Извозот со раст од 29 отсто во првиот квартал, увозот 24,6 отсто


Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 2.002.586 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во […]

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Нема зијан од дијалог


 Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати. –Сето ова […]

Заев бара да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните


 Општините кои имаа капацитет да обезбедат инфраструктура, сали и слично веќе ги отворија регионалните центри за вакцинација против Ковид-19, истакна премиерот Зоран Заев, но апелираше и до другите градоначалници, советници и општински власти да направат дополнителни напори за отворање  на други регионални центри, за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште […]

Гнев во Романија: Принцот од Лихтенштајн ја убил најголемата мечка во земјата


Еколошките групи тврдат дека принцот Емануел фон унд цу Лихтенштајн ја убил мечката Артур во заштитено подрачје   Еколошките групи обвинија принц од кралското семејство на Лихтенштајн дека ја убил најголемата мечка во Романија, што е во спротивност со забраната за лов на трофеи на големи месојади. Романската невладина организација „Агент грин“ и австриската невладина […]

На инфективните одделенија се лекуваат 926 пациенти со Ковид-19


Вкупно 926 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 800 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

ДКСК од Народна банка добила документ за кинеските вакцини


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е при крај со предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19 и има информации што не се се уште целосни. Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја […]

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата


Државниот архив на Република Северна Македонија и државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија заедно ќе објават збирка документи и писма на некои историски значајни личности од илинденскиот период што ги поседуваат, меѓу кои и од  Гоце Делчев од кого нашиот Архив има 33 оригинални писма. Во план е и уште еден заеднички проект –  објавување […]

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 19 мај


Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 19 мај откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од одбраната. За следното рочиште одбраната треба да ги обезбеди останатите предложени писмени докази, а ќе бидат повикани и сведоците Нина Старделова, Стефан Богоев и […]

Брнз: Македонија направи чекор напред со Преспанскиот договор и НАТО, но тој чекор мора да се одржува


 Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува. – Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината […]

Пари и бонови на тие што се вакцинираат во Белград


Во трговскиот центар Ушќе во Белград денеска беше отворен пункт за вакцинирање, сите што сакаат може да се вакцинираат без најава, а може и да избираат од достапните вакцини. Првите 100 добиваат и подароци, пишува Блиц.За дополнително мотивирање на граѓаните, оние што ќе се вакцинираат денес, утре и в сабота ќе добијат подароци. Така, денес, […]

Јацек Олчак, нов генерален директор на „Филип Морис Интернешнл“


На годишното акционерско собрание што се одржа на 5 мај 2021 година за нов генерален директор на Филип Морис Интернешнл (ФМИ) назначен е Јацек Олчак, кој досега ја извршуваше функцијата Главен оперативен директор. Истовремено Олчак е избран и за член на Управниот одбор. Досегашниот извршен директор Андре Каланцопулос, кој ја извршуваше таа позиција од 2013 […]

Се изведуваат докази на судењето за „Меѓународен сојуз“


Со изведување на материјални докази предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. Во однос […]

ВМРО-ДПМНЕ се „крсти“ во Пендаровски


Очекуваме дека уставобранителите конечно ќе добијат можност да ја докажат својата невиност, вели претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски за очекувањата од средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот  Стево Пендаровски. Нелоски исто така потенцираше дека време е Зоран Заев да ги тргне рацете од обвинителството  и судството за да може […]

Стапката на наталитет во САД падна за четири отсто на најниската точка досега


Стапката на наталитет во САД падна шеста последователна година во 2020 година, со најмал број родени бебиња од 1979 година. Според најновиот извештај, приближно 3,6 милиони бебиња се родени во Соединетите Американски Држави во 2020 година, што е за четири проценти помалку од претходната година, утврди Националниот центар за здравствена статистика при американскиот Центар за […]

Бесими: Kапиталните расходи во првиот квартал подобри од лани за 51,5 отсто, од 1 април се применува и механизмот КАПЕФ


Реализацијата на капиталите расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на […]

(Фото) Заев се вакцинираше со кинеската „Синофарм“


Премиерот Зоран Заев денеска ја прими првата доза од вакцината на кинески „Синофарм“, во пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски”. Вели дека не ја бирал вакцината. „Ја примив првата доза од ‘Синофарм’. Таа беше на ред, јас не бирав“, рече Заев додавајќи дека очекува до почетокот на летото голем број граѓани да бидат […]

УСАИД ќе ѝ помогне на земјава во јакнење на економската конкурентност и намалување на корупцијата


Со 8,3 милиони долари, УСАИД ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава. За таа цел, денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Договорот беше потпишан од страна […]

Битиќи – Кундурос: Економската соработка помеѓу Северна Македонија и Грција е на високо ниво, голем потенцијал во енергетскиот сектор


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Грција во земјава, Русос Кундурос, со кого разговараа за актуелни теми поврзани со економијата, економската соработка помеѓу двете држави и активностите на Република Северна Македонија поврзани со интеграцијата во ЕУ. Вицепремиерот Битиќи, како што соопшти […]

Мартенс: Новите инвестиции ќе го зголемат извозот од С. Македонија во Германија


Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, смета дека новите инвестиции кои ги најавија компаниите во економските зони, ќе придонессат да се зголеми извозот од Северна Македонија во Германија. „Сметам дека најавените инвестиции, во првите пет месеци од оваа година, на Костал, Дрекслермајер и Гересхајмер се првите показатели дека ќе има зголемување на извозот […]

Започна новиот циклус бесплатни обуки во Тренинг центарот на Рудник САСА


Единаесет млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството, преку обуката која во следните три месеци ќе ја посетуваат во Тренинг центарот на Рудник САСА. Обуката се одвива со физичко присуство, со почитување на сите безбедносни протоколи и превентивни мерки за заштита […]