Курц не го менува својот цврст став кон бегалците


Австрија– Австрискиот канцелар Себастијан Курц тврди дека Австрија нема да прифати нови бегалци од Авганистан. -Ситуацијата во Авганистан е драматична, но Австрија ќе ја засили својата помош на лице место и нема да ги повтори грешките од 2015 година, рече Курц за телевизијата Ое24. Тој посочи дека не видел „голема кавга“ во рамките на владејачката […]

Царовска во Гази Баба: Навреме се поделени учебниците


Училиштата интензивно се подготвуваат за новата учебна година. Тоа е процес кој е започнат уште поодамна, така што очекувам да бидат целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и за непречена реализација на квалитетна настава во која воведуваме низа реформи годинава. Внимаваме и мора да внимаваме на сé, а особено да бидеме одговорни […]

Бајден забрани иселување за време на пандемијата, Врховниот суд ја поништи неговата одлука


САД – Врховниот суд на САД го укина мораториумот за иселување што Владата на претседателот Џо Бајден го воведе во областите погодени од пандемијата на Ковид-19, поради што Белата куќа изрази жалење и повика на „итна“ акција. Врховниот суд ја прифати жалбата на Здружението на издавачи на станови и агенти за недвижности кои бараа да се укине […]

Хрватскиот БДП се вивна рекордни 16,1 отсто во вториот квартал


Хрватската економија порасна за 16,1 проценти на годишно ниво во вториот квартал, прв раст по четири квартали пад, најголем од 1996 година, од кога Државниот завод за статистика (ДЗС) ги следи податоците. ДЗС во петокот ја објави првата процена дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 16,1 отсто во последниот квартал во однос на истиот […]

Берлускони повторно примен во болница


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, објави неименуван извор од неговата партија Форца Италија. Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелно клиничко испитување“, без да даде детали. Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември […]

За викендот умерено облачно со повремен дожд


Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, еден литар на единица површина. УХМР најавува дека попладнево во планинските подрачја се можни услови за краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 26 до […]

Реконструирана улицата „Париска“ во Карпош со средства од Проектот за поврзување на локални патишта


Со средства обезбедени преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта денеска завршува реконструкцијата на улицата „Париска“ во населбата Тафталиџе 1 во Општина Карпош. За оваа улица инвестирани се осум милиони денари, а реконструиран е коловозот и поставени се сливници со цел да нема проблеми при врнежите од дожд. – Се работи за реконструкција […]

Подгорица домаќин на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан


Во тек е регистрацијата за Дигиталниот самит на економиите на Западен Балкан (ЗБ6), што ќе се одржи во Црна Гора од 11 до 13 октомври, соопшти црногорското Министерство за јавна администрација. Како што соопштуваат од Министерството, на самитот ќе бидат разменети добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација и ќе се дефинираат идните […]

ДОМ и ЛДП: Марковска е непартиски кандидат, човек кој ќе ги обедини граѓаните 


Граѓанското движење на ЛДП и ДОМ денес ја промовира кандидатурата на Ѓулистана Марковска, за градоначалник на Кисела Вода. -Таа е првата жена кандидат за градоначалник во Кисела Вода на овие избори и првата жена кандидат во скопските општини предложени од политичка партија. Граѓанското движење на ЛДП и ДОМ на дело покажува дека води смета за […]

Царовска: Комисијата за заразни болести го разгледува барањето на Тетово за онлајн настава


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, за учебната година таму да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците. – Во координација сме со градоначалничката на Општина Тетово и ние и Министерството за здравство. Сабајлево […]

Германската издавачка куќа Аксел Спрингер го купува Политико


Германската издавачка куќа Аксел Спрингер соопшти дека ќе ја купи американската медиумска компанија Политико, со што ја проширува својата глобална мрежа на дигитални информативни медиуми. Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико. Договорот предвидува германската компанија да […]

Бочварски: Капиталните инвестиции растат, се очекува 80 проценти реализација


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не се согласува со тврдењето дека реализацијата на капиталните инвестиции е ниска. Очекува капиталните инвестиции да растат бидејќи сега е период на градежни активности и на крајот на годината на ниво на држава да има 80 проценти реализација. – Во транспорт и врски имаме добро темпо на реализација […]

НБ: Финансискиот сектор добро се справува со ризиците од корона-кризата


Покрај редовниот макрострес-тест, за првпат беше спроведено и сеопфатно и конзистентно, индивидуално стрес-тестирање, за секоја банка поединечно   Домашниот финансиски сектор во целина досега добро се справува со ризиците од пандемијата и е подготвен да одговори на предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнувањето на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за стабилноста и […]

Сесии и трибини: Промоција на Скопје 2028- кандидат за Европска престолнина на културата


Тимот на СКОПЈЕ 2028 во соработка со градот Скопје и фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел од денес почнува со реализација на серија на активности за трансфер на знаење, добри практики и вмрежување во полето на културата и развој на кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата. Нивната организација е дел од програмата за […]

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките


Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, а забелешките во наредните денови ќе бидат разгледани од Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски вели дека има простор за дискусија и во Владата и во Собранието. – Ова е закон за којшто вршиме консултации низ транспарентна постапка. Ја помина процедурата на ЕНЕР, се дадоа […]

Почина сопругот на поранешната пратеничка Силвана Бонева


Почина сопругот на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева. Таа утрово преку социјалните мрежи сподели фотографија од својот сопруг Александар под која напиша „почивај во мир либе мое“.  

Талибанците бараат помош од Турција


Официјална Анкара се уште нема донесено одлука за обезбедување техничка помош на талибанците во управувањето со аеродромот во Кабул, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ероган и прецизира дека во тек се разговори за тоа прашање. Турски официјален претставник потврди дека талибанците побарале од Турција техничка помош за управување со аеродромот во Кабул, но со […]

„Здраво млади“ во МКЦ парк


Единаесеттото издание на „Здраво млади“ ќе се одржи вечер во паркот на Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор. На две бини посетитителите ќе можат да ги проследат Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот […]