Јужна Кореја потврди нов дневен рекорден број на заразени со Ковид-19


Јужна Кореја вчера регистрира рекорден дневен број од 1.784 нови случаи на Ковид-19 и го надмина рекордот од минатата недела поради брзото ширење на делта мутацијата на коронавирусот, објави денеска Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).   Анализата извршена минатата недела на 2.381 случај на инфекција утврди дека во речиси 40 проценти […]

Анастасова: БСП нема да го поддржи предлогот на „Има таков народ” за претседател на бугарскиот Парламент


Ирена Анастасова од Бугарската социјалистичка партија на влезот во Националното собрание за БНТ изјави дека овој пат нивната партија нема да го поддржи предлогот на партијата „Има таков народ“ за претседател на парламентот. БСП ќе го номинира Кристијан Вигенин за претседател на 46. Национално собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Анастасаова изрази […]

Адетокунбо: Можев да одам во супер тим, но го избрав потешкиот пат до титулата


Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо, ги искажа своите впечатоци по освојување на својата прва титула во кариерата. -Можев да одам во супер тим и да станам шампион само со тоа што ќе се појавам во тимот. Но, јас го избрав потешкиот пат до титулата. Ова е патот по кој сите поминавме заедно. И ние […]

Милвоки по втор пат во клупската историја ја освои шампионската титула во НБА


Екипата на Милвоки бакс рано утрово го победи Феникс санс на домашен терен со 105:98 и го освои шампионскиот трофеј во НБА-лигата. Најзаслужен за триумфот на Бакс во шестиот меч од финалната серија е Јанис Адетокунбо кој постигна 50 поени и 14 скока. Кај гостите најпродуктивни кошаркари беа Крис Пол со 26 и Девин Букер […]

Тедрос: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од Делта


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта. – Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во […]

Ослободени над 100 киднапирани жени и деца во Нигерија


Властите во северозападниот дел на Нигерија соопштија дека ослободиле повеќе од 100 жени и деца, главно мајки со доенчиња, кои биле киднапирани од разбојници. Групата била киднапирана на 8 јуни во државата Замфара. За време на инцидентот загинале четири лица. Властите во Замфара соопштија дека групата е ослободена без плаќање откуп и не дадоа дополнителни […]

Си Џинпинг: Поплавите во Кина се „исклучително тешки“


Кинескиот претседател Си Џинпинг како „исклучително тешки“ ги опиша катастрофалните поплави со смртни последици во провинцијата Хенан, во централна Кина, јавија државните медиуми. Како резултат на дождовите, некои брани се пукнати, а реките се излеаја од нивните корита. -Поплавите однесоа животи и предизвикаа материјална штета. Ситуацијата со контролата на поплавите е исклучително тешка, рече кинескиот […]

Социјалните стипендии за студентите зголемени 100 проценти


Социјалните стипендии за студентите се зголемуваат за 100 проценти односно од 3.000 на 6.050. Ученичките стипендии, пак, кои се движеа од 2.000 до 2.900, сега се усогласени на 3.500 денари. За студентите од природните науки – хемија, физика и математика, стипендиите ќе бидат18.000 денари поради тоа што се дефицитарни, изјави министерката за образование и наука […]

САД и Германија постигнаа начелен договор за гасоводот „Северен тек 2“


Вашингтон и Берлин постигнаа принципиелен договор за контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, според кој САД ќе дозволат овој проект да заврши без да воведат нови санкции за Германија и Русија. Според помошниците на членовите на американскиот Конгрес, кои се запознати со нацрт-договорот, САД и Германија за возврат ќе направат одредени отстапки кон Украина и Полска, […]

На програмата на „Охридско лето“ концерт на виончелистот Кирил Родин и пијанистката Жени Захариева


Десеттиот ден од фестивалската програма на „Охридско лето“ нуди уште едно музичко доживување, со концертот на рускиот виончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева. Кирил Родин е роден во Москва, учи во музичката школа „Гнесин“ по што следат студиите на Московскиот конзерваториум во класата на Наталија Шаховскаја. Во 1984 и 1986 година е добитник […]

