НАСА објави снимка како изгледа панорамата на Марс


Лабораторијата на американската вселенска агенција НАСА, објави видео од панорамата на Марс, со која го одбележува деветгодишното истражување на роверот „Curiosity“ („Љубопитност“). Сликите на карпи и камчиња и заоблени ридови ги воодушевуваат научниците додека роверот на НАСА се искачува на планината Шарп, висока осум километри во басенот на Марс, широк 154 километри. Абигејл Фримен од […]

Талибанците ветиле дека Авганистанците ќе можат да патуваат надвор од земјата


Авганистанците со валидни документи ќе можат да патуваат надвор од земјата по повлекувањето на американскиот воен контингент од Авганистан, изјавил во Доха, претставник на радикалното талибанско движење во разговор со германскиот амбасадор во Кабул, Маркус Поцел. – Директорот Станекзаи (заменик-шеф на политичката канцеларија на движењето во Катар, Шир Мохамад Абас Станекзаи) ме увери дека Авганистанците […]

Мадагаскар е на работ на гладување поради климатските промени


Според Обединетите нации, Мадагаскар е на работ да го доживее првиот „глад во светот поради климатските промени“. ОН посочува дека десетици илјади луѓе веќе страдаат од „катастрофално“ ниво на глад и неизвесност за храна по четири години без дожд. Сушата, најлоша во последните четири децении, ги опустоши изолираните земјоделски заедници на југот на земјата, оставајќи […]

Деспотовски: Не трчаме по камери и лопати, туку по поголеми плати за работниците


Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски смета дека коронакризата во зоните е помината и оти компаниите успешно се прилагодуваат на новите околности настанати по кризата. За тоа, според него, говори и растот на извозот од зоните за 56 проценти во периодиот јануари – јули годинава во однос на лани, но, уште поважен е растот од осум […]

Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ, познат по улогата на Шојиќ од „Тесна кожа“


Србија– Познатиот српски актер, Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесува агенцијата Бета. Актерот бил примен на Воено-медицинската академија минатата недела поради проблеми со дишењето, неговата состојба одеднаш се влошила во последните два дена, а исто така бил приклучен на респиратор. За неговата болест се дозна кога мораше […]

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“


Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези од починат донор се извршени денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Трансплантацијата на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои […]

СДСМ ги кандидира Сугарески за Прилеп, Филиповски за Аеродром


Вицепремиерот Љупчо Николовски вечерва на прес конференција соопшти уште 16 имиња на кандидати за градоначалници, кои според него ќе  му донесат победа на СДСМ на претстојните локални ибори. Ова се кандидатите: Горан Сугарески – Прилеп Сашо Велков – Свети Николе Душко Велковски – Карпош Хемди Алезмовиќ – Тетово Александар Филиповски – Аеродром Сашо Стојановски- Сопиште […]

Во Албанија и понатаму останува во сила полицискиот час


 Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи во Албанија да продолжат анти-ковид мерките, меѓу кои и полицискиот час и упати апел до граѓаните на нивно почитување и што поитна имунизација. На прес -конференција, претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли, изјави дека постојните мерки ќе останат во сила, притоа […]

УСЈЕ со донација за Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје


Медицинскиот персонал од Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје доби целосно реновирани заеднички простории, со што значително ќе се подобрат условите за работа во Ковид 19. Реновирањето на просториите е реализирано со донација од компанијата УСЈЕ во висина од 30.000 евра. „Здравствената криза покажа колку е важна соработката и поддршката помеѓу […]

Од Ковид-19 починаа уште 29 пациенти, новозаразени се 1.166


Во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на Ковид-19:   • Скопје – 375 • Тетово – 159 • Гостивар – 105 • Струмица – 76 • Струга – 75 • Охрид – 53 • Куманово – 44 • Кичево – 43 • Штип – 24 • Кавадарци […]

Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на  животот на граѓаните во сите општини


Со реализација на проектите од ТАВ Програмата Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите општини, порача министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска изврши увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ. Се […]

„Макпетрол“ ѝ го продаде на државата делот во ГА-МА за 32,7 милиони евра


Компанијата „Макпетрол“ ѝ го продаде на државата делот кој го поседуваше во претпријатието ГА-МА за 32,7 милиони евра. Во известувањето на „Макпетрол“ до Македонската берза се вели дека предмет на продажба е акцијата која Макпетрол АД Скопје ја има во ГА-МА АД Скопје, а вредност на зделката во апсолутен износ е 2.015.382.127,00 денари, односно 24 […]

Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот


САД – Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави варијанта отпорна на вакцини против „Ковид-19“. – Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште немаме идентификувано, но […]

Теона Митевска го снима новиот филм во НУБ „Свети Климент Охридски“, следна станица-Сараево


Најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ се снима во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Филмот е во продукција на „Брат и сестри Митевски“, поддржан е од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е копродукција меѓу пет земји – С Македонија, Босна и […]

За почнување бизнис во Македонија се потребни 203 долари, во Србија речиси двојно помалку, во Словенија 0, но има еден услов


Проектот „Дуинг бизнис“ на Светска банка, меѓу другото, покажува колку средства се неопходни за почнување бизнис во земјите кои што се опфатени во извештајот. Порталот BusinessFinancing.co.uk ги претвори овие бројки во долари, а резултатите за Европа покажуваат големи разлики во трошоците. Така, за да се основа компанија, во Македонија трошоците се 203,12 долари, во Србија […]

Бугарија: Советот на министри го продолжи траењето на прогласената вонредна епидемиска состојба до 30 ноември


 Советот на министри на Бугарија го продолжи траењето на прогласената вонредна епидемиска состојба, од 1 септември 2021 година до 30 ноември 2021 година, соопшти прес -центарот на кабинетот. Според Светската здравствена организација, заклучно со 5 август, вкупниот број случаи на Ковид-19 во светот надмина 200 милиони, потсетува БТА. Според Европскиот центар за превенција и контрола […]

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен


Американската тенисерка Серена Вилијамс објави денеска дека не успеала навреме да закрепне од повредата на препоните и поради тоа е принудена да го откаже настапот на грен-слем турнирот УС Опен што започнува идната недела. – По внимателно разгледување и слушање на препораките од докторот и медицинскиот тим, донесов одлука да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето […]

Николовски: Сè што е нелегално стекнато, ќе биде конфискувано, Предлог-законот за потекло на имот е во финална фаза


Институциите ќе бидат алармирани ако се појави разлика поголема од предвидениот праг меѓу оданочениот приход и имотот, при што потеклото на имотот ќе биде испитано по службена должност. Освен тоа, ќе можат да постапуваат и по поднесени пријави и претставки за сомнеж за нелегално стекнат имот. Се што ќе се утврди дека е нелегално стекнато, […]

Шекеринска: Секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне ќе биде регистриран


Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека е многу […]

Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на 672 француски пожарникари против обврската за вакцинација


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, јави дописникот на МИА. -Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува […]