема да задржат војници во Авганистан по 31 август


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон и другите лидери на Г7 не успеаја да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат напорите за евакуација до крајот на месецот, јави ДПА. Се очекуваше британскиот премиер да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи своите сили на терен после 31 […]

Вработените во државните институции да бидат на располагање за пописот, препорачува Владата


Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органи на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции. Владата ова им го препорача и на единиците на локалната самоуправа, како и на институциите под нивна […]

Се укинува забраната за движење во шуми, засилени контроли за спречување пожари на отворено


Се укинува забраната за движење во шуми и шумски предели, одлучи Владата на денешната седница. За заштита и за спречување пожари на отворено, ќе се спроведуваат засилени контроли од страна на МВР и Шумската полиција. -Како што соопшти владината прес-служба, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за […]

Од 1 септември влез во земјава само за вакцинирани, прележани до 45 дена или негативен ПЦР тест


Од 1 септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19, Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, […]

Тежок вторник: 32 починати, 1210 новозаразени со Ковид-19


Нови 1210 случаи на КОВИД-19 од 7084 тестирања  се регистрирани во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Починале 32 пациенти на возраст од 32 до 79 години, а оздравени се 451.   Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, 464 од новозаразените се од Скопје, во Тетово – 177, Гостивар – […]

Трет форум за зајакнување на копродукциите на документарниот филм меѓу земјите од Балканот


Во индустрискиот сегмент на 12. Фестивал на документарни филмови „МакеДокс“, од 23 до 25 август се одржува третото издание на форумот  МакеКоПроДокс чија цел е да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм меѓу земјите од Балканот. Форумот се одржува онлајн од студио сместено во Младинскиот културен центар. Првите два дена се […]

Почина Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролинг Стоунс“


Англија – Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина денеска во болница на 81 -годишна возраст, соопшти неговиот портпарол. – Со огромна тага објавуваме дека нашиот сакан Чарли Вотс почина. Почина мирно во болница во Лондон во кругот на своето семејство, изјави портпаролот на Вотс. Веста за смртта дојде неколку недели откако беше објавено дека Вотс […]

Кризен штаб: Училиштата во Србија почнуваат со настава на 1 септември со часови од 45 минути


 Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија денеска одлучи наставата во училиштата во Србија да се одржува регуларно од 1 септември и часовите да траат 45 минути, јави дописникот на МИА од Белград. – Сакавме да излеземе во јавноста со сигурни информации токму поради важноста на оваа тема … Она што беше сигурно беше […]

Милано, Болоња, Пезаро, Римини и Торино: Кој ќе биде домаќин на Евросонг 2022?


Италија– Пет италијански градови – Милано, Болоња, Пезаро, Римини и Торино – претендираат да бидат домаќини на Евровизија во 2022 година, објави Ил Месаџеро. Од 17 градови што покажаа интерес за одржување на настанот, 11 поднесоа апликации. По резултатите од инспекциите, претставниците на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и италијанската државна телевизија РАИ исклучија шест градови, […]

Манастирлиу: Во Албанија во последните две седмици петпати повисок број на новозаразени, вакцинирајте се


Во Албанија се влошува епидемиолошката состојба со Ковид-19, што го потврдува и податокот дека во последните две седмици потврдени се над 3.500 новозаразени. -Епидемиолошките податоци од последните две седмици покажуваат зголемување на новозаразените за петпати во споредба со претходните две седмици. Во Инфективната болница има 84 пациенти. Некои од нив се во посериозна состојба и […]

Талибанците забранија авганистански државјани да одат на аеродромот во Кабул и повторија: Нема продолжување на рокот


Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид на денешната прес-конференција изјави дека „гужвите пред аеродромот во Кабул се проблем за нив“. Тој рече дека „поради хаотичната ситуација“, Талибанците повеќе не дозволуваат авганистански граѓани да одат на аеродромот во Кабул. – Работиме за да помогнеме, но за жал, Американците се уште ја продолжуваат својата политика и се обидуваат […]

СЗО: Во Авганистан има залихи само за една недела


Авганистан– Светската здравствена организација има резерви во Авганистан за само една недела, откако се блокирани испораките на медицинска опрема од странство. Агенцијата на ОН е загрижена дека сегашниот пресврт во Авганистан може да доведе до нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Претставникот на СЗО Ахмед Ал-Манхари, исто така, рече дека 95 отсто од […]

Теохарис: Над шест милиони туристи досега ја посетија Грција


Грција– Задоволство од досегашната туристичка сезона во Грција изрази министерот за туризам Харис Теохарис, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, истакнувајќи дека според неофицијалните податоци, досега, Грција ја посетиле над шест милиони туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис истакна дека податоците покажуваат дека бројот на посетители се доближува до оној од 2019 година, односно […]

Даштевски: Двесте терминали за читање отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од „Дермалог“


Двесте терминали за читање на отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од компанијата „Дермалог“ од Германија во Скопје, а откако ќе поминат сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски. Откако […]

Рекорден број новозаразени во Грција од почетокот на пандемијата


Грција– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 4.608 нови случаи на Ковид-19, што претставува и нов негативен рекорд за земјата по дневен број новозаразени од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Досега, најголем број нови случаи (4.340) имаше на 30 март годинава. Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на […]

Кредитниот рејтинг на земјата останува стабилен, но… Што покажува анализата на „Стандард и Пурс“


Раст на БДП од 3,7 отсто, инфлација од 2,2 отсто, поголем буџетски дефицит, но и намален фискален простор за задолжување, се само некои од укажувањата на кредитната агенција „Стандард и Пурс“ во образложението за кредитниот рејтинг за Северна Македонија кој останува ББ- со стабилен изглед. Покрај повеќето позитивни оцени за економското закрепнување и очекувањата за […]