Пандемијата им одзеде родител или старател на 1,5 милиона деца низ светот


Од март 2020 година до април годинава околу 1,5 милиони деца ширум светот изгубиле барем еден родител или старател поради пандемијата со Ковид-19, покажува најновото истражување на тим истражувачи од „Имеријал колеџ“ во Лондон, предводени од Сет Флаксман, кои до оваа бројка дојдоа создавајќи математички модел со помош на податоци за наталитетот и морталитетот од […]

Европската комисија изрази загриженост за владеењето на правото во Словенија


Европската комисија (ЕК) изрази загриженост во врска со некои аспекти на владеењето на правото во Словенија, која во моментов претседава со ЕУ, а опозицијата тврди дека ситуацијата во земјата под власт на премиерот Јанез Јанша е влошена.   Во Извештајот за владеењето на правото во Европската унија се истакнува доцнењето на Словенија во процесот на […]

На Табановце и Богородица за влез и излез се чека 45 минути


На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се […]

Прва седница на новоизбраниот бугарски парламент


Денеска ќе се оддржи првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент по предвремените парламентарни избори, што се спроведоа на 11 јули, јави дописникот на МИА од Софија. Мика Зајкова, која е најстара пратеничка, ќе претседава со 46-тото Национално собрание, по што заклетва ќе положат 240-те пратеници и ќе се интонираат химните на Бугарија и на Европската […]

Во обилни дождови во централна Кина 12 загинати (видео)


Дванаесет лица загинаа во обилните дождови во главниот град на централната кинеска провинција Хенан, а околу 100.000 жители на покраината мораа да бидат евакуирани во безбедни области, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Метеоролошките служби на провинцијата Хенан и градот Женгжу ја подигнаа подготвеноста на службите за катастрофи на ниво 1, а прогнозите предвидуваат дека […]

Кога ќе се одржат локалните избори – Заев предлага на 31 октомври, опозицијата не сака одложување


Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Ова практично би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот на Собранието Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало […]

Сè уште сме далеку од колективен имунитет – една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните


За да се постигне колективен имунитет на населението треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓаните. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека поради тоа постојано се упатуваат апели и се спроведуваат кампањи со цел да се покрена свеста на населението за потребата од вакцина. – Треба да се постигне колективен имунитет од 80 […]

Новите инфекции во Франција се зголемија за 150 насто за една недела


Новите инфекции во Франција се зголемуваат со невидена брзина како резултат на варијантата Делта, откако беа пријавени 18.000 случаи за претходните 24 часа, пренесува агенцијата Франс прес (АФП), повикувајќи се на министерот за здравство Оливие Веран. Обраќајќи му се на францускиот парламент, тој рече: Тоа значи дека имаме зголемување на ширењето на вирусот за околу […]

Шефот на инаугуративниот комитет на Трамп уапсен поради шпионажа за Емиратите


Претседавачот на инаугуративниот комитет на поранешниот претседател Доналд Трамп за 2017 година беше уапсен под обвинение дека влијаел врз надворешно-политичките позиции на Трамп за да им користи на Обединетите Арапски Емирати и да изврши криминали што удираат „во срцето на нашата демократија“. Том Барак, 74, од Санта Моника, Калифорнија, беше меѓу тројцата обвинети во федералниот […]

Италијанската Серија А забрани зелени дресови, пречеле при ТВ преносите


Италијанската Серија А им забрани на прволигашките клубови да изберат зелена комбинација на нивните дресови за новата сезона. Одлуката, како што пренесува денеска Би-Си-Си, подразбира забрана клубовите да промовираат дресови во зелена боја, а исклучок се екипите кои традиционално настапуваат во зелени дресови на домашен терен. Раководството на италијанската Прва фудбалска лига ја донесе одлуката […]