Без вода корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекин во водоснабдување денеска имаат корисниците од улиците „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочија, е стопирање на стара водоводна мрежа на улица „Емил Зола“. Водоснабдувањето е прекинато во 12.20 и ќе трае до […]

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво


Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос […]

Тамара со прв концерт на Антички : Охрид, уживав


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска синоќа одржа концерт за паметење под отворено небо во охридскиот Антички театар и си го оствари детскиот сон. -Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот. Уникатниот простор, Тодевска со емоциите и енергијата го искористи најдобро што може, приредувајќи незаборавна забава за публиката. Музичкиот настан кој […]

Доделени последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти


Задоволен сум од соработката со ТАВ Македонија и сите општини кои аплицираа за договорите, а плод на ова трипартитно партнерство се вкупно 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон секојдневните реални потреби на граѓаните во вредност од 49,7 милиони евра што во наредниот период ќе се реализираат во 75 општини низ  целата земја, порача […]

Груби: Со употребата на албанскиот јазик не загуби никој, а се добија полојални граѓани


Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците. Напроти,в се добија многу полојални заедници, многу полојални […]

Османи: Штом се формира влада во Софија интензивно ќе се ангажираме за пробив уште во септември


 Откако ќе се формира новата Влада во Софија, после 15 август ќе се интензивираат разговорите со цел да се направи евентуален пробив уште во септември, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Бугарија. – Можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Доколку има политичка волја да […]

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”


На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди. Во сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со […]

Изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит […]

Претседателот на Израел прими трета доза вакцина против Ковид-19


Израел-Претседателот на Израел, Јицак Херцог и неговата сопруга Михал денеска меѓу првите примија трета доза од вакцината против Ковид-19, откако синоќа беше најавено дека еврејската држава прва во светот ќе ги имунизира лицата над 60 години со трета доза. Одлуката за третата доза е донесена во екот на напорите да се запре најновиот бран на […]

Со 2,5 милиони евра ќе се поттикнува претприемништвото кај Ромите


Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг Фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, […]

Заев: Со Касами се согласивме партнерството во коалицијата да продолжи и на локалните избори


Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсубук најави дека партнерството со БЕСА ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на БЕСА Билал Касами. -Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно […]

Повик до стечајните работници да се пријават за надомест ако ги исполнуваат новите законски услови


Министерството за труд и социјална политика ги повикува стечајните работници кои ги исполнуваат условите за добивање надомест согласно со новиот Закон за стечајци, што беше изгласан вчера во Собранието, да се пријават во Агенцијата за вработување во рок од 30 дена. Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со […]

На Табановце и Богородица за излез од државата се чека еден час


На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, за излез од државата се чека по еден час, а на Ќафасан 15 минути. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Олимпијадата во Токио


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио во сингл конкуренција. Србинот денес загуби од Германецот Александар Зверев во полуфиналниот меч со 2:1. Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:1, а потоа Зверев беше поуспешен со 6:3 и 6:1. Во финалето Зверев ќе игра против Русинот, Карен […]

Возачи избегале откако удриле во пешак и велосипедист, пешакот почина


  Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје, со автомобил ббиле удрени пешак и велосипедист. Пешакот, подоцна починал во болница. Имено, ноќеска, 55 минути по полноч, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со […]

Земјите од регионот на прагот на демографски пропаст


Земјите од регионот веќе немаат време во напорите да го запрат демографскиот пад. Сериозни чекори на сите нивоа мораа да бидат иницирани, бидејќи сите општествени процеси се доведени во состојба на напнатост и веќе утре може да доведат до целосен демографски колапс. Со следење на податоците за природниот прираст во Црна Гора, утврдено е дека […]

Португалец протеран од Србија завршил во Свети Николе


Во четвртокот, во 21.55 часот на патот Куманово-Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле В.Д.(50), поради тоа што не поседувал документи за идентификација. По негово кажување тој е државјанин на Португалија, но поради нелегален престој бил протеран од Република Србија. Поради сторен прекршок по член 9 став 1 од Законот за […]

„Бог е жена“: Аријана Гранде го лансираше првиот „чист“ парфем


САД-Ако се обидувате да раскинете со вашиот мирис затоа што ви е здодевно, или можеби само сакате да пробате нешто ново, Аријана Гранде штотуку го лансираше својот прв „чист“ мирис наречен „Бог е жена“ (God is a Woman). И тој е толку добар, ќе ве натера да кажете „Благодарам, следен“ на сегашниот мирис. Парфемот првиот […]

Демонстрант од Хонгконг осуден според Законот за национална безбедност


 Продемократски демонстрант денеска е осуден на девет години затвор, што е прва пресуда според законот за национална безбедност во Хонгконг, со кој Пекинг ја зајакнува контролата над таа територија. Тонг Линг-кит беше осуден за тероризам и поттикнување сецесија, бидејќи со мотор налета на припадници на полициските сили за време на протестите на 1 јули 2020 […]

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР


Судискиот комитет на Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) побара од ФИФА да направи две значајни измени во протоколот со кој се регулираат условите за работа на видео-судиите. Првата се однесува на времето на одигрување на натпреварот. Предложено е да се запре играта кога ќе интервенираат видео асистенти, а судијата ќе го провери видеото. Честопати […]