Во Црна Гора запленети 1,5 тони кокаин, најголема заплена на дрога досега


Во Црна Гора запленети 1,5 тони кокаин Подгорица, 27 август 2021 (МИА) – Црногорската полиција синоќа откри и конфискува околу 1,5 тони кокаин во Подгорица. Во полициската операција приведени се повеќе луѓе, објавија црногорските медиуми. Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.

Американските власти забранија електронски цигари од три производители


САД – Електронските цигари од три производители не добија одобрување од здравствените власти за продажба во САД, објави вчера американската Агенција за борба против дрога. Ова прва ваква одлука што, според познавачи, значително ќе влијае на индустријата. „Знаеме дека никотинските производи со вкус се многу привлечни за младите луѓе, така што проценката на потенцијалните и реални […]

Белата куќа за барањата за оставка на Бајден: Не е време за политиканство


САД- Белата куќа одговори на барањата на повеќемина републикански сенатори и конгресмени за оставка на американскиот претседател Џо Бајден поради вчерашниот напад во Кабул, во кој загинаа најмалку 13 американски војници. -Ова не е ден за политиканство. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели нашата решеност […]

Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е Ковид-19


Велика Британија веќе шест недели по ред бележи повисока стапка на смртност од просечната во овој период од годината. Тоа не се должи на коронавирусот, туку на други болести, пишува Дејли телеграф. Експертите велат дека една година поинаква работа во здравството поради пандемијата „пристигна на наплата“. Во текот на неделата која заврши на 13 август […]

Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција


Франција –  Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот […]

Сергеј Андреевски со изложба „Азбука“ посветена на Блаже Конески


Со изложбата „АЗБУКА“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски  вечерва на Широк Сокак во Битола се затвора 17. издание на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“. -Изложбата ја посветувам на нашиот великан Конески. Блаже Конески е и А и Ш во нашето современо живеење. Тој ги постави темелите на современата македонска азбука. Беше близок и со моите […]

Републиканците бараат импичмент за Бајден по нападот во Кабул – сериозно расклатено неговото претседателство


САД– „Дали Бајден треба да поднесе оставка или да добие отказ поради неуспесите во Авганистан? Да. Но, тоа на ќело ќе ни ја остави потпретседателката Камала Харис, што е десет пати полошо“, напиша на Твитер, Ники Хејли, постојаната претставничка на САД во ОН во администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Доколку претседателот Трамп можеше […]

Бектеши и Груби во работна посета на Тетово


Министерот за економија Крешник Бектеши и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе бидат во работна посета на Тетово. Предвидено е тие да ја посетат компанијата „Кипер маркет“ која е една од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку јавниот […]

Лајчак: Средба на главните преговарачи на Белград и Приштина на почеток на септември


Белгија– Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека следната средба на ниво на главни преговарачи ќе се одржи на почетокот на следниот месец. Лајчак на својот твитер-налог објави дека одржал одделни состаноци со шефовите на преговарачките тимови на Белград и на Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими. – […]

Власта вели се е подготвено за пописот, ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето да биде електронски


Се е подготвено за спроведување на пописот. Државата има капацитет и ќе ја реализира оваа исклучително важна статистичка операција. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите. Ова е ставот на Владата, наспроти предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пописот да биде електронски поради актуелната епидемиолошка ситуација. Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш апелира на сериозност. Потсети […]

Голем интерес за независни кандидатури на локалните избори, партиите објавуваат нови имиња


За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи.   Во тек е постапката за јавен увид […]

Мекензи: Ќе тргнеме на Исламската држава по нападот во Кабул


САД– Американскиот воен врв вети дека ќе ја нападне Исламската држава по самоубиствениот бомбашки напад од вчера на аеродромот во Кабул, откако оваа терористичка организација ја презеде одговорноста. -Нападот на влезот на аеродромот го извршија бројни вооружени припадници на Исламската држава, кои отворија оган врз цивили и воените сили, изјави од Пентагон генералот Френк Мекензи […]

Царовска уверува оти се безбедни условите учениците да се вратат во училиште, дел од родителите бараат онлајн настава


На помалку од една седмица до почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи. Дел од родителите, сепак, се уште не се согласуваат со одлуката донесена од Владата и Министерството […]

Болниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево преполни со ковид-пациенти, активни над 13 илјади случаи


Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од […]

Сончево со умерена локална облачност, на планините со услови за краткотраен дожд


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со […]

Керол Ен Дафи: Трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот на „Златниот венец“


Синоќа, на отворањето на јубилејните, 60. Струшки вечери на поезијата со специјално видеообраќање до гостите и организаторите се јави годинешната лауреатка, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година. – Во овие сурови, мрачни времиња за светот, трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот […]

Отворени јубилејните СВП: Да се напоиме со збор од Дрим во ова време без зборови


Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ со традиционално палење на поетскиот оган вечерва свечено се отворија на летната тераса на хотелот „Дрим“ во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор. Вечерта ја отвори поетот и писател и некогашен директор на СВП, Јован Стрезовски, […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул


Терористичката милиција Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот весник Амак, јави ДПА. Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив. BREAKING: Large explosion just […]

Најмалку 12 американски војници загинаа во нападот во Кабул


Најмалку 12 припадници на американската војска загинаа, а најмалку 15 се повредени во нападот на аеродромот во Кабул, изјави на брифинг генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда. – Денеска е тежок ден, рече Мекензи. Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган. Денеска имаше најмалку […]

Нови 1.082 заразени со Ковид-19, починаа 27 лица


Во последните 24 часа регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19 од направени 5.982 тестирања, пријавени се 27 починати и оздравени 492 пациенти, информира Министерството за здравство. Од 27-те починати: седум се од Скопје (84г,79г,78г,67г,67г,66г и 60г), шест од Тетово (85г,76г,74г,73г,69г и 60г), пет од Гостивар (72г,69г,65г,61г и 47г), три од Кичево (48г,46г и 45г), […]